Венко Андоновски

Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Лајк од мене. За волја на вистината, Венко е одличен професор -- одличен семиотичар и теоретичар на литература. А ставовите во колумните се башка работа. Инаку, кога човек ќе достигне некои височини треба да внимава. Падот од таквите височини е многу пострашен.
И долго трае. И уште подолго се памти. Да не правам муабет дека ваквите падови и повторното искачување не е така едноставно.

Фала за лајкот.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
431
Поени од реакции
935
Се‘ повеќе почнува да ми се чини дека целта на Венко е да биде постојано во центарот на вниманието. Не дека не е доволно афирмиран како професор или автор, далеку од тоа, ама кај некои интелектуалци постои константна потреба од нова потврда и глорификација на неговиот лик и дело. Па, во услови кога тој смета дека истото опаднало, подпаѓа под влијание на стратегијата дека и лошиот публицитет е подобар од никаков. Реално, ако веќе говориме за колумнистите, голем дел од најомразените и најконтроверзните од нив, се и најмногу читани.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.828
Поени од реакции
7.710
Ги навредуваше Месарите
Па се извини
.
Не, не се извини. И кажа дека нема да се извини на тие што имаат завршено само средно. Мжеби затоа што ретко веќе кој има само средно, па нема ни кој д анавреди. Ама атеисти има доволно!
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.209
Се‘ повеќе почнува да ми се чини дека целта на Венко е да биде постојано во центарот на вниманието. Не дека не е доволно афирмиран како професор или автор, далеку од тоа, ама кај некои интелектуалци постои константна потреба од нова потврда и глорификација на неговиот лик и дело. Па, во услови кога тој смета дека истото опаднало, подпаѓа под влијание на стратегијата дека и лошиот публицитет е подобар од никаков. Реално, ако веќе говориме за колумнистите, голем дел од најомразените и најконтроверзните од нив, се и најмногу читани.
Како што би рекла наши браќа енглези типичен publicity stunt. Ништо повеќе. Според мене само си го руши реномето со вакви ефтини медиумски трикови. Се однесува како да е Драги Шпага.
 

outTake

Psychonautic
Член од
2 септември 2009
Мислења
140
Поени од реакции
118
Баш сега ја читав и стварно ме навреди. Ги поистовити сите атеисти со убијците.
Ај дај некој линк, дали во темава или во пп, да видам што коментирале други.
Извини што ептен касно го видов ова.. :/

Патем, еве ти еден линк: http://mkblogeri.blog.mk/2012/04/18/venko-i-ateistite/
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ РОМАН НА ВЕНКО АНДОНОВСКИ
Всушност, станува збор за два романа со еден заеднички крај, односно за две книги, кои и графички се одделени една од друга - во едната, поголема книга е „вградена“ помалата, која може да се извади од големата книга. Читањето, пак, е двонасочно - може да се прочита најпрвин големата, а потоа малата книга, или прво малата, а потоа големата, затоа што двете се надополнуваат, односно се расветлуваат една со друга, а завршуваат со заеднички крај.

Книгата е дистрибуирана во книжарницата на „Табернакул“ и се продава со празничен попуст.

 
N

NikolaMKD91

Гостин
Во избликот на емоции, со своето (про)масонско перо, Венко инквизициски запука по атеистите и прописно се избламира. Не` потсети сите на севидечкото око на Бога, печатот на масонеријата. На помлади години (кога беше деклариран атеист социјалдемократ и се ругаше на теолозите кои магистрираа или докторираа на Филозофскиот и Филолошкиот факулет) Венко везеше една сосем поинаква приказна.
И јас имам слушнато за ова дека писателскиот гениј е масон. Оваа година мене ми предаваше на факултет, на секое предавања амфитеатрите се преполни, доаѓаат да го слушаат и студенти што не им предава. По академските кулоари на филолошки се шепоти дека Венко е големиот мајстор на британската масонска ложа во Македонија. Еден колега ми кажа дека наводно бил член на витешкиот ред „Св. Наум Охридски“ . Незнам колку сето ова е точно, ама доколку некој е подобро запознаен за ова би можел да напише, затоа што ме интересира навистина . Доколку легендата е навистина слободен ѕидар тогаш дефинитивно треба да го преиспитам својот став дека масоните дека се мистични друштва што негуваат сатански култ и кои се заинтересирани исклучиво за моќта, профитот и контрола врз луѓето .
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
И јас имам слушнато за ова дека писателскиот гениј е масон. Оваа година мене ми предаваше на факултет, на секое предавања амфитеатрите се преполни, доаѓаат да го слушаат и студенти што не им предава. По академските кулоари на филолошки се шепоти дека Венко е големиот мајстор на британската масонска ложа во Македонија. Еден колега ми кажа дека наводно бил член на витешкиот ред „Св. Наум Охридски“ . Незнам колку сето ова е точно, ама доколку некој е подобро запознаен за ова би можел да напише, затоа што ме интересира навистина . Доколку легендата е навистина слободен ѕидар тогаш дефинитивно треба да го преиспитам својот став дека масоните дека се мистични друштва што негуваат сатански култ и кои се заинтересирани исклучиво за моќта, профитот и контрола врз луѓето .
Штом толку те интересира, батали рекла-казала муабети. Културно ќе се најавиш и ќе си појдеш кај Венко. Ќе му кажеш дека го сметаш за легенда и гениј (можеш и уште некој друг помонументален комплимент да убациш, нема зијан). Одма кажи му дека многу те интересира неговиот масонски статус, али не го прашуј дали е Голем Мајстор -- дозволи му он да се отвори по тоа прашање. Инаку, нема британска ложа во Скопје, има само Голема Ложа на Македонија и нејзини придружни регуларни ложи (ова чисто да не испаднеш неинформиран пред легендата и генијот). Исто така, напомни му дека радикално го преиспитуваш својот став околу масонеријата. Ако сакаш ептен да го израдуеш, додај дека би сакал и ти да станеш дел од тоа лепо друштво. Сигурноста дека ќе ти одговори е 102.3%. Со лесно.
 
Последно уредено:
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
Доста интригирачка е неговата последна колумна во Нова Македонија насловена „Неподобна уметност“ каде го напаѓа упадот на активистите на претставата „Лисистрата“ во Театарот комедија.

Имено, Венко вели дека директорката Жуѓиќ е „ директор на овој исклучителен театарски ансамбл“. Најлошите театарски претстави (аналози на турбо фолк песни) кои некогаш се одиграле во државата, за него се исклучителен ансамбл. Исто како што и за Златна Бубамара на популарноста тврдеше дека е исклучителна манифестација, од проста причина што неколку пати беше награден со таа извонредно битна награда.

Епитети употребени за Жуѓиќ во колумната (или по ново Шуѓиќ):
-Јелена Жугиќ, врв (заедно со Билјана Беличанец) на нашата женска актерска арена
-кралицата на нашето глумиште Јелена Жугиќ, на ликот што таа го играла, на нејзиното театарско мајсторство, на најсветото уметничко зрно во неа
-врвната артистка Јелена Жугиќ

Понатаму интересен момент е што оваа актерка како симпатизер (а можеби и член) на политичка партија ја изедначува со имиња кои поддржувале диктатури пред минимум 70 години, но тие имиња и името на актерката едноставно е греота (а богами и грев) да се сместат во ист контекст.

Ја споменува хомосексуалноста на Вајлд, и по којзнае кој пат, верниците и атеистите, а тој ги нарече атеистите „души полни плевел“ и тетовираните месари „неписмени“ или како и да беше.

Меѓу неговите последни активности се и промоција на книги во кои се собрани колумни на Ерол Ризаов и книга на Ана Јовковска. Претходно пак ја пишуваше и промовираше книгата на Чифлиганец.

Не дека е битно моето мислење, но Венко или го има изгубено целосно компасот (а со тоа и достоинството) или е конформист кој одлично се вклопува во овие моментални околности. Сите овие негови испади како да ја рушат сликата за него како наш прилично добар писател и тоа не поради неговата пристрасност за една страна, напротив, баш поради спротивно од тоа.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.135
Поени од реакции
8.227
Јелена Жуѓиќ е член на владеачката партија, на кандидатските листи за пратеници беше во изборната единица еден каде носител беше Грујо.
И самата го има признаено своето членство.
Венко е конформист, тоа е точна констатација. Причинител за неговите испади е, неговата алчност и препотентност.

Интересна работа е пишувањето колумни во РМ, речиси невозможно е да останеш политички необоен. Еднаш за тоа разговарав со професорката Ј.Котеска и ми рече дека токму од тие причини престанала да пишува колумни и дека нема никаква намера повторно да почнува.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.135
Поени од реакции
8.227
Добар текст, морам да речам...

Селфи(ш)

Многу е опасно да се живее со фиктивни слики за себе. Тоа е одличен пат за нарушување на душевното здравје. Ретко кој се гледа реално во огледало. Никој не мисли во поими, сите мислат во слики. А мислењето во поими е токму особина на рационалното човеково суштество.
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=9141585621&id=13&prilog=0&setIzdanie=23564
 

Kajgana Shop

На врв Bottom