Венко Андоновски

Член од
24 август 2011
Мислења
29
Поени од реакции
11
Тоа мудрецу, се вика претстава која ти се допаднала повеќе или помалку. И стиховите на Карлеуша тераат на размислување ако сакаш да размислуваш.
Мене и двете претстави ми се допаѓаат подеднакво. Ако е за тоа Крвта не е вода ја гледав 4 пати а Олово на перница 2 пати...
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Писмото од вашиот омилен писател

Се сеќавате на статијата која ја објавивме, за списание кое за 5 долари месечно им испраќа писмо од застапените автори на своите читатели? Тогаш ве прашавме кој од македонските автори би сакале да ви пише. Во бројните пораки кои ги добивме, едно име постојано се повторуваше..

Авторот на „Фрески и гротески", „Папокот на светот", „Вештица", бројни драми, критики и есеи, професор и колумнист, што би рекле водителите кои претендираат на Пулицер - „некој кого нема потреба посебно да го претставуваме". Му благодариме, не само што прифати, туку и што навистина напиша писмо до замислениот читател - до вас кои тоа го посакавте - дури и без тие пет долари.
Драг мој читателе/читателке,
Не знам, искрено, што да ти кажам. А кога човек не знае што да каже, има да каже најмногу. Јас со тебе флертувам веќе добри 25 години, ако не и повеќе. За мене флертот е највозбудливата работа, затоа што однапред знам дека – немам шанси. Немам шанси да бидеш мој/моја. Флертот е утешна награда. Ти си моја утешна награда. Затоа што главната награда – животот, ни тече како ситна пченица низ прсти. Животот е неумолив: тој е време, и секој ден ги забележуваме знаците на тоа течење, кога ќе се погледнеме во огледало – брчките ни кажуваат дека животот си тече, а утешната награда – она што го пишувам, и ти, којшто го читаш – стануваат главна награда.

Вистина, што имам јас освен тебе? Ти си анонимен/анонимна. Ниту те знам, ниту те познавам. Дури и да ми дојдеш во театар, да гледаш моја претстава, мислиш дека ќе те запомнам? Нема шанси. Но, во тоа е убавината – што не те знам. Не знам кој си, не знам каков си, не знам каква си, не знам ништо за тебе. Најмалку знам подробности за тебе – не знам дали ти кркорат цревата во пресудните животни моменти (кога стоиш пред љубениот/љубената и се срамиш од кркорењето на цревата), не знам дали кога одиш по улица пред важен испит или решение си помислуваш „Ако го шутнам ова каменче и ако ја погодам решетката од канализацијата сè ќе биде во ред", не знам дали ја стискаш пастата за заби од половина и дали поради тоа те караат, не знам ни дали и што работиш. Возбудата е во тоа што ти пишувам, а не знам кој/која си. Таа возбуда од соблекување пред непознатиот јас ја викам – флерт.

Не занесувај се дека мојата уметност е голема. Таа е само човечка. Јас и не знам што сум напишал – дали ми веруваш дека ниеднаш, откако сум напишал своја книга не сум ја прочитал? Страв ми е од тоа, чувствувам зазор. Не сакам да си правам сопствена обдукција – да си ги гледам сопствените црева, срцето, белите дробови.

Но, затоа, тука си ти. Моите книги без тебе се само неотсвирена партитура. Што сум јас без тебе? Јас сум книга напишана, ама непрочитана. А умните велат – можеби Аристотел навистина напишал и втор том од „Поетиката", посветен на комедијата, можеби таа книга лежи затрупана во најдлабоките геолошки слоеви, но книгата не постои доколку нема БАРЕМ еден читател.

Затоа, јас ти велам: ти си моето тело, јас сум твојата сенка. Ако тебе те нема, ќе ме нема ни мене. Тоа е чудесна ситуација – сенката да му претходи на дрвото/телото. Ако јас сум сенка, а ти си дрвото, и ако јас постојам пред тебе, тогаш ти си во супериорна позиција. Ти можеш, едноставно, да ја затвориш мојата книга и да кажеш – сенко, оди си, ти не наликуваш воопшто на мене. И јас ќе се изгубам. Ќе бидам сенка која бара некое тело што ќе и прилега.

Мил мој, мила моја,

за љубовта пишувам. И знаеш веќе, и од „Папокот на светот", и од „Вештица", и од моите драми – ако љубов немаш, нема ни да згрешиш. Дури и каменот има љубов во себе, оти камен од камен удрен – исфрла искри. Без љубов нема грев, без грев нема човек! Умниот Аристотел не учеше да одиме по „средниот пат", за да не почувствуваме болка во животот. Умеренетите не страдаат. Но јас велам – само УМРЕНИТЕ (а не умерените) не страдаат. Што ќе ми е, Аристотеле, таков живот, без страдања, умерен, со средна мера? Што ќе ми е да пијам а да не опијам, да љубам а да не умрам од љубов, да пишувам а да не полудам од огномет од зборови? Што ќе ми е живот кој минува крај мене како ексресен воз покрај статична бандера? Наместо јас да јурам низ него?

Ете толку, мој драг читателе, моја драга читателке. Имам уште многу да ти кажам, но тоа ќе со сторам во моите следни романи и драми. Главно, се се сведува на пораката: живеј како да ти е прв и последен ден! Она што се чува и штеди засекогаш исчезнува. Она што се троши – се обновува. Доказ – чувај си ги емоциите и наскоро нема ништо да чувстваш. Љуби, и ќе почнеш да љубиш двојно повеќе.

И запомни: се, освен љубовта и пламенот, е деливо со два. Подели леб на две – добиваш две половини. Подели шише вино на два – добиваш две половини од еден литар. Но, подели пламен од свеќа на две - добиваш две цели, два цели пламена. Ниедна свеќа од која палиш друга нема да даде половина пламен. Ќе ù го даде цел на другата свеќа. Од едно цело – две цели! Каде ја има таа математика на друго место, освен кај пламенот?!

Истото е и со љубовта. Само за неа не важи математичкиот закон според кој едно цело се состои од две половини. Со љубовта и пламенот е така: од едно цело, со поделба не се добиваат две половини – туку две цели! Живеј за таа поделба, во која Едното, кога ќе се подели, се добиваат две ЕДНА.

Да си ми жив/жива и здрава, и труди се да го допишеш во моите книги сето она што јас сум го премолчел! А моето молчење е твој говор.

Во слава Господова, март, лето Господово, 2012,
Твој,

http://off.net.mk/bookbox/pismoto-od-vashiot-omilen-pisatel
Венко Андоновски"
 

Joe_Satriani

Dream Theater Fan
Член од
30 ноември 2009
Мислења
79
Поени од реакции
106
Нешто омилено :

“Никој ли до сега, од почетокот на светот не виде дека ѓаволот е во сите нас, подеднакво колку што е и Бог, и дека така треба да биде? Никој ли не виде дека најубавото дрво ќе биде прво пресечено,дека бунарот чија вода е најстудена прв ќе биде исушен,дека оној кој некому дал милостина ќе биде погубен токму од раката на својот спасен питач,дека во секој мед има осила,дека зад мекото месо на сочните плодови се крие тврда семка,дека луѓето , кога закопуваат славен мртовец, го украсуваат мртовечкиот покров само од видливата страна, а никогаш од кај мртвиот кој го слават,и дека навистина добро е така и дека така треба да биде, а не поинаку?.........оти што би правел Бог, што би правеле неговите луѓе, кога би го немало ѓаволот? Како би бил тој видлив, ако нема ѓавол? како би знаеле дека Бог е добар, ако нема зло за споредба? Оти Бог е светлина, а нечестивиот темнина, а темнината не е воопшто лоша и непотребна, туку нужна, и колку е ноќта поцрна, толку посјајни се ѕвездите, колку е болката подлабока, се повидлив е Бог!”
Ама не да е доброооо ...заеби :)
 

outTake

Psychonautic
Член од
2 септември 2009
Мислења
140
Поени од реакции
118
Венко поради денешната колумна доби многу негативни реакции од македонските атеисти по социјалните мрежи (посебно твитер), оти рече дека "душата им е исполнета со плевел." http://bit.ly/IxT1nx
 
Член од
3 април 2012
Мислења
161
Поени од реакции
156
Венко поради денешната колумна доби многу негативни реакции од македонските атеисти по социјалните мрежи (посебно твитер), оти рече дека "душата им е исполнета со плевел." http://bit.ly/IxT1nx
Баш сега ја читав и стварно ме навреди. Ги поистовити сите атеисти со убијците.
Ај дај некој линк, дали во темава или во пп, да видам што коментирале други.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Хм, ова не му требаше. Јас сум верник, па ни за миг не ми текна да ги поистоветам убијците со атеисти. Тие што го направиле тоа се нелуѓе, што е битно каква е нивната религија и дали веруваат во Бог или не? :confused:
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.289
Поени од реакции
15.490
Венко со последните три колумни се деградираше, за жал не му ги знам и претходните за да кажам дали и порано имал вакви киксови, но сега е премногу експониран.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Поентата повеќе беше да се смири тензијата и да не се делат луѓето на Албанци и Македонци, муслимани и христијани. И дека сите имаат еден Бог без разлика на тоа како го викаат. Ама заборави на другата поделба верници и атеисти. Само ја вжешти ситуацијата, контраефективно.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
Во избликот на емоции, со своето (про)масонско перо, Венко инквизициски запука по атеистите и прописно се избламира. Не` потсети сите на севидечкото око на Бога, печатот на масонеријата. На помлади години (кога беше деклариран атеист социјалдемократ и се ругаше на теолозите кои магистрираа или докторираа на Филозофскиот и Филолошкиот факулет) Венко везеше една сосем поинаква приказна.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Почнувам да мислам дека човеков лупа што ќе му дојде прво на памет или пишува во афект кој да го знае. Битно не препрочитува што напишал. Од една глупост, влегува во друга.

Најубаво нека батали колумните и за него подобро и за нас. Професор е, не му дошло сигурно до тие пари, кои и онака повеќе го чинат по реномето отколку да не ги зема воопшто.

Срамота е ова што го читам. Блам.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.143
Поени од реакции
25.569
кога беше деклариран атеист социјалдемократ
Се менуваат луѓето. Сега е деклариран верник и недеклариран социјалдемократ. Инаку ова масониве чудна направија. Толку проверки и пак може да им се прошверца некој што предходно се декларирал како атеист.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Би сакал, иако можеби е невозможно и непотребно (па оттаму, можеби и глупо) да направам некакво разграничување меѓу Венко-човекот и колумнистот и Венко-писателот и професорот. Затоа што многу фаци (големи и мали) од културата, од литературата и другите уметности не се онакви какви што нивните читатели или почитувачи (што и да се) очекуваат да бидат. Секако дека овде извесно разочарување во човеков е неизбежно, сосем оправдано и нормално. Но за да се биде добар писател не мора да се биде добар човек. Сепак, овој потфрли и во тоа што го напиша деновиве. Напиша претходно неколку добри работи, си создаде група обожаватели, си создаде име и можеби превисоко летна, па се` уште паѓа. Да видиме до кога ќе тера вака.
Ако една лоша и притоа безобразна колумна беше случајност, последица на лош ден и лоша проценка, другиве текстови навестуваат нешто поинакво. Штета.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
Би сакал, иако можеби е невозможно и непотребно (па оттаму, можеби и глупо) да направам некакво разграничување меѓу Венко-човекот и колумнистот и Венко-писателот и професорот. Затоа што многу фаци (големи и мали) од културата, од литературата и другите уметности не се онакви какви што нивните читатели или почитувачи (што и да се) очекуваат да бидат. Секако дека овде извесно разочарување во човеков е неизбежно, сосем оправдано и нормално. Но за да се биде добар писател не мора да се биде добар човек. Сепак, овој потфрли и во тоа што го напиша деновиве. Напиша претходно неколку добри работи, си создаде група обожаватели, си создаде име и можеби превисоко летна, па се` уште паѓа. Да видиме до кога ќе тера вака.
Ако една лоша и притоа безобразна колумна беше случајност, последица на лош ден и лоша проценка, другиве текстови навестуваат нешто поинакво. Штета.
Лајк од мене. За волја на вистината, Венко е одличен професор -- одличен семиотичар и теоретичар на литература. А ставовите во колумните се башка работа. Инаку, кога човек ќе достигне некои височини треба да внимава. Падот од таквите височини е многу пострашен.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom