Не верувам, затоа што религијата е едно обично срање што е измислено за (на почетокот) да се објаснат природните појави, а после тоа (како што само човечкиот мозок може да произведе) е сведена на голема глупост за да се привлечат поданици. На крај краева, некои веруваат, зашто човештвото сеуште нема најдено начин да дознае што има 'позади' вселената, па луѓето мислат дека таму е бог. А, тогаш каде е објаснувањето за постоењето на различни религии? Кој успеал да најде доказ дека некое такво суштество што ни виси над глава, всушност постои? Кој докажал дека исусчето не е прикаска?
Тие што викаат дека тие што се атеисти се замислуваат дека се паметни, и го гаат тој став заради стравот од казна од некој си таму господ, и имаат направено премногу гревови и тоа им е единствен начин да не одговараат пред никого за тоа. Според мене, ова е апсолутна бесмислица, затоа што да речам, религијата е традиција од општеството, не е реалност. Малце и, морам да признаам, може слепите верници во имагинарното пријателче - бог да имаат некоја си основа за развој на ментална болест, зашто сепак, не е баш нормално да си комуницираш со некој што ТИ си мислиш дека постои. Таквите луѓе си се шизофреничари. Да не сфати некој погрешно, не викам дека сите што веруваат имаат шизофренија, само мислам дека да веруваш во нешто што никогаш нема да дознаеш дали е плод на твојата имагинација (а немаш никаков доказ дека не е) и се потпираш само на верување, е апсурдно.
За грешките, што викате дека атеистите се кријат под атеизмот за да се избават од гревовите и казните. Сите сме сведоци какви болни луѓе има, а обично се баш тие што слепо веруваат во нешто непостоечко, си направиле некои најненормални и одвратни работи. Не знам, педофили, психопати, и разни други за кои сите ќе се согласиме дека заслужуваат смртна казна со мачење, ама ете, тие за нивните страшни гревови што ги направиле си лежат во затворче, и после си се слободни да продужат со гревовите. Знаете, дека има такви слепи верници, кои грешат, и 'ќе одговараат' пред господче. Сигурно.
Атеистите, кои вие ги нарекувате грешници, учат психологија (не сите, нормално, зборувам за мене) со намера да им помагаат на луѓе. Со намера да придонесат за подобро утре на нашиве овци што се влезени во голема заблуда. Со намера да решат нечиј проблем и да олеснат нечија околност. Со намера да бидат хумани. Сум убила, сум крадела? Не баш. Грешник? Кој не е? Само, сите грешки што ќе ги направиме ги правиме за себе, не за некој друг. Така да, грешка баш, како поим и не постои употребен во смисла ти си ми згрешил мене. Не постои такво нешто. Разочарување постои само поради превисоки очекувања. Ама, искочив од темава. Да се вратам.
И, да. Атеистите не глумат или измислуваат дека се паметни. Со тоа што едноставно не веруваат во нешто не се ни обидуваат да го наметнат својот висок коефициент на интелигенција. Тие (или подобро кажано, НИЕ) сме си едноставно реалисти, веруваме во она што ЗНАЕМЕ дека постои, и тоа е тоа. Никој не пробува ништо да докаже или наметне, едноставно си имаме став, си го почитуваме и крај. Иако душа би дала да ги убедам слепите дека идат у ќор сокак, ама ај.
Друга работа, ужасен факт е тоа што во религијата, особено муслиманството, а и христијанството не бега, ги дискриминира жените. На што личи тоа? Како може, да речеме, една жена да биде муслиманка, да верува во бога, и да дозволи да биде понижувана и омаловажувана со тоа што ќе и се каже како да се облекува, со тоа што нема да и се даде право на избор, со тоа што ќе и се наметне домаќинството? Мажите и жените не настанале од нечија игра. Ова е природа, настанале исто. Ако ве интересира, разглеајте на интернет, сигурно ќе најдете за настанувањето на светот и првите микроорганизми. Најдобро е прво да се информирате, после да верувате во прикаски. И, муабетот ми беше, дека мажот и жената се природа, настанати се исто, со тоа и уживаат исти права. Стереотипите за нивните улоги не ги оправдувам, зашто секој треба да прави како се чувствува. На пример, јас ако се чувствувам како да треба да одам во војска и да се борам во војна, ќе одам, и мислам дека не е во ред некој да ми каже не оди, тоа е машка работа. Зашто машка? Зашто имаат повеќе физичка сила? Имаат затоа што ги учеле дека треба да имаат. Зборувајќи општо. А конкретно, може да се набројат милјарда примери за жени физички многу поспремни и помоќни од мажи. Значи, жените не се за потценување, имаат право на избор и живот каков што тие сакаат. Многу е навредливо да веруваш во нешто што ти кажува дека си на пониско ниво од некој друг. Дури е и срамота, да речам дека верувам дека сум настанала од реброто на адам. Ма, ајде.
Зборувајќи за религијата, на нашиве простори обично се потенцира христијанството, и муслиманството до некаде. А, јас верувам дека будизмот е многу повеќе од овие две заедно. Дури, според мене мислам дека тоа не е ни религија, туку практика. Зашто будизмот не те учи да веруваш во бог, те учи да веруваш во себе, и на начини пробувани и истражувани со векови и векови наназад се најдени конечни, најдобри, како да речеме медитацијата. Некој ќе рече дека е глупост или измислување. Ама постојат научни докази дека медитација постои, дека има начин да го испразниш умот и да се препуштиш. Боречките вештини, создадени баш на тие простори каде и настанал будизмот, имаат своја цел и начин. Не се бесмислени, имаат техники кои и денес се употребуваат и докажано е дека се успешни и на кој начин делуваат. Како е можно да постојат луѓе што со гола рака ќе скршат куп цигли, или со цела тежина на своето тело ќе лежат врз копје кое нема да им остави ни трага, а не па да ги прободе? А сведоци сме, има доказ дека не е магија. Тоа се пред се умствени техники, кои ако се усовршуваат докажано е дека може да се постигне голем успех. Едноставно, тие се луѓе, не илузионисти, туку луѓе кои веруваат во својата моќ. Единствено тие успеваат. Јогата, исто така потекнува од таму. Многу корисна, и често препорачана. Сепак, не мораш да си будист да практикуваш јога, медитација или боречки вештини. Само поентата ми беше дека сите тие се од едно место, и будизмот ги подразбира. Не може да се негира. Преферирам будизам, од сите религии.