Верски вести III

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
http://wundergroundmusic.com/richard-dawkins-renounces-atheism-after-smoking-dmt/

Shrill, anti-theist professor of unnecessary controversy, Richard Dawkins, has reportedly renounced his atheist beliefs after apparently finding existence of a higher power during a recent DMT trip.

Reportedly telling friends and confidantes that there is a higher power Dawkins wept claiming that his strident certainty in there being nothing after death was misguided and wrong........
.....Describing evolution as “bollocks” and burning his copy of The Origin Of Species Dawkins claims that the “machine elves” showed him a higher plane of existence, called him a supercilious cunt and told him to “stop being such a po-faced and certain dick-rocketeer”.....

Too good to be true :pos:
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.203
Патријархот Кирил: Имајте мерка со интернетот!
Московскиот Патријарх Кирил ги предупредил младите пред екстремната заслепеност од социјалните мрежи, порачувајќи им да не ја заменат реалната комуникација со виртуелна.

- Целосното предавање на информацискиот, виртуелен свет со себе носи опасност од недостиг на вистинска меѓучовечка комуникација. Лесно е да се замисли следниот пример: млади луѓе седат во една соба и гледаат во нивните таблети. Никој не комуницира меѓу себе, а ако некој постави прашање, никој не го слуша. И, што се прави? Младите комуницираат на социјалните мрежи – истакнал Патријархот на отворањето на Првиот меѓународен форум на православната младина во Москва, пренесува верското гласило Правмир.

Според претстојателот на Руската Црква, кога вистинската комуникација е заменета со виртуелна, младиот човек е лишен од опитот на општење со вистинска личност: „Ништо не може да се спореди со искуството на вистинска комуникација со луѓето. Од секој човек зрачи одредена енергија. Понекогаш е доволно да погледеш во очите на другиот и да видиш јасен, мирен поглед и чиста душа; друг пат, пак, во неговите очи гледаме пеколен оган. А, може ли да ја почувствуваме оваа чиста душа на интернет, ако нашиот соговорник само ни зборува за тоа? Ќе го познаеме ли пеколниот оган во сликата и пораката што ни е испратена?"

На крајот, Патријархот нагласил дека не повикува на откажување од социјалните мрежи, туку само дека предупредува на соживувањето со нив до таа мера, што младиот човек би се ставил во ситуација да ги пропушти другите можности што му ги нуди животот.
http://vecer.mk/makedonija/patrijarhot-kiril-imajte-merka-so-internetot
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.203
Денеска е Воведение на Пресвета Богородица (Пречиста)
Денес е Воведение на Пресвета Богородица - Празник на воспитувањето, почеток на Божјата милост и на проповедта за спасение на луѓето. Во храмот Божји јасно Дева се јавува и Христа на сите го предвестува. Нејзе и ние велегласно и извикуваме: Радувај се, исполнување на промислата на Создателот!

Празникот Воведение на Пресвета Богородица во храмот ни го истакнува за углед односот на праведните Јоаким и Ана, нивното исполнување на ветеното, но и нивната грижа за правилно воспитување на нивното дете. Но овој празник и денес е актуелен со тоа што укажува на потребата родителите да се заложат за правилно воспитување на своите деца, за осознавање на вредностите на својата вера, но и за одбрана од негативните пороци коишто ја уништуваат нашата младина.

Денешниот празник Воведение на Пресвета Богородица во храмот што народот го вика Света Пречиста или само Пречиста спаѓа во поголемите есенски празници што се празнуваат и со домашни служби. Овој празник, исто така, спаѓа и во дванаесетте големи христијански празници. Се смета за женски празник и повеќе го празнуваат младите жени, особено оние што уште немаат деца.

Сведоштва за овој празник (како и за некои други моменти од животот на Богородица) се среќаваат само во црковните песни и кај некои писатели на дела со црковна содржина. Праведните Јоаким и Ана, се вели во овие сведоштва, долго немале деца. Го молеле Бога да им даде рожба ветувајќи му дека ќе му ја посветат нему, односно ќе ја дадат да му служи во храмот. Така им се родила Марија. Светото предание натаму сведочи дека бидејќи Марија била измолена со солзи и ветена да му служи на Бога нејзините родители уште кога наполнила една година сакале да ја одведат во храмот. Но се плашеле дека малото девојче може да плаче за нив, па се одлучиле тој чин да го направат кога таа ќе наполни три години. И така кога наполнила три години останувајќи доследни на ветувањето, а и исполнувајќи го долгот кон Бога ја повеле во храмот.

Во свечената поворка што три дена патувала од Назарет до Ерусалим најнапред оделе девојчиња променети во бела облека, со запалени свеќи во рацете, по нив Јоаким и Ана за рака ја воделе малата Марија, а по нив оделе многу роднини и пријатели. Со нив, невидливи за човечкото око, патувале и многу ангели. Беше се собрал и многу народ за да го гледа овој чуден и впечатлив настан. Малата Марија била облечена во свечена облека, со многу украси, како што ѝ приличи на царска ќерка и Божја невеста. Од Назарет до Ерусалим имало три дена пат, но овој пат, бидејќи се работело за патување иницирано со Божја промисла, или со Божји благослов, поворката со леснотија го изодела ова растојание.

Пред храмот свечената поворка ја пречекале свештеници на чело со првосвештеникот Захарие, пеејќи црковни песни. Храмот бил на поиздигнато место и во него се влегувало по скали со 15 степеници. Родителите ја оставиле малата Марија на почетокот на скалите и таа самата, со сила и сигурност на многу поголема возраст, се искачила по скалите весело гледајќи во храмот и не свртувајќи се кон своите родители и кон народот што ја придружувал. Таму ја пречекал првосвештеникот Захарие, (таткото на свети Јован Крстител), кој на општо изненадување на насобраниот народ, а по божја повелба, ја внесол во најсветото место во храмот, еден одделен олтар наречен „Свјатаја свјатих", (или Светиња на светиите). Тука никој не смеел да влезе, особено не жена, не влегувале ниту обичните свештеници, а и првосвештеникот влегувал само еднаш во годината и тоа на празникот на очистувањето, кога принесувал жртва. На ова се чуделе не само луѓето туку и ангелите, но и ова е направено со Божја промисла и е поврзано со идната улога на Богородица, мајката на Исус Христос. Св. Теофилакт Охридски за овој чин вели дека во тој момент првосвештеникот Захариј бил исполнет со Божји Дух, инаку оваа негова постапка не би можела да се објасни. Потоа Јоаким и Ана како што било ред принесле дарови и жртви за Бога и откако добиле благослов од свештениците се простиле со Марија и заедно со роднините и пријателите се вратиле во Назарет. Подоцна тие честопати го посетувале храмот во кој живеела Марија, особено тоа го правела мајката Ана.

Овде во храмот, освен млади девојчиња кои се воспитувале во вистински Божји дух и се подготвувале за идната служба, во посебни простории живееле вдовици кои служеле во храмот, како што била и пророчицата Ана, што светиот апостол и евангелист Лука ја споменува во своето Евангелие. (Лука, 2: 36-38) По смртта на својот маж Јоаким, таму се преселила и Ана, мајката на Марија, но и таа малку време живеела со својата ќерка бидејќи наскоро и таа починала.

Во храмот Богородица останала до 12-тата година. Тука живеела заедно со други девојчиња, заедно се молеле, принесувале жртви, пееле црковни песни, го читале Светото писмо и учеле некои домашни работи како везење, плетење и сл. Храна примала од раката на ангелот, кој ја штител од секакво зло. Била послушна кон сите и затоа сите ја сакале и почитувале. Така во овој храм Пресвета Дева Марија се подготвувала за идната слава што ја очекувала. Црквата ја нарекува прекрасна зора од којашто изгреало сонцето на правдата. Црковната песна пее дека Светиот Дух ја осветил таа што живеела во храмот и се хранела со небесна храна.

Светото предание уште сведочи дека кога Марија стигнала до возраста кога девојките го напуштале храмот и се омажувале, свештениците побарале и таа тоа да го направи. Но Марија тогаш им ја соопштила својата решеност да не стапува во брак туку до крајот на животот да остане во храмот и да му служи на својот Бог. Но тоа не го дозволувале законите, поради што се барало компромис. По Божја промисла таа била дадена на чување кај еден постар човек по име Јосиф, роднина на нејзините родители. Поради тоа во сведоштвата праведниот Јосиф се среќава и како нејзин старател, но и како нејзин свршеник. Така биле задоволени тогашните еврејски закони, а на Марија ѝ била исполнета желбата засекогаш да остане девица и да му служи на Бога. Дотогаш меѓу Евреите не било познато доживотно заветување на Бога, така што Марија е првата девојка што се решила и што успеала до крајот на животот да биде заветена или посветена на Бога. По нејзиниот пример подоцна тргнале илјадници девојки и момчиња.

Во спомен на воведението или воведувањето на тригодишната Марија во храмот Светата црква го востановила празникот Воведение што се празнува на 21 ноември по стариот (или на 4 декември по новиот) календар. Црковното предание за воведувањето на Богородица во храмот започнало да се запишува уште во вториот век, во текстови познати под името апокрифи. Во четвртиот и петтиот век ова предание било познато во целиот христијански свет. Преданието раскажува дека царицата Елена подигнала црква посветена на Воведението.

Празникот Воведение почнал да се празнува многу касно. Се претпоставува дека се празнува од четвртиот век, но во пишаните документи се среќава од осмиот век. Во почетокот немал елементи на голем празник туку само како обичен спомен. Подоцна го среќаваме со претпразненство и попразненство. На иконите овој настан е насликан така што од едната страна стои првосвештеникот на старозаветната црква кој ја пречекува малата Марија на вратата од храмот, придружувана од група девојчиња со запалени свеќи, а тука се и родителите на Марија и другата придружба.
Празникот Воведение на Пресвета Богородица во храмот ни го истакнува за углед односот на праведните Јоаким и Ана, нивното исполнување на ветеното, но и нивната грижа за правилно воспитување на нивното дете. Но овој празник и денес е актуелен со тоа што укажува на потребата родителите да се заложат за правилно воспитување на своите деца, за осознавање на вредностите на својата вера, но и за одбрана од негативните пороци коишто денес ја уништуваат нашата младина.
http://vecer.mk/makedonija/denes-e-vovedenie-na-presveta-bogorodica-prechista

Осветување камен-темелник на нов храм во општина Аеродром

Камен – темелник за нов храм „Св. Јован Златоуст, Св. Василиј Велики и Св. Григориј Богослов“ во населбата Миџурин во Скопје, ќе биде осветен денеска на празникот Воведение на Пресвета Богородица.

Чинот на осветување ќе го изврши Неговото блаженство архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.
http://denesen.mk/web/?p=314833

Член од
21 декември 2011
Мислења
430
Поени од реакции
79
Муслиманите и Коптите апелираат христијаните да останат на Блискиот Исток
Каиро, 5 декември 2014 (МИА) - Муслиманските и коптските свештеници апелираа до христијаните и покрај насилството од џихадистите да останат на Блискиот Исток.

Апелот е упатен по завршувањето на меѓународната конференција против тероризмот и екстремизмот што се одржа во Каиро.

Во завршното соопштение се осудува како злосторство насилното иселување на христијаните и другите верски групи.

На конференцијата беше заклучено дека Исламска држава врши варварски злосторства во обид да извезе лажен ислам.

На кон ференцијата учествуваа претставници од дваесетина држави, меѓу кои Саудиска Арабија, Иран, Индонезија и Малезија.
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.203
Денеска е Света Екатерина, честит именден!
Денеска се слави споменот на светата великомаченичка Екатерина, која пострада за христовата вера. Во едно видение Света Екатерина прими прстен од Самиот Господ Исус, во знак на веридба со Него. Тој прстен до денес стои на нејзината рака. На овој ден имен ден празнуват сите што се викаат Екатерина, Ката, Катина, Катерина.

Света Екатерина била ќерка на царот Александриски Конста. Мајка ѝ беше потајна христијанка, којашто преку својот духовен отец ја приведе кон Христовата вера и Екатерина.

Екатерина беше многу надарена и добро школувана во грчката философија, медицината, реториката и логиката, а притоа беше и необично убава. Кога злочестивиот цар Максенциј им принесуваше самиот жртви на идолите и им наредуваше на другите да го вршат истото, Света Екатерина смело излезе пред царот и ја изобличи неговата идолопоклоничка заблуда.

Кога виде царот дека е посилна од него во мудроста и вознаењето, повика педесетмина најмудри луѓе за да се препираат со неа за верата и да ја посрамат. Но Екатерина ги надмудри нив и ги посрами.

Разјарен царот нареди сите педесетмина мудреци да се изгорат во оган. По молитвите на Света Екатерина овие мудреци сите пред смртта го исповедаа името Христово и се објавија себеси за христијани. Кога оваа маченичка беше во затворот, го приведе кон верата војводата Порфириј со двесте војници, а ја обрати кон Христа и самата царица Августа Василиса. Сите пострадаа за Христа.

При мачењето на Света Екатерина ѝ се јави ангел Божји, го запре и го искрши тркалото на коешто беше мачена; а потоа ѝ се јави Самиот Господ Христос и ја утеши. После многу мачења ја убија со меч во нејзината осумнаесетта година, на 24 ноември 310 година.

Од нејзиното тело истече млеко наместо крв. Чудотворните мошти на Света Екатерина почиваат на Синај.
http://vecer.mk/makedonija/deneska-e-sveta-ekaterina-chestit-imenden
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.203
Владика Јосиф: Веронауката да стане редовен предмет во образованието

Да ја учиме и да ја воспитуваме младината на вредностите на православната вера, со што ќе ги извадиме од челуста на современиот релативизам и либерализам. Тоа најдобро ќе го направиме ако веронауката ја воведеме како редовен предмет во нашето образование.

Ова е пораката што вчера ја пренесе најмладиот владика Јосиф, надлежен за тетовско-гостиварската епархија во Синодот на Македонската православна црква-ОА, по завршувањето на утринската литургија во Соборниот храм во Скопје, по повод одбележувањето на Денот на свети Климент Охридски,
http://plusinfo.mk/vest/7198/vladika-josif-veronaukata-da-stane-redoven-predmet-vo-obrazovanieto
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.693
Поени од реакции
9.299
Eве Западна Европа како го отфрла Исус Христос и започнува пополека да си ги покажува рокчињата:

Season’s Greetings: EU avoids ‘Jesus’ in Xmas cards so as not to offend other religions

French court bans Christmas nativity scene

http://www.bbc.com/news/world-europe-30326257

Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Совршениот ислам и неговите совршени правила.

ИСИС продолжува да шокира: Правилник за однесување кон сексуалните робинки

Продолжувајќи да ја покажува својата суровост, Исламската држава издала правилник составен од 27 најчести прашања во врска со односот кон сексуалните робинки: кој може да е роб, дали жената треба да се тепа и кога е оправдано да се силува дете!

Станува збор за документ издаден кон почетокот на овој месец, насловен како “Оддел за затвореници и женски работи”, а во рамките на истиот детално е објаснето кој се може да биде сексуален роб, кога жената треба да биде претепана и под кои услови е оправдано да се силуваат девојките кои што се уште не се во пубертет.

Милитантите на Исламската држава кои што се борат во Сирија и Ирак ги добиле овие застрашувачки упатства за тоа како да се однесуваат кон сексуалните робинки кои што се држат заробени во борделите и притворите на оваа терористичка група.

