Една година направат фпс игра, другата натрпаат ванземаљци
, роботи, невидливост и останати срања кои ги мразам. Ја уништија играта со секакви додатоци, веќе не е тоа онаа класична воена игра, пуцачина. Зар мораат да додаваат футуристички детали од разно разни sci-fi игри, зар не можеше да остане и после Modern Warfare истата тематика, само со нови воени полиња, нови приказни, имаат од каде да исцрпуваат идеи, малку ли војни/напади/кризи имаа во годиниве што изминаа и Либија, Сирија, еве сега Украина. Можеа доста шпиунски мисии да уфрлат, те хакирање, камери, прикриено инфилтрирање во бази итн.
Останаа на прст да изброиш нормални пуцачини, па и тие што беа тактички игри отидоа во овој глуп правец, се друго фантастика.
Ми недостасуваат игри како Mission Impossible, Rainbow Six, Project Igi, Metal Gear Solid, Spec Ops, Delta Force Black Hawk Down итн.