- Член од
- 13 февруари 2012
- Мислења
- 2.733
- Поени од реакции
- 1.226
Гвинеја: 54 загинати меѓу судири на христијаните и муслиманите
Четврток, 18 Јули 2013 09:24
Најмалку 54 лица се убиени, 80 се повредени, а околу 50 други се уапсени во судири меѓу припадници на муслиманско и христијанско племе во Гвинеја, соопштија властите.
По тридневните судири, властите испратиле воени единици во југозападниот дел од земјата за да го спречат насилството.
Претставници на муслиманското племе Гуерзе во неделата линчувале еден тинејџер од христијанското племе Конианке, обвинувајќи го за кражба. Веднаш потоа започнале судири, кои го зафатиле реонот во близина на границата на Гвинеја со Брегот на Слоновата Боска.
Властите тврдат дека ситуацијата е веќе мирна.
Судирите меѓу двете племиња зачестија во изминатиот период. Последното насилство доаѓа откако политичките сили во Гвинеја конечно се договорија, по месеци на неуспех и насилни улични протести, за одржување на парламентарни избори на 24 септември
http://kurir.mk/svet/vesti/123720-Gvineja-54-zaginati-megu-sudiri-na-hristijanite-i-muslimanite
--- надополнето: 18 јули 2013 во 23:58 ---
извор: Макфакс
18 јули 2013 - 19:06
Во Сирија 29 убиени во судирите меѓу Курдите и џихадистите
Триесетина Курди и џихадисти се убиени во судирите што траат два дена во северниот дел од Сирија, поп поразот на исламските фундаменталисти во пограничен град со Турција, објави во четвртокот Сириската опсерваторија за човекови права (OSDH) со седиште во Лондон.
„Најмалку 19 припадници на џихадистичкото движење Фронтот ал-Нусра и десет курдски борци се убиени од вторникот во текот на жестоките судири кои траат во подрачјето на Хасака", се наведува во соопштението на OSDH што го цитира AFP.
Во средата борците на сириските Курди му нанесоа тежок пораз на борците на движењата Фронтот ал-Нусра (во кој според разузнавачки информации се борат и платеници и исламски фундаменталисти од Босна и Херцеговина, јужна Србија, Косово и Македонија) и Исламската држава во Ирак и на Левантот (Медитеранот), блиски на глобалната терористичка организација Ал Каеда. Џихадистичките борци беа протерани од местото Рас ал-Аин, а многу набрзо, по жестоки борби, го загубија и селото Касрук во истата област.
Откако биле протерани од Рас ал-Аин, радикалните исламисти од ал-Нусра го гранатирале местото.
Според извори на светските агенции од Рас ал-Аин, борците на ал-Нусра, поборници на строгиот ислам,. Од почетокот на рамазан почнале да вршат притисок врз локалното населени да мора да пости и ги предупредувале жените дека мора да носат фереџе или никаб, што многу припаднички на Курдите, особено оние коишто учествуваат во борбите, не го прават.
Во јануари 2103 година борците на Курдските народни одбранбени единици (KPDU), исто така, се судрија со бунтовници во градот Рас ал-Аин во северната покраина Хасака, при што имаше шеесетина загинати борци.
Станува збор за курдска милиција којашто е поврзана со Работничката партија на Курдистан (PKK) којашто во Турција, ЕУ и САД е прогласена за терористичка организација, а којашто повеќе од три децении води вооружена борба против турските безбедносни сили за формирање автономна курдска провинција.
Курдите живеат главно на северот од земјата. Тие порано го поддржуваа режимот на Башар ал-Асад, а од почетокот на граѓанската војна иако првично се чинеше дека се доближуваат до опозицијата полека се дистанцираа и се обидуваат да ги заштитат своите региони од судирите.
Курдите сочинуваат околу 10 до 15 отсто од населението на Сирија од околу 23 милиони жители на земјата којашто од март 2011 година е зафатена од крвавиот внатрешен конфликт. Долги години дел од сириските Курди го обвинуваат Дамаск за дискриминаторска политика и потиснување на курдското национално движење. Меѓутоа, уште од кога започнаа судирите на опозиција со силите на режимот на претседателот Башар ал-Асад, Курдите не земаа учество во конфликтот. Сириската војска се повлече од курдските области во северо-источниот дел на земјата, со исклучок на двата поважни града Хасака и Камишли. Сите други градови во регионот се под контрола на Курдите кои добија и помош од западот за да не дозволуваат во нивните области да навлезат исламистичките опозициски групи кои се поврзани со глобалната терористичка мрежа Ал Каеда.
Курдите го користат овој повеќе од двегодишен сириски конфликт за да воспостават свои училишта и културни центри, како и полиција и вооружени милиции, што им беше оневозможено во периодот на повеќедецениското владеење на партијата Баат.
Курдите досега се држеа резервирано и на дистанца наспроти мнозинските сунитски бунтовници, меѓу кои влијае исламистичкото влијание, особено поради поддршката што бунтовниците ја имаат од сунитска Турција, во страв дека тие нема да ја почитуваат нивната желба за автономен регион во кој се наоѓаат значителен дел од проценетите 2,5 милијарди барели резерви сириска сирова нафта
http://makfax.com.mk/314600/vo_sirija_29_ubieni_vo_sudirite_megju_kurdite_i_dzhihadistite