Верувате ли во Господ? Дали постои?

Veruvam Li Jas Vo Gospod ???

  • Вкупно гласачи
    994

\m/arko

A place where the beer flows like wine...
Член од
15 јануари 2008
Мислења
6.357
Поени од реакции
790
„доказите“ кои ги посочи се од ист тип .. тоа ми е муабетот .. значи „јаки докази“
Ама сепак 99% од луѓето веруваат дека Александар постоел за разлика од еве ќе земам анкетава 66.84% само што веруваат. Некако ми доаѓа на памет дека доказите на постоење на Александар се поверодостојни, поефикасни и нефиктивни за разлика од доказите на постоењето на Господ.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776

процентите колку веруваат не се никаков доказ дали постои или не ..
и ако веќе постои од каде знаеш во каков облик постои .. материјален? енергија? ... и како знаеш дека не си го видел .. или пак дали можеш да го видиш ...
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
На самиов почеток да нагласам, за да не бидам погрешно сфатен, дека немам ништо против твојот одговор, едноставно сакам да објаснам неколку работи, затоа го искористив твојот пост за да го кажам тоа.

Обично луѓето кога ќе ги прашаш дали веруваат во Бога едните велат Не верувам, додека другата страна вели: Да, јас верувам дека има некоја сила, Верувам дека има Бог, Верувам дека Бог постои...и т.н.
Ќе зборувам за оваа втора група.

Во Библијата во Посланието од Јаков 2 глава 19 стих, е запишано: (ќе парафразирам) ...и Демоните веруваат дека Бог постои и треперат од него...и ќе горат во пеколот.
Значи, демоните кои што некогаш (според Библијата) беа во Божјото присуство, беа Божји ангели, кои секојдневно го гледаа Бог, отпаднаа...и што фајде ако само едноставно веруваат дека Бог постои? Тие не да веруваат, тие убедени се дека Бог е вечен и дека постои, но кое е фајдето од таа вера, само дека Бог постои?

Така е и со луѓето. Мнозинството кои се нарекуваат верници, исповеда дека Бог постои, но прашањето е: Дали има некое фајде тоа што веруваме дека Бог постои? Дали со самото тоа по афтоматизам ќе бидеме во рајот, а не во пеколот?

Според Библијата, Адам згреши и сите луѓе по автоматизам , наследно се со грешна природа. Во Римјаните 3 глава Бог пишува дека Сите згрешија , нема ниеден праведен, нема кој да го бара Бога. Тоа значи дека на сите луѓе од Адама, па до последниот човек, им е потребен Спасител, некој кој што ќе ги откупи од нивниот сегашен господар - Гревот или Сатаната.
Бидејќи Бог никој не го видел, а ако го види ќе умри, бидејќи ништо грешно не можи да опстои во присуство на Божјата слава, Бог мораше да најди начин како да им се приближи на луѓето, да им помогни, но при тоа тие да не умрат.
Затоа Бог стана човек, во личноста на Исуса Христа. Ако веруваме дека Исус е нашиот Спасител, нашиот Откупител од Гревот, кој што доброволно умре за сите нас луѓето на крстот на Голгота, (ако веруваме и со својата уста го исповедаме тоа), тогаш во ред е нашето верување. Но ако само едноставно веруваме дека постои некоја виша сила, дека има нешто од што сме настанале, дека Бог постои, тогаш кое е Фајдето тоа да го веруваме , ако нашата вера не се темели на фактот дека Исус е нашиот Спасител и Откупител од Гревот, и дека Тој Умре за сите нас и стана наша замена на крстот на Голгота.

Значи...ако само веруваме дека нешто постои во вселената, кое што некои го нарекуваат Бог, други ванземаљац, трети незнам како...нема да имаме никакво Фајде или Корист од тоа.
Сеуште ќе си живееме во своите гревови и така ќе си умреме со своите гревови. Еден ден ќе се најдиме во местото наречено: Вечна мака, Плач и крцкање со заби, Ад, Шеол, и на македонски - Пекол, одкаде што нема враќање или Господи - се извинувам, од сега па натаму ќе верувам. Промена на одлуката веќе ќе нема да има.

Затоа секој нека се преиспита дали Верува дека Исус е неговиот Спасител и Откупител и дека ТОЈ доброволно умре на крстот на Голгота како негова замена, или едноставо, само верува дека постои некоја сила во вселената, која се вика Бог!!!