Само како потсетување, Исламската држава моментално во Сирија држи околу 5.000 киднапирани жени и деца и истите ги искористува како сексуални робинки.

Поголемиот дел од заробеничките се припаднички на религиозната група Језиди, а биле киднапирани во текот на масакрот во Монт Сијар кон почетокот на август.

Во рамките на правилникот е наведено дека овие жени може секојдневно да бидат затворани и силувани од страна на милитантите, кои може “да ги купат” за мизерни 25 евра.

Правилникот бил објавен на интернет страницата Мemri, а во продолжение прочитајте ги во целост неговите ставки.

1. Што е тоа al-Sabi ?

Al-Sabi е жена од Ahl al-Harb, народот во војна, која е заробена од страна на муслиманите.

2. Зошто е допуштено да се заробуваат al-Sabi жените?

Она поради кое што е дозволено жените al-Sabi да се заробуваат е нивната невера. Неверниците кои што се заробени и доведени во скривалиштата на исламот нам ни се препуштени откако имамот ќе ги дистрибуира до нас.

3. Може ли сите жени неверници да бидат одведени во ропство?

Не се негира дека е дозволено заробување на жените неверници, кои што се разликуваат од останатите, оние родените неверници, како и Еврејките, христијанките и политеистите.

Меѓутоа, забрането е заробување на жените бездомници. Иако консензусот забранува нивно заробување, некои луѓе тоа го сметаат за дозволено. Ние од ИСИС се придржуваме кон консензусот.

4. Дали е дозволен секс со заробеничка?

Дозволено е да се има полов однос со женските заробенички. Семоќниот Алах вели: Успешни се верниците кои што ја чуваат невиноста, освен на својата жена или од заробеничките и робовите, кои се поседуваат и тогаш се ослободени од вината. (Куран 23: 5-6)

5. Дали е дозволен секс со заробена жена непосредно по нејзиното заробување?

Доколку таа е девица, господарот може да има полов однос веднаш со неа откако ќе ја земе во своја сопственост. Меѓутоа, доколку таа не е девица, нејзината матка мора најпрво да се прочисти.

6. Дали е дозволено да се продаваат женските робови?

Дозволено е да се купуваат, продаваат или да се дадат како подарок, затоа што тие се само објект кој не може да се згрижува (се додека тоа не може да предизвика никаква штета).

7. Дали е дозволено да ја одделите мајката од децата во текот на чинот на купување или продажба?

Не е дозволено да ја одвоите мајката од нејзините малолетни деца преку купување, продажба или дарување. Дозволено е да ги одвоите доколку децата се возрасни и зрели.

8. Доколку двајца или повеќе купат женски роб заедно, дали таа е сексуално достапна за секого од нив?

Забранет е сексот со женска заробеничка доколку истата не ја поседува исклучиво еден господар. Оној кој поседува заробеничка во партнерство со други, не може да има полов однос со неа, се додека останатите сопственици не му го продадат или дадат својот удел.

9. Доколку жената во заробеништво затруднела од нејзиниот сопственик, може ли тој да ја продаде?

Доколку таа стане мајка, односно го роди детето, тој не смее да ја продава.

10. Доколку човекот умре, каков е законот во врска со женската робинка која била негова сопственост?

Женските заробенички се распределуваат како делови од неговиот имот, исто како и сите останати делови од наследството. Меѓутоа, таа може да дава услуги, без секс, доколку таткото или еден од синовите веќе имал однос со неа, или пак доколку повеќе луѓе ја наследуваат.

11. Може ли човек да има односи со робинката на својата сопруга?

Човекот не може да има полов однос со робинката на својата сопруга затоа што таа (робинката) е во сопственост на некој друг (сопругата).

12. Може ли човек да бакне робинка на друг сопственик, доколку има дозвола за тоа од него?

Човекот не може да бакнува туѓа робинка затоа што бакнувањето вклучува задоволство, а задоволството е забрането, освен доколку човекот не ја поседува робата.

13. Дали е дозволено да се има полов однос со робинка која се уште не е во пубертет?

Дозволено е да се има секс со робинка која не влегла во пубертет, доколку таа е погодна, подготвена за секс, но доколку не е, тогаш доволно е да се ужива во неа без секс.

14. Кои интимни делови од телото на робинката треба да бидат скриени во текот на молитвата?

Интимните делови од телото кои што мора да бидат скриени во текот на молитвата се истите кои што мораат да бидат скриени и надвор од молитвата, а тоа е се, освен главата, вратот, рацете и стапалата.

15. Може ли робинката да се сретне со непознат маж без превез?

На робинката и е дозволено да ја покаже главата, вратот, рацете и стапалата пред непознат маж, доколку привлекувањето може да се избегне. Меѓутоа доколку меѓусебното привлекување е присутно или постои страв дека истото може да се случи, покажувањето на овие делови од телото е забрането.

16. Може ли две сестри да се земат како робинки?

Дозволено е две сестри да се робинки на ист маж, како и робинка и нејзината тетка, односно сестрата на нејзиниот татко или сестрата на нејзината мајка. Но, тие не може да бидат заедно во текот на половиот однос и, доколку мажот има однос со едната од нив, не може да има сексуален однос со другата, поради општиот консензус.

17. Што е тоа al-'azl?

Al-'azl е откажување од машката ејакулација над вулвата кај жената.

18. Може ли човекот да ја користи техниката Al-'azl со својата робинка?

На човекот му е дозволено да ја користи оваа техника за време на сексот со својата робинка, со или без нејзина дозвола.

19. Дали е дозволено да се тепаат робинките?

Дозволено е да се тепаат робинките како дисциплинско покажување на сила, меѓутоа забрането е брутално претепување, тепање со цел за зголемување на сопственото задоволство или пак измачување. Исто така, забрането е да се повредува робинката во пределот на лицето.

20. Каква е пресудата за робинката која ќе избега од господарот?

Машкиот или женски роб кој бега од својот господар спаѓа во групата на најтешки грешници.

21. Која е земската казна за робинката која бега од господарот?

Според шеријатот на Алах нема казна за робинката која бега од својот господар, но таа се казнува на начин со кој сите останати се обесхрабруваат да го следат нејзиниот пример.

22. Дали е дозволено да се стапи во брак со робинка, Еврејка или христијанка робинка?

Недозволиво е слободен човек да се ожени со муслиманка робинка или робинка Еврејка или христијанка, освен оние луѓе кои што се плашат дека ќе направат грев, а тоа е гревот на блудничење.

23. Доколку маж се ожени со туѓа робинка, има ли право на секс со неа?

На господарот му е забрането да има секс со својата робинка која е омажена за друг маж. Наместо тоа, господарот ги добива нејзините услуги, а мажот може сексуално да ужива во неа.

24. Дали за робинките се применуваат казните од Куранот?

Доколку робинката направи нешто што бара казна, казните од Куранот се спроведуваат над неа.

25. Што е наградата за ослободување на робинка?

Семоќниот Алах во Куранот рекол: “Како ќе знаете дека имате карта за ослободување од пеколот? Доколку ослободите роб!”. Пророкот Мухамед пак рекол: “Кој ослободи верник на Алах, го ослободува секој негов орган од телото од пеколниот оган!”

http://tocka.com.mk/1/145009/isis-prodolzuva-da-sokira-pravilnik-za-odnesuvanje-kon-seksualnite-robinki

Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.203
Романскиот патријарх половина од својата плата месечно ја донира за сиромашните

Романскиот патријарх Даниел секој месец донира половина од својата плата за сиромашните, која изнесува околу 3.150 евра.

Патријархот половина од својата заработувачка ја добива од државата, а останатиот дел од средствата на Букурешката архиепископија.

Секој месец тој донира по околу 1.500 евра за изграда на манастир во своето родно село и иницијативи за поддршка на сиромашните

Во Грузија обилно мироточи икона

Во едно семејство во Грузија уште од крајот на јули обилно мироточи иконата на преподобно исповедникот Гавриил (Ургебадзе). Тоа е младо семејство со две мали деца. За нив се зборува како за многу добри луѓе. Тие веруваат, но сѐ уште не се оцрковени, се вели во емисијата на ТВ. Грузиска Патријаршија.

Раскажува Мака, сопственичката на иконата: „Оваа икона ние ја купивме за Пасха. Ѝ го доделивме нејзиното должно место во семејниот иконостас. Пред околу три месеци таа почна да мироточи. Ја избришав иконата и забележав дека платното со кое ја избришав беше лизгаво. Тогаш се зачудивме зошто и што се случува со иконата. Започна многу обилно мироточење. Мирото тече по целата површина на иконата. Пред една недела се слушна звук на кршење стакло. Утрото, рано в зори во 04:00 часот го слушнавме тој звук. Можете и сами да видите како тече мирото од иконата“.

Неодамна членовите на семејството му ја покажаа иконата на Патријархот Илија II. Тој беше многу среќен и ги благослови, и рече светињата да се остави во семејството.

„Ние разговаравме со Патријархот“, рече Мака, „тој нѐ благослови и рече дека е големо чудо што не се случува во секое семејство. Нас нѐ интересираше зошто слушнавме звук на кршење стакло. Патријархот рече дека очигледно нас нѐ „чекало некое поголемо тешко искушение, но иконата го зела тоа искушение на себе и не дозволила да се допре до вас“.

Мирото се собира во посебен сад затоа што мироточењето е многу обилно. Духовништвото што доаѓа го собира за со оваа светиња да ги помаже парохјаните, соопштува телевизијата на Грузиската Патријаршија.
http://denesen.mk/web/?p=316106
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
КИЧЕВСКА ПОЛИЦИЈА
Албански државјанин ги украл моштите на света Параскева

http://vecer.mk/makedonija/albanski-drzhavjanin-gi-ukral-moshtite-na-sveta-paraskeva

http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=56214

[DOUBLEPOST=1418393092][/DOUBLEPOST]„Проблематичниот“ оџа од Велес бегал со љубовница за Германија?

Оџата Несим Демири од Велес, кој беше уапсен во обид да превезува сириски мигранти преку Македонија во Србија, не е првпат да ја скандализира велешката јавност.

Имено, пред две години муслиманските верници во Велес го обвинија дека побегнал во Германија и притоа со себе однел 6–7 илјади евра пари од донации.

Неофицијалните информации тогаш говореа дека оџата од Фазли Ахмет Паша џамијата, или во Велес позната како „Црна Џамија“ во Германија заминал со својата љубовница, додека ја оставил сопругата преку која во овој град го промовирал носењето на бурка.

По заминувањето, Демири побарал и судски развод од сопругата, а таа ја симнала бурката.

37-годишниот оџа Демири завршил религиозно образование во Саудиска Арабија, а во Велес се поврзувал и со обидите да се шири радикален исламизам. Иако во Велес нема многу муслимански верници или приходи во единствената џамија, тој за краток период успеал да смени четири скапи автомобили, пишуваат велешките медиуми.

Од Германија се вратил пред извесно време, а само пред 10-тина дена повторно бил назначен за оџа. Полицијата сега го уапси во обид да прошверцува четворица мигранти од Сирија преку македонска територија, а судот му одреди мерка притвор.

http://faktor.mk/2014/12/12/проблематичниот-оџа-од-велес-бега/
[DOUBLEPOST=1418393381][/DOUBLEPOST]

ХОРОРОТ НА ИСИЛ ПРОДОЛЖУВА
Исламистите ги фрлаат хомосексуалците од покрив!

http://vecer.mk/svet/islamistite-gi-frlaat-od-pokriv-homoseksualcite

Последно уредено:
Член од
14 август 2006
Мислења
45.434
Поени од реакции
84.787
Хроника
Кривична пријава за ограбувач на цркви во Крушевско
Полицијата во Крушево поднесе кривична пријава против Џ.А.(24) од Прилеп, кој е осомничен дека извршил „тешка кражба“ во црквата „Св.Димитрија“ во с.Горно Дивјаци и се обидел да изврши кривично дело „тешка кражба“ во црквата „Свети Никола“ во с.Долно Дивјаци, двете во општина Крушево

Како што соопшти МВР, осомничениот Џ.А во село Горно Дивјаци, во црквата „Св.Димитрија“ извршил тешка кражба на начин што со употреба на погоден алат делувал на прозорецот од црквата, влегол во внатрешноста на објектот и одзел две стари дрвени икони.

Истиот ден, пријавениот, отишол во црквата “Св.Никола“ во соседното с.Долно Дивјаци, крушевско и со погоден алат го скршил цилиндерот од бравата од металната врата од трпезаријата, која е поврзана со селската црква. Потоа зел еден копач од просторијата за алати до трпезаријата и со употреба на сила ја отворил дрвената влезна врата од црквата, извршил пребараување во олтарот и во внатрешноста од црквата, но најверојатно не одзел икони или други предмети од храмот.
 
Член од
21 декември 2011
Мислења
430
Поени од реакции
79
Исповед на еден од лидерите: "Американците ни помогнаа да ги изградиме темелите на Исламската држава"

12.12.2014 | 11:41
Извор: Точка
Прочитано: 1809 пати
Испрати на пријател
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот

“Американскиот затвор беше фабриката која што не создаде сите нас, сите џихадисти”, ја започнал својата приказна еден од лидерите на озогласената Исламска држава.

Британскиот магазин The Guardian објавил ексклузивна исповед на џихадистот кој се претставува под псевдонимот Абу Ахмед, кој пред новинарот Мартин Чулов открил досега непознати детали за почетоците на терористичката група ИСИС.

Во опширниот разговор со новинарот, Ахмед признал дека терористичката група била формирала во озогласениот американски затвор во Ирак. Тој раскажал дека американските војници го пренеле во затворот Camp Bucca, на југот од Ирак во текот на летото во 2004 година.

Гласините за хоророт кој што се случувал помеѓу ѕидовите на пустинската тврдина во тој период под управа на американската војска се прошириле ширум Блискиот исток како шумски пожар.

Веднаш по доаѓањето, чуварите го одвеле Ахмед низ лавиринт од ходници, до отворениот двор помеѓу затворските ѕидини. Тој се присетил дека веднаш откако ги здогледал мажите облечени во светли затворенички оддела, веќе препознал неколкумина.

Ахмед се присетил дека се плашел поради затвореничките денови кои што го очекувале, но како што денес тврди, неговиот престој во затворот бил многу поудобен од она што тој првично очекувал.

Абу Ахмед бил затворен во озогласениот затвор пред една деценија, а денес тој е еден од неколкуте водичи на Исламската држава. Сега тој се бори рамо до рамо со радикалните исламисти со кои што претходно ги поминувал деновите зад решетките.

Како и тој, и останатите сегашни џихадисти биле заробени од американските војници ширум Ирак, во градовите како што е на пример Багдад, односно биле затворени во затвореничките кампови кои што во тој период во Ирак “никнувале како печурки”.

Неверојатна прилика

По доаѓањето во затворот, останатите затвореници го предупредиле дека тоа е навистина страшно место, но со текот на времето, сите сфатиле дека всушност, таа установа под американска контрола за нив е неверојатна прилика.

Ахмед изјавил дека никогаш не би можеле заедно да се соберат на едно место, како што тоа го направиле во овој затвор. Тој вели дека тоа би било неверојатно опасно. Но во затворот, покрај тоа што биле на безбедно, тие биле и на само неколку стотина метри оддалеченост од целото раководство на Ал-Каеда.

Токму во затворот Camp Bucca Ахмед го запознал и Абу Бакра ал-Багдади, денешниот калиф на самопрогласената Исламска држава, кој според Американците моментално е и најопасниот терорист во светот.

Абу Ахмед уште од самиот почеток бил клучен член на терористичката група во подем. Како и многу други членови на организацијата, Ахмед пораснал под американската окупација на Ирак, за која што многумина сметале дека крајната цел било предавањето на власта на шиитите наспроти мнозинството од сунитската популација.

По речиси две години преговори, Абу Ахмед конечно прифатил да даде интервју за The Guardian, за самата срж на терористичката организација, која во меѓувреме поради стравот и теророт на фундаменталистичкото војување, се преселила во соседна Сирија.

Преиспитување на здравиот разум

Бруталноста на злосторствата на ИСИС го натерала да го преиспита сопствениот здрав разум, но и своите уверувања кои што повеќе не се во согласност со актуелното водство на терористичката организација. Со текот на годините Ахмед сфатил дека не е се во насилството, односно дека Куранот мора да се интерпретира, а не да се сфаќа буквално.

Неговите лични дилеми за иднината на Исламската држава и теророт кој што таа го шири на Блискиот исток, го натерала Ахмед во серијата од долги разговори со новинарот Чулов да ги открие сите детали за мистериозниот водич Ал-Багдади и раѓањето на терористичките клетки во внатрешноста на затворската ќелија во Ирак.

Присетувајќи се на затворските денови на Ал-Багдади во затворскиот комплекс, Абу Ахмед раскажал дека затвореникот, кој што сега е најбараниот човек на светот, бил повлечен човек и ретко стапувал во контакт со останатите робијаши.

Но, американските чувари во Багдади виделе нешто сосема друго и за него смислиле поинакви планови. Земајќи го во предвид неговиот благ нарав и смирувачкото влијание, тие сметале дека тој ќе биде идеален за смирување на конфликтите помеѓу затворениците.
Сепак, Абу Ахмед тврди дека тоа било дел од големиот план на Багдади, кој нешто криел во себе, темнина која што не сакал да ја разоткрие пред останатите луѓе!

Кој е Абу Бакра ал-Багдади?

Абу Бакра ал-Багдади е роден како Ибрахим Авад ал-Бадриал Ал-Самараи во 1971 година во ирачкиот град Самари. Американската војска го уапсила во куќата на негов пријател, западно од Багдад, во јуни 2004 година, само неколку месеци откако тој помогнал при основањето на милитантната група Jeish Ahl al-Sunnah al-Jamaah.

Транспортирајќи го во затворот Camp Bucca, Американците не можеле ниту да претпостават кого уапсиле и затвориле. Но, тоа не го знаеле ниту останатите затвореници, околу 24.000 робијаши поделени во 24 кампови! Затворениците носеле разнобојни униформи кои што, за чуварите на затворот и за останатите затвореници, биле симбол на статусот.

Така, Абу Ахмед открил дека црвени униформи носеле затвореници кои што направиле прекршок во внатрешноста на затворот, бели носеле истакнатите шефови, зелени носеле оние со долги затворски казни, а жолти и портокалови униформи биле наменети за вообичаените затвореници.

Малата милитантна група со која управувал Ал-Багдади била само една од многуте кои што настанале по падот на Садам Хусеин. Всушност, поголемиот дел од нив подоцна се придружиле кон Ал-Каеда, а подоцна и кон ИСИС.

Сите тие терористички групи биле претходници на денешната Исламска Држава, која под водство на Ал-Багдади прегазила добар дел од Ирак, како и источните делови од Сирија. Но, во текот на затворскиот престој на Багдади во Ирак, малкумина знаеле за неговата терористичка група, па затоа и тој не бил толку опасен, како озогласениот Абу Мусаба Ал-Заркави.

Абу Ахмед се присетил дека Багдади бил тивок и повлечен. Имал харизма, можело да се почувствува дека е некој важен, но едноставно, останатите терористички водичи биле поважни од него. Ахмед дури тогаш не верувал дека Ал-Багдади ќе стигне толку далеку.

Скарај, па владеј!

Исто така, Ал-Багдади знаел како да ја придобие довербата на американските војници, кои во него виделе личност која што ќе ги смирува тензиите помеѓу конкурентните струи во внатрешноста на затворските ѕидини, односно дека тој ќе го обезбеди мирот во затворот.

Меѓутоа, со текот на времето, Ал-Багдади станал жариште на речиси секој проблем во затворот. Ахмед изјавил дека Багдади посакувал да стане затворски водич, а притоа се служел со техникатаСкарај ги, па владеј. Сето тоа го правел со една цел, да си обезбеди статус на лидер.

Ахмед открил дека Американците го почитувале Багдади, па секогаш кога тој сакал да посети некого во друг затворенички камп, чуварите му дозволувале, додека останатите затвореници немале такви привилегии.

Ал-Багдади бил пуштен од затворот во декември 2004 година, пред се затоа што Американците сметале дека тој повеќе не претставува никаква закана. Денес, кога сфаќаат дека идниот водич на Исламската држава веќе го имале во раце, но го пуштиле, Американците сигурно жалат, пред се затоа што неговиот подем се одвивал точно пред нивните очи.

Како што истакнал и Абу Ахмед, доколку не постоел затворот во Ирак, не би постоела ниту Исламската држава. “Тој затвор беше и фабриката која што нас не создаде. Ја изгради нашата идеологија”, изјавил Абу Ахмед.

Договор зад решетките

Додека бруталните војници на Исламската држава сеат страв ширум регионот, Американците сфаќаат дека нивни водичи се токму луѓето кои што биле зад решетките во нивните затвори во текот на окупацијата на Ирак.

Покрај затворот Camp Bucca, американската војска управувала и со затворот Camp Cropper во близина на аеродромот во Багдад, како и веројатно најпознатиот затвор до сите, озогласениот Abu Ghraib.

“Затворот беше совршено окружување. Имавме толку време за размислување и планирање. Сите се договоривме дека повторно ќе се најдеме кога ќе сме на слобода”, изјавил Абу Ахмед.

[DOUBLEPOST=1418402541][/DOUBLEPOST]Нов скандал во Ватиканската банка!

06.12.2014 | 22:16
Извор: Точка

Иако Ватиканската банка не можела да соопшти повеќе детали за случајот - "поради судската истрага која е во тек", портпаролот на Ватикан, Федерико Ломбарди, за италијанските медиуми изјавил дека три лица се осомничени за проневера на пари.

Двајца поранешни менаџери на Ватиканската банка и еден адвокат, се обвинети за проневера, а нивните банкарски сметки биле замрзнати поради истрагата, соопштиле денес од Ватикан.

Ватиканската банка, официјално позната под името "Институт за верски работи", соопштила дека пред неколку месеци поднела тужба против три лица и дека нивните банкарски сметки од неодамна биле замрзнати.

Иако Институтот не можел да соопшти повеќе детали за случајот - "поради судската истрага која е во тек", портпаролот на Ватикан, Федерико Ломбарди, за италијанските медиуми изјавил дека три лица се осомничени за проневера на пари, пишува AFP.

Тие, наводно, префрлувале пари додека управувале со продажбата на 29 згради, зад кои стоела Ватиканската банка.

Во соопштението на банката стои дека поранешните менаџери и адвокатот се под истрага поради "околностите забележани меѓу 2001. и 2008. година, кои се појавиле во постапката за внатрешна контрола започната во 2013. година".

Папата Франсиско, кој минатата година бил прогласен за поглавар на Ватикан, како приоритет го поставил унапредувањето на транспарентноста во таа повеќевековна институција, наведува француската агенција.

"Многу сме задоволни што ватиканските власти преземаат одлична акција", рекол директорот на бордот на Институтот, Жан-Баптист де Франсу.[DOUBLEPOST=1418402895][/DOUBLEPOST]http://dubai-portal.com.mk/?p=39917[DOUBLEPOST=1418403463][/DOUBLEPOST]Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган во четвртокот повика на обединување на муслиманските земји против постоечката криза на Блискиот исток.
„Единствен услов за надминување на кризата во исламскиот свет е единство, солидарност и сојуз. „Верувајте ми, ние можеме да го решиме секој проблем се додека сме обединети“, рече Ердоган на министерскиот состанок на Постојаниот одбор за економска и трговска соработка на земјите на Организацијата на исламската конференција (COMCEC). „Исламските земји, кои неодамна економски се развија, напоредно ја доживуваат најголема хуманитарна и политичка криза во својата историја“, рече турскиот претседател.
„Доколку ние како муслимани делуваме заедно ќе ја прекинеме осаменоста на Палестина која трае речиси еден век... Можно е да се запре крвопролевањето во Ирак и убивањето на сириски деца доколку се обединиме“, додаде Ердоган.
Ердоган го повика муслиманскиот свет на акција поради кризите во Сирија и Ирак велејќи: „Ве молам да погледнете што се случува и сфатете кој победува, а кој губи од тие убивања и судири?“
Турскиот претседател беше посебно критичен кон ОН велејќи: „Додека Обединетите нации стојат со скрстени раце над пролевањето детска крв, Организацијата на исламската конференција не смее да остане рамнодушна.“
„Дали Обединетите нации до сега најдоа решение за она што се случува во Сирија и Ирак? Дали ОН е праведна?“ запраша тој. „Не можете да очекувате правда од тело кое нема правда над сите“.
Ердоган говореше исто така и за своите неодамнешни изјави за откривањето на американскиот континент во текот на самитот на муслиманските лидери од Латинска Америка во Истанбул. Тој кажа дека се нашол на мета на западните медиуми поради своите изјави.
„Тие се вознемирени поради потсетување на историски вистини, истории на цивилизации, науката, политиката и војската“.
„Некои 314 години пред откритието на Колумбо, муслиманските морепловци стигнале на континентот 1178 година“, додаде Ердоган.
Пофалувајќи го неодамнешниот развој на исламските земји во поглед на трговијата претседателот на Турција рече: „Маргините на исламските земји во светската трговија пораснаа за околу 50 % во последните десет години.“
Ердоган исто така ја нагласи важноста на финансиската соработка меѓу муслиманските земји велејќи:„Ние мораме да ја преиспитаме нашата стратегија ... COMCEC треба да воспостави берза на недвижнини. Исто така треба да воспостави размена на злато.“
COMCEC е основан во Мекка 1981 година, а се состанува еднаш годишно на министерско ниво во Истанбул како би ги решавале заедничките проблеми на муслиманскиот свет.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom