Абе брат, мора ли да се хејта Електроник Артс. Ц.Н.Ц практички од ко пости е под Електроник Артс, еден куп насови издале досега, што сакаат ќе прават, ништо не расипале. Најобичен бизнис е тоа.
Единствени франшизи кои Електроник Артс ги превзеле, а сеуште не ги уништиле се The Sims и Need For Speed, а и тие имаат одредени изданија кои се за никаде.
Најновата SimCity која излезе во продажба во 2013 е неуспех претежно поради задолжителната потреба од поврзување со Интернет.
Battlefield започна како воен симулатор со Втора Светска Војна, па Виетнамската војна, па војна на Блискиот Исток, нешто како симулација за војните во Авганистан и во Ирак, па Battlefield 2142 беше симулација на војна во ново ледено доба и до тука играта беше воен симулатор. Но Battlefield 4 е буквално направена за да и конкурира на Call of Duty, станува збор за тотално поинаква видео игра која нема никаква поврзаност со оригиналната Battlefield.
Толку им е тешко да ја преименуваат и да ја продаваат под друго име, наместо да ја прават франшизата Battlefield нешто што не е ?
Судејќи според првите видео клипови од Battlefield 4, можам да кажам дека играта ми делува одлично, но не е во стилот на Battlefield франшизата.
Command & Conquer франшизата ја играм од кога постои, уште од кога ја правеа Westwood Studios и од авион се забележува разликата помеѓу Red Alert 3, нејзиното продолжение Red Alert 3: Uprising и Tiberian Twilight од една страна и Generals, нејзиното продолжение Generals: Zero Hour, Tiberium Wars и нејзиното продолжение Kane's Wrath од друга страна, станува збор за тотално поинакви видео игри.
Ја најавија Command & Conquer: Renegade 2, па ја преименуваа во Command & Conquer: Tiberium и на крајот ја откажаа.
Ја најавија Command & Conquer: Generals 2, па ја преименуваа во Command & Conquer и требаше да исфрлена за бесплатно симнување преку Интернет, бесплатно инсталирање и бесплатно играње оваа есен 2013, а сега ја откажаа.
Не ми е целта да ги хејтам Електроник Артс, ги играм нивните видео игри и сум задоволен од над 80% од нив, но тие помалку од 20% ептен ми наидуваат како сол на отворена рана и не можам да ги поштедам од негативни критики Електроник Артс во такви околности.
Знам дека сето тоа е бизнис, но како обожавател на Command & Conquer морам да кажам дека ова е пример за несериозно сфаќање на франшизата од страна на нејзиниот сопственик.
Ова е нешто слично како што Кока Кола во 1985 година најавија нова формула за популарниот газиран пијалок, па кога потрошувачите се испожалија, веднаш ја вратија старата формула во продажба бидејќи не знаеле дека на потрошувачите нема да им се допадне новиот рецепт.
Некои работи едноставно се направени за да не се менуваат.
Можеш да снимаш серија Џои која ќе биде спин-оф од Пријатели, но Пријатели не ги чепкај, серијата нека си остане доследна на својата приказна и на својот карактер, не мешај баби и жаби, а Електроник Артс очигледно сеуште не ја научиле оваа лекција, ќе треба гејмерите да ги треснат од земја за да си ја научат лекцијата.