14 јули 2013 - 20:46
Замрзнати сметките на 14 исламистички лидери
Египетското правосудство во неделата одлучи да го замрзне имотот на 14 високи исламистички челници, меѓу кои и на Мохамед Бадеи, врховниот учител (водач) на Муслиманското братство.
Одлуката за замрзнување на имотите на исламистичките челници која ја донесе државниот обвинител Хишам Баракат, е насочена особено против девет челници на Муслиманското братство, изјавиле правосудни извори.
Одлуката е донесена во рамките на истрагата за неколку крвави судири особено од 8-ми јули, во кои смртно настрадаа 53 луѓе а 400 беа повредени во главниот град Каиро. Судирите од 8-ми јули, којга протестираа приврзаниците на отстранетиот исламистички претседател Мохамед Морси, Муслиманското братство ги нарече масакр и тврди дека врз демонстрантите било пукано кога се молеле. Арнијата, пак, тврди дека одговорила на напад на терористи.
Два дена подоцна беше издаден налог за апсење против врховниот водач и другите високи функционери на Муслиманското братство. Обвинети за поттикнување насилство се вкупно 250.
Замрзнати се и банкарските сметки на замениците на лидерот на движењето Хјират аш-Патер и на Рашад ал-Бајијуми, како и на претседателот на политичкото крило на организацијата, партијата Слобода и правда, Саад ал-Кататни./крај/мф/сн
http://makfax.com.mk/314238/zamrznati_smetkite_na_14_islamistichki_lideri
--- надополнето: 15 јули 2013 во 00:17 ---
Шеесет илјади Конгоанци пребегнаа во Уганда по бунтовнички напад
Околу 60 илјади Конгоанци пребегнаа во Уганда, откако бунтовниците го нападнаа пограничниот конгоански град Каманго, соопшти денеска Угандскиот црвен крст.
Катрин Нтабаде од Црвениот крст изјави дека организацијата веќе регистрирала 41 илјада бегалци и оти уштре 20 илјади лица ќе бидат регистрирани во таа категорија.
Бранот бегалци трае веќе три дена, откако бунтовничката групација Обединетите демократски сили го нападна Каманго во четвртокот и убија неколку лица.
Оваа групација дејствува веќе една година во џунглите на источно Конго, откако беше протерана од територијата на Уганда со воена операција. Групата е формирана на почетокот на ’90-те години од угандските муслимани, кои бараат воведување на шеријатот во Уганда.
http://a1on.mk/wordpress/archives/178556
--- надополнето: 15 јули 2013 во 00:18 ---
Свет | 14. јули 2013 - 14:57
Околу 200 лица блокирани во џамија во Дамаск
Антирежимската Сириска опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, соопшти дека 200 цивили нашле засолниште во џамија во Дамаск, поради борбите кои ги водат бунтовниците и владините сили, и оти на цивилите им се заканува масакр.
Сириската опозициска коалиција ги повика во денешното соопштение ОН да испратат „остро предупредување“ на претседателот Башар ал-Асад оти мора веднаш да ги ослободи луѓето кои се засолниле во џамија во Кабун, предградие на Дамаск.
Во соопштението не се наведува дали тие 200 луѓе нашле засолниште во џамијата, или веќе биле таму и се молеле кога избиле судирите.
http://www.sitel.com.mk/mk/okolu-200-lica-blokirani-vo-dzhamija-vo-damask
--- надополнето: 15 јули 2013 во 00:23 ---
14 јули 2013 - 15:15
Над 30 загинати во судирите меѓу војската и исламистите
Уште најмалку седум луѓе се убиени во неделата на југ од Филипини во судирите меѓу владините вооружени сили и бунтовниците исламисти, со што вкупниот број достигна 30 загинати, јавуваат во локалните медиуми.
Во напад извршен во неделата во провинцијата Магуинданао од страна на 20 милитанти на Движење за исламска слобода на Моро (MNLF), врз воен транспорт, загинале двајца војници и петмина исламисти, изјавил портпаролот на Шестата пешадиска дивизија на филипинската армија, Диксон Хермосо
„Во моментов војската води потера по милитантите", додал портпаролот.
Движењето MNLF, коешто во моментов според процените има 300 активни борци, во 2010 се отцепи од најмоќната организација на филипинските муслимани - Фронтот на исламското ослободување на Моро (MILF), во октомври минатата година потпиша договор со владата за ставање крај на децениската борба.
Основачот на оваа групација, поранешниот борбен командант на MILF, Америл Умбра Като, изјави дека има намера да ја продолжи вооружената борба без разлика од искодот на мировните преговори со владата.
Движењето MNLF одамна е главна движечка сила на југот од Филипини, коешто од 1974 година започна војна со владините сили и паравоените исламистички формации, но во 1996 година потпиша мировен договор со владата. Во 2001 година, лидерот на MNLF Нур Мисуари се обиде да крене нов бунт против централната власт, но тој набрзо беше задушен. Самиот Мисуари побегна во Малезија, од каде беше екстрадиран во Филипини, каде што од 2002 година се наоѓа во затвор, но сé уште е влијателна фигура во муслиманскиот свет.
Кон средината на октомври 2012 година филипинскиот претседател Бенињо Акино и лидерот на Исламскиот ослободителен фронт на Моро (MILF) Ебрахим Мурад се сретнаа во претседателската палата во Манила. Овој договор се доживува како напредок кон ставањето крај на четириесетгодишните судири во коишто загинале околу 150 илјади луѓе и во текот на кои беше разорена економијата на регионот.
Долгоочекуваниот договор започнува со реализација на планот според кој ќе биде воспоставен нов автономен регион Бангсамото во јужните области каде што доминираат муслиманите во оваа мнозински католичка земја, а би требало да се случи пред крајот на претседателскиот мандат на Бенињо Акино во 2016 година. Бангсаморо се однесува на муслиманските и немуслиманските малцински народи во јужни Филипини.
Договорот претставува важен напредок во довербата меѓу владата и сепаратистичкиот Исламиски фронт за ослободување на Моро (MILF) кој долго време со сомневање гледаше на мотивите на централните власти во Манила во преговорите. Договорот беше постигнат на преговорите во малезиската престолнина Куала Лумпур на почетокот од октомври 2012 година, а со него ќе се формира 15-члена преодна комисија која до 2015 година треба да предложи закон со кој ќе се формира новиот ентитет, којшто ќе ја замени сегашната автономија на регионот.
Новиот ентитет и неговите надлежности ќе бидат одредени со плебисцитарно усвојување на суштинскиот закон.
Овој муслимански регион ќе добие поголеми политички и економски овластувања, вклучувајќи и воведување данок кој би ја намалил владината помош, потоа поголем удел во приходите од природните богатства и поактивна улога во внатрешната безбедност.
Овие планови сѐ уште може да бидат попречени со евентуалното одвојување на радикалните исламистички групи од MILF и нивното продолжување на борбата во регионот во кој се забележани врски со глобалната терористичка мрежа Ал Каеда. Закана за договорот претставуваат и можните кланови коишто имаат под контрола некои области и сега би можеле да почувствуваат дека е загрозено нивното политичко влијание.
По четирите децении судири и речиси 15 години преговори за прекин на насилствата, сите повозрасни припадници на MILF, беа нестрпливи да ги видат резултатите од годините мировни преговори, сметаат аналитичарите. Челните луѓе на движењето, исто така, може да бидат мотивирани и со можностите за приходите од големите резерви нафта, гас и минерали во бунтовничките области, делот на вкупното минерално богатство на островот Миндао се проценува на 312 милијарди долари.
На југот на Филипини повеќе од 40 години продолжуваат крвавите
судири меѓу владините сили и муслиманските бунтовници и меѓу нив самите. Во нив животите ги загубија околу 150 илјади луѓе, претежно на католичка страна, а повеќе од два милиона се иселени од своите домови.
Една од најрадикалните и најмоќни групи коишто може да го загрозат мировниот договор е Абу Сајаф (Носители на мечот) која е основана на почетокот од 1990-те со средства добиени од ликвидираниот водач на Ал Каеда, Осама бин Ладен. Во почетокот на 2004 година групата го изврши најголемиот во историјата на Филипини терористички чин кога во воздух го крена ферибот „Superferry-14", при што загинаа повеќе од 200 луѓе.
Според филипинското разузнавање, Абу Сајаф брои околу 400 припадници. Сепак, според експертите, операциите против милитантите кои последниве неколку години филипинската армија и безбедносните сили ги
водат советувани од американските воени советници, сериозно ја наруши способноста на екстремистите и натаму да извршуваат големи терористички напади.
Групата често прибегнува кон киднапирање за откуп поради финансирање на своите активности. Ако откупот не е платен на време, заложниците се погубуваат
http://makfax.com.mk/314221/nad_30_zaginati_vo_sudirite_megju_vojskata_i_islamistite
--- надополнето: 15 јули 2013 во 00:29 ---
13/07/2013 - 21:24
САУДИСКА АРАБИЈА: Аџиите ги демне смртоносен вирус
СЗО вели дека блискоисточниот коронавирус е закана за целиот свет и од него досега починале 45 лица повеќето во Саудиска Арабија
Пред аџилакот на милиони муслимани во Мека, властите на Саудиска Арабија предупредија за опасноста од ширење на опасниот блискоисточен коронавирус.
повикуваат да го одложат аџилакот за друга година, се вели во соопштение на саудиското Министерство за здравство.
Овој вирус е сличен на вирусот кој предизвикува САРС, па дури и на вирус на обична настинка.
Симптомите на зараза се кашлица и тешкотии со дишењето, а кај повеќето заболени се развива и воспаление на белите дробови.
Освен тоа, верниците треба да се вакцинираат против менингит и да можат тоа да го докажат при пристигнувањето.
Се препорачува и вакцинација против грип и детска парализа. Властите ги повикуваат учесниците на поклонението, што ќе биде во октомври, да си ги мијат рацете редовно со сапун и да користат марамици при кашлање и кивање.
Светската здравствена организација (СЗО) го оценува вирусот како закана за целиот свет. Според најновите податоци на
СЗО во целиот свет се регистрирани 45 смртни случаи предизвикани од вирусот, од кои повеќето во Саудиска Арабија.
http://www.telegraf.mk/aktuelno/svet/12749-saudiska-arabija-adziite-gi-demne-smrtonosen-virus
--- надополнето: 15 јули 2013 во 00:34 ---
13 јули 2013 - 19:01
Убиен телохранителот на лидерот на исламистичкиот бунт на Кавказ
Руските безбедносни сили во саботата о ликвидираа Микаил Мусиханов, телохранителот на најбараниот руски исламистички бутновник Доку Умаров, во рамките на операциите пред почетокот на Зимските олимписки игри во Сочи во февруари да се сузбијат операциите на исламистичките бунтовници на Кавказ кои се заканија со терористички напади за време на игрите.
Руските власти објавија дека 40-годишниот Микаил Мусиханов или познат како Абдул-Кудус Хасу бил убиен заедно со уште еден герилец во престрелка во Сунженската област во кавкаската република Ингушетија. Тој на исламистите им се приклучил во 2008 година а од 2011 година бил личен телохранител на бунтовничкиот лидер Доку Умаров, кој се прогласи за емир на ткн Емиратот Кавказ и најави дека со „максимална сила" ќе се бори за да го оневозможи рускиот претседател Владимир Путин во организација на Олимписките игри во Сочи.
„Криминалците сакаа да се пробијат низ кордонот на безбедносните сили. Дојде до престрелка, нивниот беше задушен а бандитите неутрализирани", се вели во соопштението на руската Национален антитериристички комитет (НАК), кое го цитира РИА Новости.
Инаку пред два месеца, на 21-мај кај Назран беше ликвидиран и најблискиот соработника Умаров, Џамалеил Муталиев самонаречен воен емир на Емиратот Кавказ, во престрелката откако одби да им се предаде на припадниците на полицијата на Ингушетија. Притоа беше ликвидиран и неговиот телохранител Алисхан Оздоев.
Во саботата, исто така, руските специјалци ликвидирале во соседната кавкаска република Дагестан уште еден од познатите припадници на локалните исламистички бунтовнички групи Умар Мусаев, по кого се трагало поради учество во повеќе напади врз припадници на безбедносните сили.
Во 2012 година рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ со кој се определува опасноста од терористичките закани на зголемени ниво (сино), високо (жолто) и критично (црвено). Зголеменото се прогласува кога се добиваат информации за коишто се потребни потврди з реална моќност од извршување терористички чин, високото при постоење потврда на информациите за подготвуван терористички напад и критичното при локализирање на местото, времето или кога е извршен терористички акт.
Размената на оган меѓу безбедносните сили и исламистичките бунтовнички групи е честа појава на контролните пунктови на патиштата во регионот на северен Кавказ каде што радикалните исламисти прогласија емират.
Повеќе од 200 припадници на безбедносните сили и 400-ини исламистички бунтовници се убиени во 2012 година на рускиот Кавказ каде што исламистите прогласија Емират Кавказ, а се наоѓаат нестабилните република, Чеченија, Дагестан, Ингушетија, покажуваат податоците што во јануари ги објавија регионалните власти.
И покрај многуте акции за нивно неутрализирање, регионалните власти нагласуваат дека „бунтовниците и натаму привлекуваат нови членови".
Русија се обидува да ги уништи милитантните групи во Северен Кавказ, додека истовремено спроведува програми за заживување на локалната економија. Кремљ ја заврши својата еднодецениска кампања против сепаратистите во Чеченија во 2009 година каде од 1994 година се регистрирани на сите страни вкупно 250 илјади жртви, но сé уште се бори против преостанатите милитантни групи кои не прифаќаат примирје во Чеченија и околните републики, во прв ред Дагестан и Ингушетија.
Од 2010 година на територијата на Северен Кавказ, забележано е значително зголемување на активностите на милитантите. Руските севернокавкаски републики, а особено Дагестан, Чеченија и Ингушетија, се соочени со драматичен пораст на активностите на милитантите, при што напади на полициските и федералните службеници се пријавуваат речиси секојдневно.
Во 2011 година за разлика од 2009 година стопроцентно беше зголемен бројот на терористички напади. Руските федерални полициски сили одговорија на тоа со елиминација на повеќе од 300 милитанти. Притоа запленети се преку 1.665 огнени оружја, 1.200 килограми експлозив, како и 110 експлозивни направи. Меѓу убиените бунтовници, 16 беа повидни лидери на милитантите, а спречени се 58 терористички дејствија
http://makfax.com.mk/314180/ubien_telohranitelot_na_liderot_na_islamistichkiot_bunt_na_kavkaz
--- надополнето: 15 јули 2013 во 00:37 ---
Во Полска откопани гробови на „вампири“
Не се знае дали држеле лук или крстови додека копале, но полски археолози тврдат дека ископале четири „вампирски“ костури.
Останките биле најдени со главите поставени помеѓу нивните нозе; народната традиција смета дека ваквиот распоред при погребот би обезбедил крвопиецот да не може да си ја најде главата и да се врати во живот.
Иако еден од археолозите за Полско радио вели дека „е многу тешко да се каже кога биле извршени овие погребувања“ поради недостигот од накит или други предмети што може да бидат датирани, тие најверојатно се случиле многу пред 1914 - денот на последниот снимен погреб на „вампир“ во земјата.
Костурите биле пронајдени на градилиште во близина на Гливице, во јужниот дел на Полска, и биле извршени тестови врз останките.
Британски Телеграф оди во повеќе (и покрвави) детали за ритуалот, за кој се вели дека бил вообичаен во овој словенски регион по доаѓањето на христијанството: оние што биле сметани за вампири или биле обезглавувани или биле обесувани сè додека нивното тело не се одвоело природно од главата поради распаѓањето.
Лајв саенс укажува дека имало и други начини на справување со осомничените вампири, како употреба на метални колци за заковување на трупот во земјата. Археолозите во Бугарија направија исто вакво откритие минатата година.
http://www.mkd.mk/svet/vesti/vo-polska-otkopani-grobovi-na-vampiri
--- надополнето: 15 јули 2013 во 00:41 ---
Во Сирија влегле 1.500 странски борци
13.07.2013 | 13:00
Оваа недела во Сирија влегле 1.500 странски борци преку границата со Турција, пренесе иранската новинска агенција „Фарс“.
Според податоците на Сириската слободна армија навлезените борци во Сирија се од арапските и соседните земји. Некои од борците влегле и во Ирак за турските власти да ја олеснат инвазијата на „муслиманските екстремисти“.
Се претпоставува дека околу 17.000 странски борци дејствуваат во Сирија и дека повеќето од нив се од арапските држави или Кавказкиот регион.
http://tocka.com.mk/1/100238/vo-sirija-vlegle-1-500-stranski-borci
--- надополнето: 15 јули 2013 во 00:43 ---
Триесет и осум лица загинаа во кафуле во Ирак
Објавено: 13.07.2013 19:39
Најмалку 38 лица загинаа, а 26 беа ранети, откако бомбаш-самоубиец активира
експлозив во кафуле во северниот ирачки град Киркук.
Бомбашкиот напад бил извршен по залезот на Сонцето во текот на рамазанските пости.
Киркук е град со мешан етнички состав и често пати е арена на судири меѓу поединечните етнички групи.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, но сунитските екстремисти, вклучувајќи го и ирачкиот огранок на Ал Каеда често пати ги напаѓаат шиитите, силите за безбедност и државните службеници во обид да ја поткопаат власта на ирачката Влада, предводена од шиитите.
Во самоубиствен напад вчера во северниот ирачки град Мосул беа убиени четворица полицајци, а вооружените напаѓачи застрелаа висок полициски функционер во градот Ширкат.
http://www.plusinfo.mk/vest/99219/Trieset-i-osum-lica-zaginaa-vo-kafule-vo-Irak