Бев на црква св Недела се вика и обично вратата е затворена и јас побарав клуч и ја отворив да запалам свеќа онака за здравје. И после една недела кога бев на молитва кај неа ми вика: ми се јави св Недела однеси дар не е важно што е и запали свеќичка кај неа.
И после и кажав за ова со вратата што јас ја отворив она само се насмеа.
Со помош на молитвите кои и ги кажуваат излечи многу луѓе.
Лично пред мене девојче преоди, а пред молитвите ја држеа во раци не можеше да оди. Едно детенце на 5 години прозборе, две близначиња ги донесоа болни целите искривени и неможеа да одат, а следната недела кога дојдоа беа здрави и едно со друго си правеа муабет.
На еден пар што долго време немаа деца додека траеја молитвите и кажа дека ќе имаат близначиња и така испадна.
Ајде да не сум видел да си мислам дека се работи за шизофренија, халуцинирање и приказни измислени од народот. Но доколку не се види со очи и не се почуствува на своја кожа никој не верува така бев и јас.