Со почит, Госпел.
Тоа што ти го пласираш како апсолутна вистина и факт е заблуда и производ на перење мозок! Една работа е да се каже дека е можно да постои креатор на оваа реалност а сосема друго да му се придаваат карактеристики и особини идентични на човечките.
Демоните верувале во бог и се треселе од него затоа што ќе гореле во пеколот?!:pos2: Кој демон ти го кажа тоа ако не е тајна? Да ми потврди и мене ако може! Значи "фајдето" е дека секој од нас мора да верува дека е грешен само затоа што се родил и дека на секој од нас му требал Исус да го спаси! А од кого да го спаси? Погодувате - од самиот себе, затоа што ако не го прифатиме тој истиот што ќе не спасува ќе не фрлел на вечни маки!?? А причината поради која сите ние толку многу сме "грешни" што мора да бидеме спасувани е тоа што Имагинарните карактери Адам и Ева, одкако биле излажани дека ќе умрат ако пробаат од дрвото на сознанието, ја послушале змијата и дознале што е добро а што зло! Како тогаш некој е крив и грешен за било што, ако незнаел што е добро а што зло? Тие кога пробале од дрвото на сознанието НЕ ЗНАЕЛЕ што е добро а што зло!! И сега тој што ги излажал, им го ускратил интелектот, ги поставил да шетаат голи за само тој да ги гледа, и ги казнил затоа што згрешиле (а незнаеле што значи да се греши), е добар и праведен, а Сатаната е онаа која треба да се смета за зло!!?!?
Ова некако ми личи на ситуација во која некој на дете му ја кажува приказната за црвенкапа и волкот и на крајот констатира дека "Праведниот" волк морал да пострада од раката на шумарот поради лошата црвенкапа!
 
С

сашенко

Гостин
Тоа што ти го пласираш како апсолутна вистина и факт е заблуда и производ на перење мозок! Една работа е да се каже дека е можно да постои креатор на оваа реалност а сосема друго да му се придаваат карактеристики и особини идентични на човечките.
Демоните верувале во бог и се треселе од него затоа што ќе гореле во пеколот?!:pos2: Кој демон ти го кажа тоа ако не е тајна? Да ми потврди и мене ако може! Значи "фајдето" е дека секој од нас мора да верува дека е грешен само затоа што се родил и дека на секој од нас му требал Исус да го спаси! А од кого да го спаси? Погодувате - од самиот себе, затоа што ако не го прифатиме тој истиот што ќе не спасува ќе не фрлел на вечни маки!?? А причината поради која сите ние толку многу сме "грешни" што мора да бидеме спасувани е тоа што Имагинарните карактери Адам и Ева, одкако биле излажани дека ќе умрат ако пробаат од дрвото на сознанието, ја послушале змијата и дознале што е добро а што зло! Како тогаш некој е крив и грешен за било што, ако незнаел што е добро а што зло? Тие кога пробале од дрвото на сознанието НЕ ЗНАЕЛЕ што е добро а што зло!! И сега тој што ги излажал, им го ускратил интелектот, ги поставил да шетаат голи за само тој да ги гледа, и ги казнил затоа што згрешиле (а незнаеле што значи да се греши), е добар и праведен, а Сатаната е онаа која треба да се смета за зло!!?!?
Ова некако ми личи на ситуација во која некој на дете му ја кажува приказната за црвенкапа и волкот и на крајот констатирате дека "Праведниот" волк морал да пострада од раката на шумарот поради лошата црвенкапа!
Што зборуваш глупости вакви бе.Ти си заглавил изгледа со тие приказни како мали што ни ги раскажуваа не си ги сватил баш како што треба.
Ај со адам и ева да почнеме.Бог им дал се што им треба да за живеат а не им го дал она што ке им го усложни животот и ке им го расипе.Луѓето денес страдаат поради тие работи што бог им ги даде или поради она што самите го избраа.(тогаш јаболкото денес многу работи.).Бог не ги казни нив.Тој им овозможи да живеат со својот избор и еве до кај стигна човештвото?Задоволен си со светот денес?Што имало потреба да знаат за добро и зло кога можеле само добро да имаат и да живеат живот.Зошто би не интересирало дали има вода на марс и дали има живот на друга планета ако си ја чуавме оваа и ако живеевме како што бог ни рече.Бог им дозволи на луѓето да живеат со она што го избраа и еве до кај стигна светот.Интелегенцијата колку направи добро толку и лошо.Можеби повеќе лошо.Го усложнија светот премногу.Оние работи кои ни го уништуваат здравјето и живтотот денес не ни ги даде бог туку самите ние го добивме оти мислевме дека можеме сами да создаваме како него.Епа тоа е тоа.Наместо да си го живееме животот убаво и како што тој не учи ние бараме докази за неговото постоење и бараме да го видиме.Тој рече дека ке дојде и ке дојде и верувам во тоа.
 
Сум сватил јас убаво не се секирај, не е глупост тоа што јас го напишав! Глупост е да веруваш дека е можно да се родиш грешен, глупост е да веруваш дека иако некој незнае што е добро а што зло, сепак заслужува да биде казнет, глупост е да веруваш дека си виновен за нешто што некој друг го направил, глупост е да веруваш дека оној што ти ги отвора очите е зол, а тој што ти ги затвора е добриот...!
Бог им дал се што им треба да за живеат а не им го дал она што ке им го усложни животот и ке им го расипе
Тоа што ти го замислуваш се вика утопија пријателче, и главна пречка за таа да постои е една работа која на животот му дава смисла, а тоа е предизвикот, без тешкотиите и проблемите тој неможе да постои! Во ситуации кога се што сакаш се исполнува, се е совршено, се е идеално...едно нешто исчезнува а тоа е предизвикот! Без тој елемент, животот полека но сигурно почнува да ја губи својата смисла!
Што имало потреба да знаат за добро и зло
Ако немало потреба да знаат, тогаш зошто ги казнил? Како може некому да му ја ускратиш способноста за осознавање на доброто и злото, и после тоа да го казниш затоа што згрешил (иако незнае што значи да се греши)?!
Пак ќе кажам, сосема е можно да постои креатор, но да му се придаваат особини како што тоа го прави монотеизмот е тотална глупост!!
 
С

сашенко

Гостин

Ако немало потреба да знаат, тогаш зошто ги казнил?
Јас не мислам дека ги казнил.Им дал она што навистина им било потребно.Тој ги создал и тој знаел што им треба за живот и им го дал.Ама им рекол има едно јаболко и не го допирајте него зашто ке ви наптети многу.Можеби постоело зло и неможел туку така да го оттргне од луѓето.Морало самите да изберат и тој им дозволил да го направат тоа.Тие иако имале се поради тој твој предизвик го пробале и лошите работи искочиле.Што требало да направи бог тука.Бил лут затоа што иако им дал се тие пак го избрале лошото.И нивната казна била тоа што им дозволил да живеат со она што го избрале тие.Самите се криви за она што им се случило.
 
Слушај другар, немој да мислиш дека јас не сум ја прочитал библијата!Еве ќе ти цитирам буквално до точка и запирка што пишува за деловите кој ти ги тврдиш и кој ги болдирав!
....А на жената и рече: Кога ќе бидеш бремена ќе ти ги умножам и преумножам маките, со болки ќе раѓаш деца и ќе се приклониш на мажот свој и тој ќе ти биде господар!
Па потоа му рече на Адам: Бидејќи ја послуша жената своја и вкуси од дрвото кое ти забранив и реков не јади од него - земјата нека биде проклета за тебе! Со мака ќе се храниш од неа се до крајот на својот живот, трње и бодилки ќе ти раѓа и ти ќе јадеш трева полска. Со пот на лицето свое ќе јадеш леб, се дури не се вратиш од земјата од која си земен!
За јаболкото не им рекол не јадете зашто ќе ви наштети, туку ги излажал дека ако јадат или дури и се допрат до него ќе умрат -
"Од секое дрво во градината можеш да јадеш, освен од дрвото на спознавање на доброто и злото, од него нејади зошто од оној ден кога ќе вкусиш од него ќе умреш".......
И сега змијата која им ги отвора очите е карактер кој е зол, а овој садистички и самобендисан лик е "Праведен"?!
Силата не е мерило за праведност, сакале тоа да го признаете или не!
 
Член од
12 август 2010
Мислења
2.890
Поени од реакции
906
Искрено....незнам...не се замарам..ко шо е ред и традиција палам свеќа со тоа и се помолувам за нешто и тоа е тоа...!
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
277
Поени од реакции
29
Ipsissimus,

Во ред е сето тоа што го пишуваш, но од твоја Атеистичка гледна точка. Од моја или Теистичка гледна точка, не можам да се сложам со тебе, бидејќи Верата не би била Вера, ако може да се докаже на материјален начин.
Затоа и Библиската дефиниција за Вера е следната:
А верата е жива престава за она, на кое се надеваме, и докажување на она, што не се гледа. (Евреите 11:1)

Во една прилика ти кажав дека нема потреба да ја тупиме, бидејќи изворот од каде ги црпиме информациите ни е различен. Секоја чест на твоите размислувања, но само кога би бил од твојата Атеистичка страна. Кога би барал материјални докази за Бог и неговото суштествување, сето тоа што го кажуваш, можеби и би го прифатил.
Но, мојот разум и интелект ми зборуваат да бидам на онаа друга страна, спротивната.

Многу пати сум се запрашувал, која е таа сила, што може човечките животи да ги промени во само еден ден (момент)? Луѓе кои што животот го живееле неморално (курвари, блудници, пијаници, убијци, арамии, комарџии, лажомани...и т.н.) и буквално во еден ден, во само еден момент го напуштаат тој грешен живот и стануваат нови личности. Како некој да им го ре-програмирал нивниот мозок и интелект, па од неморални и деструктивни, станале корисни личности не само во своите фамилии туку и во општеството.
Како млад тоа не можев да го сфатам иако можеби се нарекував верник, но верник Формалист. (иако гледав во мојата близина луѓе со нови (променети) животи)

Како професионален музичар (повеќе од 25 год) животот го живеев (како што пее Бајага) 400 на сат.
Курварана (да ми простиш, ама некои на мочање го немаат извадено толку, колку што јас сум бил со жени), алкохол, авантури, ноќен живот (преку ден спиеш, ноќе живееш), со еден збор ненормален и нездрав живот, ......и сето тоа, додека еден ден Господ не ме стави на опасна ивица и не ми рече, бирај - живот или смрт.

Јас сум тој кој што можи да посведочи дали Бог постои или не. Јас сум тој кој што животот го промени благодарение на Бог и денес знам дека сега живеам, а дека тоа што порано го живеев, не беше живот, туку измачување.

Фала му на Бога, што ми ги отвори очите, да можам да живеам еден квалитетен живот, да бидам корисна личност и за фамилијата и за општеството.
И денес сум професионален музичар, но животот го живеам како човек, а не како ѕвер.

Затоа тврдам, дека луѓе кои го промениле во миг својот живот, со Божја помош, луѓе на кои Бог им се објавил на чуден начин, не постои друга сила или убедување кое што ќе ја разниша нивната вера во Бог, па и по цена да бидат на клада ставени.

Затоа мислам дека нема потреба повеќе да спориме, кога припаѓаме на два различни табори, кои што немаат никакви заеднички појдовни точки.
Сепак моето мислење и верување останува само мое, немора да биде нечие.

Со почит, Госпел.

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Јас не сум атеист, атеистите тврдат дека непостои бог т.е творец, јас не го тврдам тоа само укажувам дека е бесмислено на еден таков ентитет да му се придаваат така смешни атрибути како во монотеизмот. Како што на неколку наврати напишав, едно е да видиш дека во некоја соба има светло и поради тоа да претпоставиш дека има човек во таа соба, но сосема е друго само на основа на тоа светло да тврдиш дека не само што има човек, туку дека е висок 180цм, тежок 83,47 кг, дека носи чевли 45, дека има бемка на увото....! мислам дека сум јасен што сакам да кажам нели!
Тоа што во еден миг го менува животот на луѓето не е доказ за постоење на богот опишан во овие религии, најчесто тоа е стравот и очајот кој ги зафаќа луѓето кога ќе помислат дека можеби еден ден ќе ги нема повеќе. Водени од тој страв дека ќе бидат казнети и мачени успеваат да се убедат во таа "вистина"!
Еве еден цитат од Алберт Ајнштајн, токму во врска со тоа! -
„Човековото етичко однесување треба да се базира на сочувство, образованост и меѓучовечка поврзаност; за тоа не е потребна никаква религиозна основа. Всушност, полошо е ако луѓето се однесуваат како што се однесуваат ако ги мотивира стравот од казна или надежта дека ќе бидат наградени после смртта.“
 
С

сашенко

Гостин
Немам страв од бога Ipsissimus.Тоа што го кажал Ајнштајн е во ред, точно е.Ама не се сите луѓе такви.Верувам во бог и во неговото учење затоа што верувам дека само тој начин на живот мене ке ми донесе среќа во животот.Чесност, добрина.Верувам во него, се молам секој ден, одам во црква редовно.Не затоа што мојата религија така налага или затоа што така некој рекол.Тоа е душевна потреба.Верувам во бог силно и никој неможе да ме разубеди дека бог не постои.Ние не можеме да знаеме дали христијанската или муслиманската или било која религија е точна.ЈАс кога одам во црква не гледам во иконата и не и се молам на неа.Се молам на мојот бог и не му споменувам име.Луѓето копираат и фалсификуваат се на земјата.АМа она што го чуствувам во мојата душа е искрено и јас го почитувам она што бог го рекол и важи за сите религии.БОг го гледа тоа и го знае.Искрен у добар со сите луѓе, да не ги дискриминираш луѓето какви и да се.Вера, нација политичка определеност боја на кожа или било што.Да ги почитуваш сите нив и да правиш добри дела, да живееш духовен живот и покрај се материјално во твојот живот најголема важност да даваш на љубовта кон твојот бог.Да се молиш да ти бидат простени гревовите и да се трудиш твојот живот да биде подобар.Стануваш подобар човек и стануваш човек на кого нема да му биде важно зашто бог ги казнил Адам и Ева и каде ке одат нашите души после смррта и кој е вистинскиот бог зошто ти ке го спознаеш тој бог тогаш.Ке почустуваш дека тој постои.Кога ке дојде денот ке го видиме сите и тој самиот рекол дека ке дојде пак на земјата но ке помине многу време.Ама до тогаш не треба ние да бараме докази за неговото постоење, зашто нема да најдеме.Одговорот се крие во нашите души и само со силна верба ке го откриеме и тогаш не не интересираат повеќе овие работи кој е каде е и зашто е....тогаш ке сватиш што е животот....
 
Comic

Syntarginaris
Член од
14 април 2010
Мислења
430
Поени од реакции
32
Ipsissimus,

Во ред е сето тоа што го пишуваш, но од твоја Атеистичка гледна точка. Од моја или Теистичка гледна точка, не можам да се сложам со тебе, бидејќи Верата не би била Вера, ако може да се докаже на материјален начин.
Затоа и Библиската дефиниција за Вера е следната:
А верата е жива престава за она, на кое се надеваме, и докажување на она, што не се гледа. (Евреите 11:1)

Во една прилика ти кажав дека нема потреба да ја тупиме, бидејќи изворот од каде ги црпиме информациите ни е различен. Секоја чест на твоите размислувања, но само кога би бил од твојата Атеистичка страна. Кога би барал материјални докази за Бог и неговото суштествување, сето тоа што го кажуваш, можеби и би го прифатил.
Но, мојот разум и интелект ми зборуваат да бидам на онаа друга страна, спротивната.

Многу пати сум се запрашувал, која е таа сила, што може човечките животи да ги промени во само еден ден (момент)? Луѓе кои што животот го живееле неморално (курвари, блудници, пијаници, убијци, арамии, комарџии, лажомани...и т.н.) и буквално во еден ден, во само еден момент го напуштаат тој грешен живот и стануваат нови личности. Како некој да им го ре-програмирал нивниот мозок и интелект, па од неморални и деструктивни, станале корисни личности не само во своите фамилии туку и во општеството.
Како млад тоа не можев да го сфатам иако можеби се нарекував верник, но верник Формалист. (иако гледав во мојата близина луѓе со нови (променети) животи)

Како професионален музичар (повеќе од 25 год) животот го живеев (како што пее Бајага) 400 на сат.
Курварана (да ми простиш, ама некои на мочање го немаат извадено толку, колку што јас сум бил со жени), алкохол, авантури, ноќен живот (преку ден спиеш, ноќе живееш), со еден збор ненормален и нездрав живот, ......и сето тоа, додека еден ден Господ не ме стави на опасна ивица и не ми рече, бирај - живот или смрт.

Јас сум тој кој што можи да посведочи дали Бог постои или не. Јас сум тој кој што животот го промени благодарение на Бог и денес знам дека сега живеам, а дека тоа што порано го живеев, не беше живот, туку измачување.

Фала му на Бога, што ми ги отвори очите, да можам да живеам еден квалитетен живот, да бидам корисна личност и за фамилијата и за општеството.
И денес сум професионален музичар, но животот го живеам како човек, а не како ѕвер.

Затоа тврдам, дека луѓе кои го промениле во миг својот живот, со Божја помош, луѓе на кои Бог им се објавил на чуден начин, не постои друга сила или убедување кое што ќе ја разниша нивната вера во Бог, па и по цена да бидат на клада ставени.

Затоа мислам дека нема потреба повеќе да спориме, кога припаѓаме на два различни табори, кои што немаат никакви заеднички појдовни точки.
Сепак моето мислење и верување останува само мое, немора да биде нечие.

Со почит, Госпел.

Фала му на бога. Ова што го кажуваш е многуууу неточно за нашиов реален свет. Господ како ние што го знаеме не постои бидејки немаме никаков доказ дека тој имал некаква интеракција со човештвото, може да е некоја вонземска раса, што нашите предци сметале дека се богови. Bull S**T. Бананата ја ставив во кутијата ама никој не знае дека е таму. Што ке има корист бананата кога никој не знае и дека постои и е ставена во кутијата ?!?!
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Немам страв од бога Ipsissimus.Тоа што го кажал Ајнштајн е во ред, точно е.Ама не се сите луѓе такви.Верувам во бог и во неговото учење затоа што верувам дека само тој начин на живот мене ке ми донесе среќа во животот.Чесност, добрина.Верувам во него, се молам секој ден, одам во црква редовно.Не затоа што мојата религија така налага или затоа што така некој рекол.Тоа е душевна потреба.Верувам во бог силно и никој неможе да ме разубеди дека бог не постои.Ние не можеме да знаеме дали христијанската или муслиманската или било која религија е точна.ЈАс кога одам во црква не гледам во иконата и не и се молам на неа.Се молам на мојот бог и не му споменувам име.Луѓето копираат и фалсификуваат се на земјата.АМа она што го чуствувам во мојата душа е искрено и јас го почитувам она што бог го рекол и важи за сите религии.БОг го гледа тоа и го знае.Искрен у добар со сите луѓе, да не ги дискриминираш луѓето какви и да се.Вера, нација политичка определеност боја на кожа или било што.Да ги почитуваш сите нив и да правиш добри дела, да живееш духовен живот и покрај се материјално во твојот живот најголема важност да даваш на љубовта кон твојот бог.Да се молиш да ти бидат простени гревовите и да се трудиш твојот живот да биде подобар.Стануваш подобар човек и стануваш човек на кого нема да му биде важно зашто бог ги казнил Адам и Ева и каде ке одат нашите души после смррта и кој е вистинскиот бог зошто ти ке го спознаеш тој бог тогаш.Ке почустуваш дека тој постои.Кога ке дојде денот ке го видиме сите и тој самиот рекол дека ке дојде пак на земјата но ке помине многу време.Ама до тогаш не треба ние да бараме докази за неговото постоење, зашто нема да најдеме.Одговорот се крие во нашите души и само со силна верба ке го откриеме и тогаш не не интересираат повеќе овие работи кој е каде е и зашто е....тогаш ке сватиш што е животот....
Ако внимателно прочита, тогаш сигурно забележа што кажав - дека не сум атеист и дека не тврдам дали постои или непостои творец, туку само посочив колку е апсурдно на еден ентитет од тој размер да му се припишуваат толку смешни, човечки и суетни атрибути како во монотеизмот! Твоите мотиви можеби не се стравот од казна или мотивација по награда, но факт е дека ОГРОМЕН процент од верниците единствен двигател да се покоруваат на една таква слика за бог, се токму стравот и казната! Најголемите "верници" како по правило се слуги на сопствената грижа на совест, луѓе кој својот начин на живот го доживеале како грешен, неморален...и кој неможејќи да изнајдат одговори и решение за своите постапки, слепо ја прифаќаат одредената релкигија. Слично на алегоријата со козата и морковот, која мотивирана по наградата (морковот), го влече оној кој го држи морковот, несвесна дека служи за нечива манипулација.
Ако тебе верувањето во творец ти го осмислува животот верувај си, но факт е дека богот опишан во монотеизмот е суров, неправеден, садистички и немилосрден карактер.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom