Вести од Грција

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Па затоа има посебна тема: Вести од Грција. :tv:
После ќе ме криват дека сум антимакедонист
Грков бил пијан гарант

Ај доста се заебавам ја спојувам темава пошто човекот кој ги давал изјавите е :

1) Нацист
2) не е со сите
3) нелереватна личност во политиката на Грција
4) нема смисла
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.376
Поени од реакции
5.011
После ќе ме криват дека сум антимакедонист
Грков бил пијан гарант
Проблемо е шо ептен замараат со Грците... овој рекол вака, оној онака.... а бе остајте ги нека велат шо сакаат и онака провоцираат... малку е од сите телевизии и весници само тролаат: ЕУ, НАТО, Грција, името, ЕУ, НАТО, Грција, името, ЕУ, НАТО, Грција, името... преку ку**в веќе...
 
H

HITCH

Гостин
После ќе ме криват дека сум антимакедонист
Грков бил пијан гарант
Си го сменил насловот на темава! Немој да се правиш паметен, ќе биде одделена Македонска дијаспора од свет и случување, АМАН почекај!

Плус, администраторите треба да ти соопштат дека си модератор на МАКЕДОНСКИ форум! Немаш право ни ти ни било кој да си играте со насловите на темиве.
АЛО АЦИД, СПИЕШ БРАТ!
 

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Си го сменил насловот на темава! Немој да се правиш паметен, ќе биде одделена Македонска дијаспора од свет и случување, АМАН почекај!

Плус, администраторите треба да ти соопштат дека си модератор на МАКЕДОНСКИ форум! Немаш право ни ти ни било кој да си играте со насловите на темиве.
АЛО АЦИД, СПИЕШ БРАТ!
Кажи ми ја смислата на спојување на Македонија и Грција како предлог ?
ВООПШТО?

Било кој да го чита овој предлог за што и да кажал (пијан) гркот ќе умре од смеа
 
H

HITCH

Гостин
Кажи ми ја смислата на спојување на Македонија и Грција како предлог ?
ВООПШТО?
Многу добро ти е познато моето мислење за твоето спојување на теми. Повторно консултирај се со АДМИНИСТРАТОРИТЕ за твоиве одлуки! :smir: А за преименувањето немој да ме тераш да почнам да зборувам, оти нема да има крај. Нема смисла муабетов да тера понатаму, консултирај се со Ацид пред да спојуваш!
 

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Многу добро ти е познато моето мислење за твоето спојување на теми. Повторно консултирај се со АДМИНИСТРАТОРИТЕ за твоиве одлуки! :smir: А за преименувањето немој да ме тераш да почнам да зборувам, оти нема да има крај. Нема смисла муабетов да тера понатаму, консултирај се со Ацид пред да спојуваш!
Преименуван е оригиналниот пост назад по желба, администраторите ни дале алатки за спојување теми со причина . Не чепкам теми кои имаат смисла ама ова стварно е смешно и нема смисла да оди како посебна тема освен ако не сакаш у чда да ја ставам
 
Член од
7 јануари 2011
Мислења
57
Поени од реакции
10
Македонија и Грција ОБЕДИНЕТИ !!!!!!

Обединување на Македонија и Грција во една земја со два различни Парламента – предлага претседателот на Институтот за меѓу балкански односи.

http://www.time.mk/read/NONE/3b208e674f/index.html

погледнете го и видеото

Талис Милонас, коментирајќи ја актуелната ситуација во регионот вели дека на Македонија и се заканува опасност од Албанците од Косово кои сакаат да го земат западниот дел од земјата, но и од Бугарија која со издавањето пасоши на македонски државјани има територијални претензии.

-Да се обедини со Грција и да има дума, еден заеднички Парламент. Остануваат Парламентите од едната и од другата страна и да има еден централен парламент од Скопјани и Грци, а да постои една држава. Во основа ќе биде една држава со два различни парламенти. Заедно со Грција ќе влезете во НАТО, ќе влезете во Европската Унија, тоа ќе се случи веднаш.

Затоа што сега, кој знае дали некогаш ќе влезете. А обединети со Грција, под една заедничка дума, но со автономија, може најдобро да се решат сите проблеми, затоа што на крај ќе останете сами, вели Талис Милонас, претседател на Институтот за меѓубалкански односи.

Експертот Милонас смета дека терминот Македонија треба ексклузивно да и припаѓа на Грција, а сложеното име за кое официјално се согласува Грција може да наиде на реакции од народот.

-Грчката влада вели дека може да прифати сложено име со терминот Македонија.

-Мислам дека накрај нема да се осмели да го направи тоа. Може да го
кажува, но нема да има храброст да го направи.

- Сметате дека...

- Ќе се дигне народот. Може владата не застапува 100% од народот, ниту 50 %, а мнозинството од грчкиот народот е против.

Институтот за меѓубалкански односи постои повеќе од 20 години, познат е од Организацијата на обединетите нации, а а има за цел приближување на земјите од Балканот и нивна потесна соработка во сите области.
 
Член од
25 јануари 2011
Мислења
505
Поени од реакции
216
Па даже и бугари не се факаат и не мислат за вакви наивни работи. :pos2: Баба ми велеши - грк и на магаре да стане,да не му се фаташ на ума.
Видите го човекот,тоj от времето на андартите... нормално да сонува и да лупа глупости.
fmi и моjaтa велеше исто: "Гр'к магаре да стане, да не му се качиш"
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034
<H1>Берлин гневен на Папандреу</H1>

Шефот на германската дипломатија Гвидо Вестервеле изјави дека никако не може да го разбере потегот на владата во Атина, која го поддржа барањето за наплата на компензација за жртвите и преживеаните од масакрот на нацистичката војска во 1944 година

Берлин и Атина повторно разменија остри тонови, откако владата на премиерот Јоргос Папандреу го поддржа барањето за наплата на компензација од Германија на роднините на 218 грчки жртви и преживеаните од масакрот на германската нацистичка војска во март 1944 година, во селото Дистомо, пишува „Обсервер“.

