Вести, настани и гласини поврзани со игри

Член од
16 ноември 2009
Мислења
299
Поени од реакции
86
Закон вест за сите RPG мераклии.

CD Project Red, девелоперите на The Witcher, отвориле работни места за две нови RPG IP-a.

Најубавото е што немаат влијание од големи издавачи како EA или Activision, и сигурно нема да видиме симплифициран гејмплеј како што го имаат поновите RPG-а што испаднаа последниве две години.
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Еве една работа што ја напишав за Diablo и за нашето играчко општество.
Од друг агол: Diablo III во МКД – „старците“ фрлаа пари, децата отсутни

Денес, веднаш по полноќ, кај нас започна продажбата на Diablo III. Поминав таму и забележав некои работи, не само околу играва, туку и за целата играчка култура, посебно за македонската.
[...]
 

-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
Еве една работа што ја напишав за Diablo и за нашето играчко општество.
Од друг агол: Diablo III во МКД – „старците“ фрлаа пари, децата отсутни
Сите игри кај нас (а и во цела европа) се со иста/слична цена како и официјалната, или поточно, цел во цел свет цените на игрите се тука некаде, околу официјалната
освен ете, во Русија. И не споредуваш со русите, малку нелогично ми доаѓа.
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Сите игри кај нас (а и во цела европа) се со иста/слична цена како и официјалната, или поточно, цел во цел свет цените на игрите се тука некаде, околу официјалната
освен ете, во Русија. И не споредуваш со русите, малку нелогично ми доаѓа.
Не е баш така, различни се. Австралија со Нов Зеланд, Бразил имаат различни цени од европските и американските и тоа повисоки. Кај првите незнам точно зошто, кај вторите заради преголемите даноци. И во други држава има други цени.

А оправдувања да бараме не бива. Сега е вака ама може да биде подобро и јас викам да се најди решението. Знаеш што може да се направи. Самите ние да им кажеме на трговциве за проблемот.

А да, ќе можеш ли коментарите во поврзани со статијата да ги оставаш таму на сајтот, да биде се во едно.
 

-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
Не е баш така, различни се. Австралија со Нов Зеланд, Бразил имаат различни цени од европските и американските и тоа повисоки. Кај првите незнам точно зошто, кај вторите заради преголемите даноци. И во други држава има други цени.

А оправдувања да бараме не бива. Сега е вака ама може да биде подобро и јас викам да се најди решението. Знаеш што може да се направи. Самите ние да им кажеме на трговциве за проблемот.

И ќе можеш ли коментарите во поврзани со статијата да ги оставаш таму на сајтот, да биде се во едно.
Done.

Инаку, реално гледано, ги “заболе“ за нас зашто во америка е пазарот, тмау 50-60 долари се дневница.
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445

Игра од наши дечки , повеќе на линкот во youtube описот. Изгледа ветувачки.
Како ги најде дечкиве? Ги знеш ли? Кажи ми се што знаеш за нив :D.
Овде или во ПП, сеедно.
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.154
Поени од реакции
5.922
На повеќе портали прочитав дека Serious Sam HD: The Second Encounter Multiplayer од 15ти мај ќе биде Free 2 Play. Ама на Steam сеуште има цена (моментално е на попуст и се продава за 5 евра).

Некој да не знае нешто повеќе?
 

Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
10.042
Поени од реакции
6.070
До каде е GTA V? :) Последно што знам е официјалниот трејлер, и тоа е тоа.:unsure:
Пред некој ден излезе неофицијална вест според Amazon дека играта ќе излезе во декември.
Ме мрзи да го барам неофицијалниот извор. Како и да е, ваљда повеќе ќе се знае за време на Е3.
Февруари или март се појави вест која гласеше дека повеќе вести за ГТА 5 ќе има за неколку месеци. Горе доле, тоа би значело дека би се појавиле вести за време на Е3(можеби малку пред или брзо после завршувањето на Е3).
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
На повеќе портали прочитав дека Serious Sam HD: The Second Encounter Multiplayer од 15ти мај ќе биде Free 2 Play. Ама на Steam сеуште има цена (моментално е на попуст и се продава за 5 евра).

Некој да не знае нешто повеќе?
Така е, само мрежната игра е бесплатна.

На Стим симни го демото, веројатно ќе работи преку него.
 
Член од
7 април 2012
Мислења
1.130
Поени од реакции
1.510
Пред некој ден излезе неофицијална вест според Amazon дека играта ќе излезе во декември.
Ме мрзи да го барам неофицијалниот извор. Како и да е, ваљда повеќе ќе се знае за време на Е3.
Февруари или март се појави вест која гласеше дека повеќе вести за ГТА 5 ќе има за неколку месеци. Горе доле, тоа би значело дека би се појавиле вести за време на Е3(можеби малку пред или брзо после завршувањето на Е3).
Rockstar нема да одат на E3. Значи нема да видиме ни гејмплеј, ни нови информации. Јас очекувам да ја отркијат датата Јули-Август и таман ќе имаат време за рекламации и промоции до крајот на 2012/Почетокот на 2013.
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.559
Поени од реакции
2.524
http://www.joystiq.com/2012/05/23/shadow-of-the-colossus-film-is-still-a-thing-chronicle-director/
Ќе прават филм според Shadow Of The Colossus :vozbud: а режисер ќе биде овој од Кроникл :cautious: Кој не ја играл не знае што пропуштил, уникатно искуство, не ко денешниве копи-пејст игри. Ако искочи лош филмот ќе му пљукнам на режисеров у лице :icon_mrgr:
 
Член од
16 ноември 2009
Мислења
299
Поени од реакции
86
Хаха, луд е Peter Molyneux.

Само што најави игра наречена Curiosity, и се работи во една соба и во неа се наоѓа една голема црна коцка, која е изградена од голем број на помали црни коцки, играчите преку длета ќе ја кршат коцката (сите играчи ја кршат истата) и првиот што ќе ја искрши ќе му биде откриено нешто “навистина неверојатно, абсолутно уникатно“, но тоа ќе биде откриено само од тој што ќе ја скрши коцката.

Но, после некое време играта ќе има и DLC-a, која што ќе нуди опција да купиш поквалитетно длето, колку е поквалитетно длетото толку поголеми шанси да бидеш првиот што ќе ја скрши коцката и ќе го доживее “уникатнотно искуство“. Најефтиното железно длето ќе чини 59 пени, додека најскапото дијамантско ќе чини 50.000 фунти.

И не Peter Molyneux не се заебава, играта ќе му претставува еден од неговите многу игри експеримени, со оваа ќе се обиде да види колкава е човековата радозналост и дали некој ќе даде 50.000 фунти за има подобри шанси да биден единствениот кој ќе го доживее “феноменалното, уникатно искуство“.

Бајаги кул идеа, една од најдобрите страни на indie девелоперите е баш оваа, немаат притисок од големи издавачи и секогаш можат сами да си реализираат било каков луд проект.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom