Доста интригирачка е неговата последна колумна во Нова Македонија насловена
„Неподобна уметност“ каде го напаѓа упадот на активистите на претставата „Лисистрата“ во Театарот комедија.
Имено, Венко вели дека директорката Жуѓиќ е „ директор на овој исклучителен театарски ансамбл“. Најлошите театарски претстави (аналози на турбо фолк песни) кои некогаш се одиграле во државата, за него се исклучителен ансамбл. Исто како што и за Златна Бубамара на популарноста тврдеше дека е исклучителна манифестација, од проста причина што неколку пати беше награден со таа извонредно битна награда.
Епитети употребени за Жуѓиќ во колумната (или по ново Шуѓиќ):
-Јелена Жугиќ, врв (заедно со Билјана Беличанец) на нашата женска актерска арена
-кралицата на нашето глумиште Јелена Жугиќ, на ликот што таа го играла, на нејзиното театарско мајсторство, на најсветото уметничко зрно во неа
-врвната артистка Јелена Жугиќ
Понатаму интересен момент е што оваа актерка како симпатизер (а можеби и член) на политичка партија ја изедначува со имиња кои поддржувале диктатури пред минимум 70 години, но тие имиња и името на актерката едноставно е греота (а богами и грев) да се сместат во ист контекст.
Ја споменува хомосексуалноста на Вајлд, и по којзнае кој пат, верниците и атеистите, а тој ги нарече атеистите „души полни плевел“ и тетовираните месари „неписмени“ или како и да беше.
Меѓу неговите последни активности се и промоција на книги во кои се собрани колумни на Ерол Ризаов и книга на Ана Јовковска. Претходно пак ја пишуваше и промовираше книгата на Чифлиганец.
Не дека е битно моето мислење, но Венко или го има изгубено целосно компасот (а со тоа и достоинството) или е конформист кој одлично се вклопува во овие моментални околности. Сите овие негови испади како да ја рушат сликата за него како наш прилично добар писател и тоа не поради неговата пристрасност за една страна, напротив, баш поради спротивно од тоа.