Верувате ли во Господ? Дали постои?

Veruvam Li Jas Vo Gospod ???

  • Вкупно гласачи
    994

Locutus of Borg

Trekkie
Член од
5 август 2005
Мислења
301
Поени од реакции
4
Се сложувам со Романтичарот.

Воедно, сакам да го прашам Крстителот...се согласуваш ли со инквизицијата? Црквата палела невини луѓе затоа што биле во право. Ајде сега да те видам, чедо божјо.
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.444
Романтичар напиша:
Најголема пречка за напредокот на цивилизацијата и причина за повеќето крвопролевања низ историјата на човештвото.
Точно, ама и неточно.

Зошто?

Затоа што затоа што вербата во Господ, Исус, Алах... претставува култура. Десетте Божји заповеди прават граница помеѓу моралното и неморалното.

Со нивното создавање, човекот од див и "пештерски" станува прав човек.

Подоцна можеби се извитоперија многу работи, ама тие не треба да претставуваат никаква пречка човек да има верба во Господ.
 
Офчар

The Bite of The Mamba [81]
Член од
24 април 2005
Мислења
3.717
Поени од реакции
57
Најголемиот филозофски мрак е за време на апсолутната власт на црквата.. Бруно.. и останатите примери.. се грозам од инквизицијата.. брррр..
 
Член од
13 октомври 2005
Мислења
525
Поени од реакции
47
Locutus of Borg напиша:
Се сложувам со Романтичарот.

Воедно, сакам да го прашам Крстителот...се согласуваш ли со инквизицијата? Црквата палела невини луѓе затоа што биле во право. Ајде сега да те видам, чедо божјо.
Не воопшто не се согласувам со инквизицијата! Јас сум Православен Христијанин. Православната Христова Црква НИКОГАШ не застанувала на патот на развојот на науката и техниката, никогаш не се противела на тоа, никогаш не палела, не убивала научници, размислувачи. Инквизицијата е РимоКатоличка работа

Macedalien напиша:
Се додека е режирана од ЛУЃЕ чиишто принципи (ЧОВЕЧКИ) се на прво место и ги засенуваат БОЖЈИТЕ принципи - православната христијанска секта ќе си остане секта па ако сакаш и од таквото апни си. Во меѓувреме оди прочитај си Тимотеј, Коринтјаните и ред други посланија и преданија во новиот завет по чијашто дефиниција секоја црковна организација е секта и ништо повеќе. Не го измислив јас - во библијата е црно на бело напишано. :wink:
1. Да си бил во контакт со Вистински Црковни и Оцрковени Личности(без оглед дали носат или не носат мантии, без оглед дали се во Манастири или не) ќе си видел кои приниципи се пред се’. Дали Божјите или човечките. Заживеј една година во Црквата па потоа слободно излези и зборувај против Неа - тогаш ќе биде аргументирано.

2. Цитирај ги тие стихови.

moTaro напиша:
1. Мене убивање на животни и принесување како жртви ми изгледа како секта.
Во стариот завет има таков запис, односно ако си згрешил, да принесеш жртва јагне!!! Јас НЕ САКАМ ДА УБИВАМ. Јагне е за мене ЖИВО СУШТЕСТВО! Никогаш не би го убил. Пре би убил човек!

4. Објасни ти прво што е вистинито, И КАКО ТОА ЌЕ ГО ПОТВРДИШ, што ќе кажеш дека е вистинито.. I thought so...

Ги земав овие две точки, како најинтересни за толкување.
И ова е секако само мое мислење.
Каде во Православната Црква си видел ПРИНЕСУВАЊЕ НА КРВНИ ЖРТВИ? Тоа во Новиот Завет го нема. Тоа во Православната Црква го нема! Последната КРВНА ЖРТВА е ЈАГНЕТО - ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС.

Православната Христова Црква исповеда дека го чува во Целост Апостолското Пишано и Усмено Предание. Католиците се имаат одвоено од Правата Црква. Протестантите од Католиците. Дека она што Православната Црква го исповеда е вистина, сведочат многубројните Маченици за Верата со својата маченичка смрт. Крвта и животите на тие луѓе се потпис и печат на вистинитоста на Верата
 
Locutus of Borg

Trekkie
Член од
5 август 2005
Мислења
301
Поени од реакции
4
Крстителу, стануваш се посмешен и посмешен. Онака, кога те читам се ваљам од смеење низ собава.

Зошто мислиш дека православната црква, односно таа на коа припаѓаш е "вистинскиот", "правилниот" избор? Зошто си убеден дека тоа е тоа? Зошто вашата секта е поделена на повеќе фракции и цркви?
 
Романтичар

Се хранам масно и навивам гласно!
Член од
10 јануари 2006
Мислења
125
Поени од реакции
0
Крстителот напиша:
Не воопшто не се согласувам со инквизицијата! Јас сум Православен Христијанин. Православната Христова Црква НИКОГАШ не застанувала на патот на развојот на науката и техниката, никогаш не се противела на тоа, никогаш не палела, не убивала научници, размислувачи. Инквизицијата е РимоКатоличка работа
Зарем не треба бог да биде ист за сите луѓе на светот? По што сум јас различен од Хрватот, Арапот, Германецот, Британецот, Индиецот, Кинезот...? И тој е човек, и јас сум човек. Знам, ќе ја кажеш онаа излитена фраза бог е ист за сите. Ако е ист, тогаш зошто тој не е причина за братство и пријателство меѓу луѓето, туку баш напротив, причина е за војни и крвопролевања?

Би го цитирал Ленон:

Imagine there's no countries,
It isnt hard to do,
Nothing to kill or die for,
No religion too,
Imagine all the people
living life in peace...
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.444
Романтичар напиша:
Ако е ист, тогаш зошто тој не е причина за братство и пријателство меѓу луѓето, туку баш напротив, причина е за војни и крвопролевања?
Кој рече дека не е причина за братство?

А причина за војните се луѓето и нивното размислување, затоа што Господ на сите не им подарил ист памет, исти ставови, не им всадил ист ум.

Војните ги прават луѓето, не Господ.

Од каде вакво размислување? Зошто мислиш дека мене, како верник, било што би ме натерало на војна? Зошто мислиш дека црквата би ме натерала на тоа?
 
Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Acid напиша:
Кој рече дека не е причина за братство?

А причина за војните се луѓето и нивното размислување, затоа што Господ на сите не им подарил ист памет, исти ставови, не им всадил ист ум.

Војните ги прават луѓето, не Господ.

Од каде вакво размислување? Зошто мислиш дека мене, како верник, било што би ме натерало на војна? Зошто мислиш дека црквата би ме натерала на тоа?
И јас тоа би прашала ... :icon_eek:
 
Романтичар

Се хранам масно и навивам гласно!
Член од
10 јануари 2006
Мислења
125
Поени од реакции
0
Acid напиша:
Кој рече дека не е причина за братство?

А причина за војните се луѓето и нивното размислување, затоа што Господ на сите не им подарил ист памет, исти ставови, не им всадил ист ум.

Војните ги прават луѓето, не Господ.

Од каде вакво размислување? Зошто мислиш дека мене, како верник, било што би ме натерало на војна? Зошто мислиш дека црквата би ме натерала на тоа?
Војните не ги прави господ, се согласувам, војните најчесто ги прават религиите.

Меѓутоа мислам дека во погрешен контекст си го сфатил тоа што го напишав, сакав да обрнам внимание на постоењето на мал милион богови и религии. Особено тоа е изразено во христијанството, самата христијанска црква е поделена на фракции од чисто политички причини.

Впрочем, прочитај го Кодот на Да Винчи ако веќе не си го прочитал, а и филмот Догма има доста интересна порака. :wink:
 
Carlito Brigante

Хаусмајстор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
844
Поени од реакции
8

Грешка.
Желбата за припадност на човек кон група и негирање на секоја друга ги прави војните. Религија, нација, националност се само изговори.

Кодот на Да Виничи: Интересна белетристика а не научен труд. Ништо повеќе од комерцијално успешно дело и начин на размислувње.
Догма: ако се гледа како комедија-интересно. Се друго е блед обид.
 
Романтичар

Се хранам масно и навивам гласно!
Член од
10 јануари 2006
Мислења
125
Поени од реакции
0
Така размислува 0.1% од светското население. Факт е дека на обичниот човек ширум светот му е доволно да знае дека некој верува во друг бог за да има предрасуди кон него. Етноцентризам. :wink:

Како се живееше во Босна до почетокот на 90те, а како после неколкуте перфидни игри на тогашните лидери на СФРЈ?

Дали можеби и мислењето на некои од најголемите филозофи на сите времиња во врска со господ и религијата се само блед обид?
 
Член од
13 октомври 2005
Мислења
525
Поени од реакции
47
Не може и не смее Верата да прави војни. Јас како Православен Христијанин многу сум полн со разбирање за другите вери, толерантен, полн со љубов за сите луѓе без разлика на пол, вера, партија, националност. За мене и припадник на Исламот и Христијанин се исто кога треба да се нахрани, напои, спаси живот, подеднакво би се жртвувал и за едниот и за другиот. Во поглед на дружење - исто. Не правам разлики.
 
Романтичар

Се хранам масно и навивам гласно!
Член од
10 јануари 2006
Мислења
125
Поени од реакции
0
Крстителот напиша:
Не може и не смее Верата да прави војни. Јас како Православен Христијанин многу сум полн со разбирање за другите вери, толерантен, полн со љубов за сите луѓе без разлика на пол, вера, партија, националност. За мене и припадник на Исламот и Христијанин се исто кога треба да се нахрани, напои, спаси живот, подеднакво би се жртвувал и за едниот и за другиот. Во поглед на дружење - исто. Не правам разлики.
Секоја чест, ретки, навистина многу ретки се таквите.
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.444
Крстителот напиша:
Не може и не смее Верата да прави војни. Јас како Православен Христијанин многу сум полн со разбирање за другите вери, толерантен, полн со љубов за сите луѓе без разлика на пол, вера, партија, националност. За мене и припадник на Исламот и Христијанин се исто кога треба да се нахрани, напои, спаси живот, подеднакво би се жртвувал и за едниот и за другиот. Во поглед на дружење - исто. Не правам разлики.
Токму тоа сакав и да го кажам.

Што не значи дека нема убијци, силувачи и други луѓе (кои не можат да го заслужат епитетот „луѓе”) кои се со Исламска и Христијанска вероисповед.

Работа е, пак ќе повторам, станува збор за индивидуа - а не религија.
 
Carlito Brigante

Хаусмајстор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
844
Поени од реакции
8
Добро гледано етноцентристички, Христијанството има одиграно голема улога во културата на човекот. Не ја наведувам духовната. Погледни ги црквите, манастирите, фреските, длаборезите. Се е тоа покренувано од мотор на љубов према бога(преку црквата).
Секогаш кога некој сака да покаже дека е атеист ја споменува инквизицијата. Црквата се оградува од методите. А зошто не се спомнува културниот придонес.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom