Верувате ли во Господ? Дали постои?

Veruvam Li Jas Vo Gospod ???

  • Вкупно гласачи
    994
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.498
Поени од реакции
2.407
Кога е некој празник однапред знае кој светци се доле на земјата и ги кажува. И кажуваат молитва и додека ја кажува ако погреши нешто одма ја тресат или паѓа на земјата.
Јас прв пат помислив дека она сама се тресе, но потоа ми кажа што е работата.
Доколку некој не е примерно облечен (кратки панталони и непокриени рамења) кога она ја кажува молитвата одма почнуваат да ја мачат.
Кога сум болен без никој да знае, она ми се јавува да праша што ми е.
Никогаш не сум верувал во вакви работи и на црква одев само колку да се каже дека сум бил. Откако видов не знам што да кажам исто како на филм. Многу е жално за гледање бидејќи ја знам жената каква е била порано, а каква е сега. :confused:
Не и' се случувале вакви работи порано?
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.918
Поени од реакции
41.884
Не и' се случувале вакви работи порано?
Вака е 4.5 години претходно си беше како секој нормален човек. Сега си има и црква со 7-8 бунари на планина. Чудно вода на високо.
Црквата е изградена онака како што на неа и кажуваат.
А материјалот потребен за изградба е од најразлични луѓе на кои им се сонува да однесат тоа што треба. Таква иста црква имало и во Турција само не ми го кажа името.
 
Чудна работа.
 
D

Daedalus

Гостин
Постои. Имам комшка која е "заробена" од господ и лично ми има објаснувано што како и прават. Имам видено и како ја мачат, ја тресат целата и паѓа на земја. :confused: Затоа верувам дека постои и оној кој не е видел чудо нема да верува.
Кога е некој празник однапред знае кој светци се доле на земјата и ги кажува. И кажуваат молитва и додека ја кажува ако погреши нешто одма ја тресат или паѓа на земјата.
Јас прв пат помислив дека она сама се тресе, но потоа ми кажа што е работата.
Доколку некој не е примерно облечен (кратки панталони и непокриени рамења) кога она ја кажува молитвата одма почнуваат да ја мачат.
Кога сум болен без никој да знае, она ми се јавува да праша што ми е.
Никогаш не сум верувал во вакви работи и на црква одев само колку да се каже дека сум бил. Откако видов не знам што да кажам исто како на филм. Многу е жално за гледање бидејќи ја знам жената каква е била порано, а каква е сега. :confused:

Некои луѓе овие манифестации ги дефинираат како шизофренија.
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.498
Поени од реакции
2.407
Некои луѓе овие манифестации ги дефинираат како шизофренија.
Се согласувам со тебе ама нели е чудно кога му се јавувал, а никој не знаел дека е болен. За другото, да, изгледа нешто објасниво е.
 
D

Daedalus

Гостин
Да али да изградиш црква нели е грев. Ајде да е само онака но ова пред икони си не дома.
Па она верува во нејзините делузии. Она мисли дека тоа е стварност. Таа не е свесна дека не постои работа како светец или Господ и дека халуцинациите кои ги доживува се резултат на нејзината болест.

Другата хипотеза е дека е преварант и има некаков профит од нејзината глума. Мое мислење е дека е ментално болна според горе опишаното.
--- надополнето: 23 септември 2012 во 23:18 ---
Се согласувам со тебе ама нели е чудно кога му се јавувал, а никој не знаел дека е болен. За другото, да, изгледа нешто објасниво е.

Има многу објаснувања и за тоа. Некои се изветоперувања на оригиналната приказна од страна на верниците. Можеби некако знаела дека е болен. Можеби му се јавувала и кога не бил болен, али тој ги памтел само случаите кога бил болен. Како и да е, светец не и кажувал. Која е поентата светци да се јавуваат само на некои луѓе но не на сите. Уште полесно, зашто едноставно светците не ја излечат болеста на тој што е болен, наместо да се јавуваат на луѓе кои ќе одат да го предупредат болниот и сите тие заобиколувања. Уште почудна ми е оваа болно изветоперена верзија на светците кои мачат луѓе кои не кажуваат молитва ко што треба. Тоа би биле демони според вашите христијански доктрини.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.918
Поени од реакции
41.884
Не знам што да кажам но се случија чудни работи благодарение на жената која викате дека халуцинира.
На една комшика и ставиле јајце на прозорецот и она одма и се јавила да ја праша што е тоа, и оваа и одговорила знам има жолти кругови на него фрли го тоа е магија.

Мене ми се јави и ми вика: што не е во ред со тебе знам дека има нешто кажи ми, а тогаш имав грчеви исто како да ме прободуваат со нож али на никој не кажав почнав да се спремам за да идам на лекар и она ми се јави.
И на крај ми вика тоа ти е оти сабајле не ми кажа добро утро, ми кажа здраво. Ќе ти помине. Јас не замарив и викам ај ќе одам и додека излегов до улицата ми помина. :eek:

Бев на црква св Недела се вика и обично вратата е затворена и јас побарав клуч и ја отворив да запалам свеќа онака за здравје. И после една недела кога бев на молитва кај неа ми вика: ми се јави св Недела однеси дар не е важно што е и запали свеќичка кај неа. :eek:
И после и кажав за ова со вратата што јас ја отворив она само се насмеа.

Со помош на молитвите кои и ги кажуваат излечи многу луѓе.
Лично пред мене девојче преоди, а пред молитвите ја држеа во раци не можеше да оди. Едно детенце на 5 години прозборе, две близначиња ги донесоа болни целите искривени и неможеа да одат, а следната недела кога дојдоа беа здрави и едно со друго си правеа муабет.

На еден пар што долго време немаа деца додека траеја молитвите и кажа дека ќе имаат близначиња и така испадна. :)
Ајде да не сум видел да си мислам дека се работи за шизофренија, халуцинирање и приказни измислени од народот. Но доколку не се види со очи и не се почуствува на своја кожа никој не верува така бев и јас.
--- надополнето: 23 септември 2012 во 23:43 ---
Има многу објаснувања и за тоа. Некои се изветоперувања на оригиналната приказна од страна на верниците. Можеби некако знаела дека е болен. Можеби му се јавувала и кога не бил болен, али тој ги памтел само случаите кога бил болен. Како и да е, светец не и кажувал. Која е поентата светци да се јавуваат само на некои луѓе но не на сите. Уште полесно, зашто едноставно светците не ја излечат болеста на тој што е болен, наместо да се јавуваат на луѓе кои ќе одат да го предупредат болниот и сите тие заобиколувања. Уште почудна ми е оваа болно изветоперена верзија на светците кои мачат луѓе кои не кажуваат молитва ко што треба. Тоа би биле демони според вашите христијански доктрини.
Не никогаш претходно ми се немаше јавено.
 
D

Daedalus

Гостин
Не знам што да кажам но се случија чудни работи благодарение на жената која викате дека халуцинира.
На една комшика и ставиле јајце на прозорецот и она одма и се јавила да ја праша што е тоа, и оваа и одговорила знам има жолти кругови на него фрли го тоа е магија.
Можда она го наместила...
Можда имала сознание за јајцето од други извори.
Можда поминала па го видела па се јавила...
Можда приказната е временски искривена. Разликата на времето од кога се јавила и од кога и го ставиле јајцето на комшиката можеби е поголема неголи што изгледа во опишаново...

Мене ми се јави и ми вика: што не е во ред со тебе знам дека има нешто кажи ми, а тогаш имав грчеви исто како да ме прободуваат со нож али на никој не кажав почнав да се спремам за да идам на лекар и она ми се јави.
И на крај ми вика тоа ти е оти сабајле не ми кажа добро утре, ми кажа здраво. Ќе ти помине. Јас не замарив и викам ај ќе одам и додека излегов до улицата ми помина. :eek:
Пласебо ефект... Ако се убедиш дека ти е подобро ти станува....

Бев на црква св Недела се вика и обично вратата е затворена и јас побарав клуч и ја отворив да запалам свеќа онака за здравје. И после една недела кога бев на молитва кај неа ми вика: ми се јави св Недела однеси дар не е важно што е и запали свеќичка кај неа. :eek:
И после и кажав за ова со вратата што јас ја отворив она само се насмеа.

Со помош на молитвите кои и ги кажуваат излечи многу луѓе.
Лично пред мене девојче преоди, а пред молитвите ја држеа во раци не можеше да оди. Едно детенце на 5 години прозборе, две близначиња ги донесоа болни целите искривени и неможеа да одат, а следната недела кога дојдоа беа здрави и едно со друго си правеа муабет.

На еден пар што долго време немаа деца додека траеја молитвите и кажа дека ќе имаат близначиња и така испадна. :)
Ајде да не сум видел да си мислам дека се работи за шизофренија, халуцинирање и приказни измислени од народот. Но доколку не се види со очи и не се почуствува на своја кожа никој не верува така бев и јас.
Со оглед на ова што го читам, веруваш во Господ, одиш често во црква што значи дека твоите информации за женава се стереотипно наклонети кон нејзе. Значи веруваш во нејзе. Тоа дава можност да искривуваш некои од работите кои ги знаеш за нејзе, некои од работите не си ги ни видел туку само си слушнал, а тие работи што си ги видел си ги запамтил поразлично од тоа што се случило. По твојов муабет не можам да знам што се случило и дали постои вистина во твоите зборови. Работам како илузионист со години и поголемиот дел од преварантите кои исцелуваат луѓе и ја знаат нивната судбина ми се добро познати како и нивните методи и техники со помош на кои ги убедуваат луѓето дека поседуваат необјасливи способности. Доколку можеш да ми дадеш информација која е оваа жена и каде живее, лесно можеме да провериме дали има способности или нема.
 
Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Можда она го наместила...
Можда имала сознание за јајцето од други извори.
Можда поминала па го видела па се јавила...
Можда приказната е временски искривена. Разликата на времето од кога се јавила и од кога и го ставиле јајцето на комшиката можеби е поголема неголи што изгледа во опишаново...

Пласебо ефект... Ако се убедиш дека ти е подобро ти станува....

Со оглед на ова што го читам, веруваш во Господ, одиш често во црква што значи дека твоите информации за женава се стереотипно наклонети кон нејзе. Значи веруваш во нејзе. Тоа дава можност да искривуваш некои од работите кои ги знаеш за нејзе, некои од работите не си ги ни видел туку само си слушнал, а тие работи што си ги видел си ги запамтил поразлично од тоа што се случило. По твојов муабет не можам да знам што се случило и дали постои вистина во твоите зборови. Работам како илузионист со години и поголемиот дел од преварантите кои исцелуваат луѓе и ја знаат нивната судбина ми се добро познати како и нивните методи и техники со помош на кои ги убедуваат луѓето дека поседуваат необјасливи способности. Доколку можеш да ми дадеш информација која е оваа жена и каде живее, лесно можеме да провериме дали има способности или нема.
Извини што се мешам во муабетов...Ама човекот има желба да верува тоа го прави среќен...Затоа...
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.918
Поени од реакции
41.884
Дека се работи за преварантка не сум баш сигурен не бара пари, нема одредена цена за тоа што ќе ти прочита молитва. Ако и оставиш 10-20 ден добро ако не здравје.
Значи вака со јајцето кај комшиката. На комшиката претходната вечер и се сонило како пијат кафе заедно со неа и уште една друга комшика и утре уште рано сабајле се собрале да пијат. Кога ова си отишла дома на прозорт имало јајце а претходно го немало.
Додека они седеа надвор јас поминав покрај улицата да идам до продавница и кажав здраво. И кога се вратив дома ме фатија грчеви во стомакот и тоа се валав по земјата од болка и она ми се јави. Не ми е јасно како знае што точно ми се случува дома и како сум се осеќал. Ајде да сум паднал на улицата да ме види, ама дома како?
А да забравив и на една другарка и кажа дека на св. Марко ќе и се јават за да ја викнат на работа за која конкурирала и така испадна. Зошто баш на тој ден а не порано или подоцна?
 
Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
_____________​
Он топик. Јас не може да се каже дека верувам ни дека неверувам. Едноставно не ми е гајле имам поважни работи во животот...​
 
Член од
22 септември 2012
Мислења
61
Поени од реакции
20
Има одредени личности што имаат таква мисија на земјата, што живат во склад со бога и имаат за цел да им помагаат на луѓето
 
D

Daedalus

Гостин
Извини што се мешам во муабетов...Ама човекот има желба да верува тоа го прави среќен...Затоа...
Јас имам желба да ја запознаам. Тоа ме прави среќен. Темава е отворена за сечие мислење. Затоа
--- надополнето: 24 септември 2012 во 00:42 ---
Има одредени личности што имаат таква мисија на земјата, што живат во склад со бога и имаат за цел да им помагаат на луѓето
И што се мачени од светците ако не ја кажат молитвата правилно, или некој не е соодветно облечен...
--- надополнето: 24 септември 2012 во 00:48 ---
Дека се работи за преварантка не сум баш сигурен не бара пари, нема одредена цена за тоа што ќе ти прочита молитва. Ако и оставиш 10-20 ден добро ако не здравје.
Значи вака со јајцето кај комшиката. На комшиката претходната вечер и се сонило како пијат кафе заедно со неа и уште една друга комшика и утре уште рано сабајле се собрале да пијат. Кога ова си отишла дома на прозорт имало јајце а претходно го немало.
Додека они седеа надвор јас поминав покрај улицата да идам до продавница и кажав здраво. И кога се вратив дома ме фатија грчеви во стомакот и тоа се валав по земјата од болка и она ми се јави. Не ми е јасно како знае што точно ми се случува дома и како сум се осеќал. Ајде да сум паднал на улицата да ме види, ама дома како?
А да забравив и на една другарка и кажа дека на св. Марко ќе и се јават за да ја викнат на работа за која конкурирала и така испадна. Зошто баш на тој ден а не порано или подоцна?

Не знам, не знам... Вака како што кажуваш звучи како да се премногу коинциденции за да биде случајно. Но ако навистина има моќи, најверојатно ќе биде првата особа со вистински моќи. Сум слушал муабети од ваков вид дури и почудни и понеобјасливи неголи ова. Сите испаднале или неточни или преувеличени или објасливи. Затоа никогаш не се повикувам на раскажувања од други луѓе. Рекла казала муабети можат да донесат погрешни податоци. Не ме сфаќјај погрешно, не тврдам дека лажеш намерно. Но случаите со луѓе кои имаат моќи секогаш испаѓаат објаснати а луѓето или преваранти или веруваат во тоа што го прават али не прават ништо. Со оглед на тоа дека тврдат дека поседуваат моќи кои не се во можноста на еден човек....ситуацијата секогаш укажува на тоа дека лажат. И јас можам да направам специфични објекти да левитираат, да им кажам се за минатото и иднината на луѓе кои не ги познавам, да направам специфични стравови и болки да исчезнат, а при тоа немам натприродни моќи. Психологија и трикови.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom