Публиката со 66,96% го избра првиот одговор.Мојот конечен одговор е Да,Верувам.:nesum::salut:
На самиов почеток да нагласам, за да не бидам погрешно сфатен, дека немам ништо против твојот одговор, едноставно сакам да објаснам неколку работи, затоа го искористив твојот пост за да го кажам тоа.
Обично луѓето кога ќе ги прашаш дали веруваат во Бога едните велат Не верувам, додека другата страна вели: Да, јас верувам дека има некоја сила, Верувам дека има Бог, Верувам дека Бог постои...и т.н.
Ќе зборувам за оваа втора група.
Во Библијата во Посланието од Јаков 2 глава 19 стих, е запишано: (ќе парафразирам) ...и Демоните веруваат дека Бог постои и треперат од него...и ќе горат во пеколот.
Значи, демоните кои што некогаш (според Библијата) беа во Божјото присуство, беа Божји ангели, кои секојдневно го гледаа Бог, отпаднаа...и што фајде ако само едноставно веруваат дека Бог постои? Тие не да веруваат, тие убедени се дека Бог е вечен и дека постои, но кое е фајдето од таа вера, само дека Бог постои?
Така е и со луѓето. Мнозинството кои се нарекуваат верници, исповеда дека Бог постои, но прашањето е: Дали има некое фајде тоа што веруваме дека Бог постои? Дали со самото тоа по афтоматизам ќе бидеме во рајот, а не во пеколот?
Според Библијата, Адам згреши и сите луѓе по автоматизам , наследно се со грешна природа. Во Римјаните 3 глава Бог пишува дека Сите згрешија , нема ниеден праведен, нема кој да го бара Бога. Тоа значи дека на сите луѓе од Адама, па до последниот човек, им е потребен Спасител, некој кој што ќе ги откупи од нивниот сегашен господар - Гревот или Сатаната.
Бидејќи Бог никој не го видел, а ако го види ќе умри, бидејќи ништо грешно не можи да опстои во присуство на Божјата слава, Бог мораше да најди начин како да им се приближи на луѓето, да им помогни, но при тоа тие да не умрат.
Затоа Бог стана човек, во личноста на Исуса Христа. Ако веруваме дека Исус е нашиот Спасител, нашиот Откупител од Гревот, кој што доброволно умре за сите нас луѓето на крстот на Голгота, (ако веруваме и со својата уста го исповедаме тоа), тогаш во ред е нашето верување. Но ако само едноставно веруваме дека постои некоја виша сила, дека има нешто од што сме настанале, дека Бог постои, тогаш кое е Фајдето тоа да го веруваме , ако нашата вера не се темели на фактот дека Исус е нашиот Спасител и Откупител од Гревот, и дека Тој Умре за сите нас и стана наша замена на крстот на Голгота.
Значи...ако само веруваме дека нешто постои во вселената, кое што некои го нарекуваат Бог, други ванземаљац, трети незнам како...нема да имаме никакво Фајде или Корист од тоа.
Сеуште ќе си живееме во своите гревови и така ќе си умреме со своите гревови. Еден ден ќе се најдиме во местото наречено: Вечна мака, Плач и крцкање со заби, Ад, Шеол, и на македонски - Пекол, одкаде што нема враќање или Господи - се извинувам, од сега па натаму ќе верувам. Промена на одлуката веќе ќе нема да има.
Затоа секој нека се преиспита дали Верува дека Исус е неговиот Спасител и Откупител и дека ТОЈ доброволно умре на крстот на Голгота како негова замена, или едноставо, само верува дека постои некоја сила во вселената, која се вика Бог!!!
Со почит, Госпел.