Досега ниту една од претходните грчки влади не се осмели да го покрене ова прашање, не сакајќи да дојде во судир со Германија. Решението на сегашната влада на ПАСОК да бара нова компензација за злосторство извршено пред повеќе од 60 години, според лондонскиот неделник, ќе предизвика натамошно влошување на и онака лошите билатерални односи меѓу двете земји од ЕУ и од еврозоната.

Во изјавата за „Обсервер“, грчкиот премиер нагласил дека во барањето за компензација за злосторствата на нацистите, нема ништо антигерманско и дека станува збор за историјата и за правото на луѓето кои биле жртвувани за нивната земја. Владата во Атина го поддржа и барањето против Германија да биде поднесена тужба пред Меѓународниот суд на правдата, за да се наплати компензацијата.

Германскиот министер за надворешни работи Гвидо Вестервеле налутено реагирал на решението на грчката влада, изјавувајќи дека Берлин никако не може да го разбере овој потег на владата во Атина. Тој нагласил дека ако дојде до судење пред Меѓународниот суд, Германците нема да го загубат спорот. Владата на Меркел смета дека прашањето околу компензацијата за масакрот од 1944 година е разрешено уште во 1960 година, со договорот за исплата на штета меѓу двете влади. Тогаш германската влада има исплатено отштета од денешни 60 милиони евра, но сега Грција бара отштета од 165 милиони евра.

Германската влада и канцеларката Ангела Меркел неколкупати досега остро ја критикуваа Грција за неразумното трошење и за огромниот долг што е создаден во земјата, поради кој ЕУ и ММФ мораа итно да интервенираат со 110 милијарди евра за спасување на грчката држава од банкрот и на еврото од целосно пропаѓање, при што Германија беше земјата која даде најмногу пари. Меркел на еден од претходните самити на ЕУ се судри јавно со Папандреу кога побара земјите од еврозоната што ја спасуваа Грција да имаат увид во тоа како земјата ги троши парите и како се однесува, доколку сака да биде дел од монетарната унија, што грчкиот премиер го оквалификува како ограничување на демократијата

Рани куче да те лае.
Само нека продолжат они сами да си ја копаат дупката......

--- надополнето ---

ММФ и порачува на Грција да продава имот, Атина не се согласува

Продавајте пристаништата, плажи, банки, грчката електро дистрибуција и други државни недвижности за да го отплатите долгот – ова претставниците на ММФ, Европската унија и Европската централна банка и го порачаа на Грција.

Тие соопштија дека грчката влада се согласила на приватизација на државни имоти во вредност од 50 милијарди евра до 2015та.

-Целта е целосна приватизација во висина од 50 милијарди евра за периодот 2011-2015, од кои барем 15 милијарди евра во 2011-2012, вели Сервас Дерус, претставник на ЕУ.

Оваа изјава го изненади грчкиот премиер, но предизвика и реакции во внатрешноста на земјата. Имаме потреба, но имаме и граници, ова е неприфатливо беше одговорот на Папандреу.

-Побаравме да ни помогнат и ги исполнуваме во целост нашите обврски, но не побаравме од никој да се меша во внатрешните работи на земјат, додаде грчкиот премиер.

-Жал ни е за погрешните впечатоци, одговорија претставниците на Тројката, по реакцијата на Папандреу.

Тие доцна синоќа соопштија дека Грција е на добар пат. Сепак Сервас Дерус, претставникот на ЕУ за Грција во интервјуто за весникот Вима, останува на ставот дека Грција треба да продава државни имоти.

Ваквиот развој на настаните повторно ги подгреа гласините за предвремени избори. Се шпекулира и со датуми, 3 април, веднаш по завршувањето на мартовскиот ЕУ самит.

Според последните анкети на јавното мислење владејачката ПАСОК останува на прво место со поддршка од 38%, а опозициската Неа Димократија 8% помалку, односно 30%.

Заборавиле дека го дадоа газот под кирија.
Тек сега им почнува "транзиција" :D
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
СПОРЕД ВЕСНИКОТ "ЕЛЕФТЕРОС ТИПОС"

Грција ќе продава острови за да го покрие долгот



Грчкиот премиер Јоргос Папандреу распишува оглас за продажба на 598 острови, пишува грчкиот весник "Елефтерос типос".

Весникот се повикува на истражувањето на Институтот за стратешки истражувања, кој во ноември лани разоткрил план за продажба на карпести острови во Егејското и Јонското Море.

- Планирано е освен острови да се продаваат и нафтени наоѓалишта и автопати. Кабинетот ќе се откаже и од акциите на државните банки и сметките на претпријатијата со државно учество - додава "Елефтерос типос".

Весникот пишува дека продажбата е објавена, откако инспекторите на Европската унија и на Меѓународниот монетарен фонд побараа од Атина да почне со програмата за приватизација на државниот имот, со која е предвидено да бидат собрани 50 милијарди евра.

Инспекторите нагласија дека Грција треба да ги заработи овие пари од приватизацијата до 2015 година и напоменаа оти е потребно следните неколку месеци да се забрза спроведувањето на структурните реформи за да се стабилизираат финансиите на државата.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=D4CC19EC7D925B48BF19B36C4D83F218
 
Член од
30 август 2008
Мислења
2.232
Поени од реакции
286
Grcka ekonomija uste malce kako bugarskata ekonomija ke stane..):):)

A mozebi i po loso..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom