Вести, настани и гласини поврзани со игри

Eddard Stark

Lord Snow
Член од
25 ноември 2009
Мислења
1.220
Поени од реакции
2.540
Mafia II или Civ 5 бесплатно, ако гласаш за Golden Joystick Awards.
И ако ви излегува тоа seems like you haven't voted yet на крај, не значи ништо, само треба да се почека да ти го испратат кодот.
 
Член од
16 јануари 2011
Мислења
362
Поени од реакции
127
Mafia II или Civ 5 бесплатно, ако гласаш за Golden Joystick Awards.
И ако ви излегува тоа seems like you haven't voted yet на крај, не значи ништо, само треба да се почека да ти го испратат кодот.
Ти стигна клучот? Кај мене поминаа 24 часа и уште нема ништо...
 

isoffProd

pluskavec
Член од
21 февруари 2011
Мислења
371
Поени од реакции
162
Ти стигна клучот? Кај мене поминаа 24 часа и уште нема ништо...
Јас прееска штом го видов овој пост одма напраив, и веднаш ми стигна.
Прво ми стигна мејл за верификација, а после тоа одма ми стигна клучот.
Знам само дека нешто зафркаваше дур гласав кај Game of the year (мислам), не го покажуваше штикклирано, ама немаше никаков проблем. После тоа стисна submit votes, и ме однесе да си направам акаунт, па пак отидов cast votes, и толку :)
 

Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
10.045
Поени од реакции
6.072
Watch Dogs одложена за Spring 2014.
Првичен датум за излагање на играта беше 22 ноември 2013.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.076
Поени од реакции
12.628
Електроник Артс ја откажаа најновата Command & Conquer, која требаше да биде бесплатно достапна за гејмерите оваа есен 2013.

Не ме изненадува потегот, секоја гејмерска франшиза која била превземена од страна на Електроник Артс на крајот ја имаат уништено.

http://www.ign.com/articles/2013/10/29/command-conquer-and-the-curse-of-the-free-to-play-rts
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Не ме изненадува потегот, секоја гејмерска франшиза која била превземена од страна на Електроник Артс на крајот ја имаат уништено.
Абе брат, мора ли да се хејта Електроник Артс. Ц.Н.Ц практички од ко пости е под Електроник Артс, еден куп насови издале досега, што сакаат ќе прават, ништо не расипале. Најобичен бизнис е тоа.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.076
Поени од реакции
12.628
Абе брат, мора ли да се хејта Електроник Артс. Ц.Н.Ц практички од ко пости е под Електроник Артс, еден куп насови издале досега, што сакаат ќе прават, ништо не расипале. Најобичен бизнис е тоа.
Единствени франшизи кои Електроник Артс ги превзеле, а сеуште не ги уништиле се The Sims и Need For Speed, а и тие имаат одредени изданија кои се за никаде.

Најновата SimCity која излезе во продажба во 2013 е неуспех претежно поради задолжителната потреба од поврзување со Интернет.

Battlefield започна како воен симулатор со Втора Светска Војна, па Виетнамската војна, па војна на Блискиот Исток, нешто како симулација за војните во Авганистан и во Ирак, па Battlefield 2142 беше симулација на војна во ново ледено доба и до тука играта беше воен симулатор. Но Battlefield 4 е буквално направена за да и конкурира на Call of Duty, станува збор за тотално поинаква видео игра која нема никаква поврзаност со оригиналната Battlefield.

Толку им е тешко да ја преименуваат и да ја продаваат под друго име, наместо да ја прават франшизата Battlefield нешто што не е ?

Судејќи според првите видео клипови од Battlefield 4, можам да кажам дека играта ми делува одлично, но не е во стилот на Battlefield франшизата.

Command & Conquer франшизата ја играм од кога постои, уште од кога ја правеа Westwood Studios и од авион се забележува разликата помеѓу Red Alert 3, нејзиното продолжение Red Alert 3: Uprising и Tiberian Twilight од една страна и Generals, нејзиното продолжение Generals: Zero Hour, Tiberium Wars и нејзиното продолжение Kane's Wrath од друга страна, станува збор за тотално поинакви видео игри.

Ја најавија Command & Conquer: Renegade 2, па ја преименуваа во Command & Conquer: Tiberium и на крајот ја откажаа.

Ја најавија Command & Conquer: Generals 2, па ја преименуваа во Command & Conquer и требаше да исфрлена за бесплатно симнување преку Интернет, бесплатно инсталирање и бесплатно играње оваа есен 2013, а сега ја откажаа.

Не ми е целта да ги хејтам Електроник Артс, ги играм нивните видео игри и сум задоволен од над 80% од нив, но тие помалку од 20% ептен ми наидуваат како сол на отворена рана и не можам да ги поштедам од негативни критики Електроник Артс во такви околности.

Знам дека сето тоа е бизнис, но како обожавател на Command & Conquer морам да кажам дека ова е пример за несериозно сфаќање на франшизата од страна на нејзиниот сопственик.

Ова е нешто слично како што Кока Кола во 1985 година најавија нова формула за популарниот газиран пијалок, па кога потрошувачите се испожалија, веднаш ја вратија старата формула во продажба бидејќи не знаеле дека на потрошувачите нема да им се допадне новиот рецепт.

Некои работи едноставно се направени за да не се менуваат.

Можеш да снимаш серија Џои која ќе биде спин-оф од Пријатели, но Пријатели не ги чепкај, серијата нека си остане доследна на својата приказна и на својот карактер, не мешај баби и жаби, а Електроник Артс очигледно сеуште не ја научиле оваа лекција, ќе треба гејмерите да ги треснат од земја за да си ја научат лекцијата.
 

isoffProd

pluskavec
Член од
21 февруари 2011
Мислења
371
Поени од реакции
162
за тоа не планирав да се смеам цел ден, ама RYSE........ undefined
 

Kajgana Shop

На врв Bottom