Велес

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.525
Поени од реакции
7.004
Најпозантиот перач на улици Брко од Нова Година е во пензија. 35 години работа само во трета смена, без делник и празник. 15 години првак на Mакедонија а велешани знаеја и со црепови да го гаѓаат.

Деновиве поштарот ќе биде Дедо Мраз за семејството Демирови од Велес, кога ќе тропне на вратата од нивниот скромен дом и ќе ја донесе првата пензија на Халид. Откако тој мина 35 години на работа во ЈКП Дервен како перач на улица, постојано ноќе, во трета смена, дојде време Брко, како што го знаат велешани, да се одмори. Заслужено за чесно одработениот работен век.
- Кога сите си легнуваа во десет навечер јас излегував од дома на работа. Кога сите во шест наутро одеа на работа јас се прибирав. Кога тие јадеа јас спиев, кога јас јадев тие спиеја Така од 1976-та година, секој ден, секоја вечер. Тоа беше мојот живот - вели Халид Демиров низ солзи, бидејќи не е навикнат да биде дома.

Тешко му е кога го слуша звукот на цистерната како мине низ градските улици, бидејќи за него тоа беше животот. Секоја вечер да се испразнат по десет цистерни со вода од по осум тона. Математиката вели дека низ неговите раце минале еден милион тони вода, со кои испрал 120 илјади километри патишта.

Затоа и денес рацете повеќе не го служат како порано, па морал да замине во инвалидска пензија со неговите 59 години возраст. Започнал да работи по препорака на брат му Неџат од кого го добил првиот совет, да внимава како пере да не ги испрска луѓето кои минуваат. До ова правило се придржувал до пензија, и затоа цели 15 години непрекинато бил првак на Македонија во перење на улица.

Оваа работа е многу прецизна и внимателна, да не се испрскаат минувачите, луѓето кои тогаш шетаат. Ги перев градските улици од центарот на градот Маршал Тито, Благој Ѓорев, Алексо Демниевски Бауман ги знам во педа. Зимоска, кога не перев, ги метев од полноќ до шест на сабајле. Маршал Тито од Сако трејд до Стар мост, ако нема сообраќај се мине за три – четири часа, но тоа е тешко бидејќи има многу возила. Една цистерна има 8 тона се полни за 13 а се празни за 15 минути – вели популарниот Брко.

Помни кога пред дваесетина години постоело и познатото Корзо, тогаш велешани прошетката ја завршувале до 23 часот и било полесно да се перат улиците. Сега во тој термин луѓето започнуваат да шетаат и тешко е да се работи. Тешката и напорна работа, оставила трага на неговите раце и нозе, кои попуштиле под огромниот притисок на водата од цревото.

А така секоја вечер од 22 часот до 5 наутро по десет цистерни да се испразнат, од март до октомври, 35 години по ред. Но Халид не се жали, напротив задоволен е од фирмата каде работел и очекува дека неговите наследници ќе го надминат и ќе бидат подобри. Тоа ќе биде тешка задача за нив, бидејќи 15 пати да се биде најдобар во државава е огромен предизвик, но бара и бројни откажувања од секојдневните животни обврски и радости.

Имам отидено на неколку свадби, бидејќи немав можност. И тоа бев присутен по еден саат, бидејќи во 10 навечер морав на работа. Со мене носев работнички алишта ќе се облечев и си одев од веселбата. Децата не ги видов како пораснаа од ноќна смена. Жена ми ги израсна. Преку ден копав лозје, овци стрижев. Се сработив и спечалив со овие две раце – гордо вели Халид.

Има четири деца а сега и внуци, со кои е постојано и така го надополнува тоа што го пропуштил во животот. За половина ден може да истриже 50 овци, поради што многу луѓе по селата од велешко го познаваат. Колку е карактеристичен со неговите бујни мустаќи, зборува и тоа што во 90-тите години, од АД Лозар го барале да биде заштитен знак на етикетата за црното велешко вино, но тој незадоволен од финансиската понуда одбил.

Жал ми е за работата што морав да си заминам, но повеќе не можев да го држам цревото рацете. 15 пати бев државен првак на Македонија за перење улици. Се собиравме во Струга по илјада луѓе доаѓавме комуналци од цела земја. Кога ги гледав не ми се веруваше дека они не переа, туку прскаа со водата, од мене научија како се пере. Миневме одредена должина да ја испереме, да биде чиста, да не ги испрскаме луѓето што се околу и за колку минути. Тоа најдобро го работев и поради тоа станав толку пати државен првак – додава Демиров.

Но освен убавите спомени имало и црни денови во неговата работа. Поради пребрзо возење на шоферите во два наврати бил удрен додека ги перел улиците, па со скршеници завршил во болница по два месеци. Незадоволни од брмчењето на цистерната, некои велешани знаеле да го гаѓаат со јајца, компири, патлиџани, црепови. Дваесетина млади лица го имаат нападнато во центарот од Велес и полицијата едвај го спасила. И сега кога ќе дојде девет и пол иако е во пензија, инстиктивно се облекува и тргнува на врата, па сопругата мора да го врати. ,,Ако се родам пак ќе бидам перач на улица,, вели на разделба Брко, кого само малкумина велешани не го познаваат.


www.tirekovmirece.com
 

korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
Brko
da e ziv i zdrav covekot
se sto e napisano vo statijava e tocno
mir neka ima vo penzijata i dolg zivot
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Си ги познавате и перачите на улици!
Идилично, нема што.
Како што Скопјани го познаваат Љубе лигавиот,така и Велешани ги познаваат фаците кој треба да се знаат и редовно се гледаат.
Или ти не си од Скопје?
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.364
Поени од реакции
84.593
а шо сакаш да кажеш ти со коментаров?
takeiteazy, не е саркастичен коментарот, види таму што значи идилично.

Како што Скопјани го познаваат Љубе лигавиот,така и Велешани ги познаваат фаците кој треба да се знаат и редовно се гледаат.
Или ти не си од Скопје?
Споредбата е малку несоодветна.
Освен од аспект на степенот на познатост на двајцата.

Не сум од Скопје, јас сум граѓанин на светот.:pos2:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Споредбата е на место.Скопје си има фаци,Велес си има фаци кој ги знаат.Брко го гледаат толку години во вечерните часови што неможе некој да не го знае.Другите од дервен не ги познаваат не се секирај.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.958
Имало доста глупости годинава кажани:)
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.383
Поени од реакции
1.985
Полицаец ранил двајца додека ограбувале продавница

Полицаец, кој не бил на должност, пукал во тројца крадци и ранил двајца од нив додека изнесувале компјутери од продавница кај Градската аптека во Велес. Грабежот и вооружената пресметка се случиле вчера во 1 часот по полноќ на улицата Алексо Демниевски Бауман бр. 3, кога полицаецот кој живеел во близина ги забележал арамиите како изнесуваат техничка опрема од продавницата „Мастер нет електроникс“. Тој веднаш повикал полиција, а потоа ги предупредил крадците. Тие почнале да бегаат и влегле во автомобилот, кој немал регистарски таблички. Во моментот полицаецот забележал цевка од огнено оружје низ прозорецот од задните врати на автомобилот, по што почнал да пука. Соседите што го слушнале сево ова, тврдат дека имало рафални истрели од десетина куршуми. Крадците побегнале и полицијата трага по нив. Засега полицијата не потврдува дека крадците биле примени со прострелни рани во Градската болница во Скопје и се под полициска контрола. Како што дознаваме во текот на ноќта таму се примени две лица со прострелни рани, кои имале дебело криминално досие.

Неофицијално еден од нив бил член на семејството Хаџибулиќ од Скопје. Засега не се знае дали тие го сториле грабежот. Тие тврделе дека се застрелани на забава и дека воопшто не биле во Велес. Полицијата на видеокамера го има регистрирано возилото при бегство од местото на грабежот, како и крвави траги од лицата што го скршиле стаклото во продавницата. По извршениот увид на самото место е констатирано дека од продавницата се одземени осум лаптопи и два ЛЦД-телевизора вредни 5.000 евра. (П.П.)
Не ми е јасно само како успеале до Скопје да стасаат,колку шо знам ја од Велес до Скопје само по автопат може да се стаса со кола,друг пат нема
 
Член од
14 април 2010
Мислења
628
Поени од реакции
219
Не ми е јасно само како успеале до Скопје да стасаат,колку шо знам ја од Велес до Скопје само по автопат може да се стаса со кола,друг пат нема
епа...? (претпоставка) Продолжиле по семафорите десно до кај дине,од таму на Е-75 се уклучуваат,после макпетрол се исклучуваат десно и после на клучката фаќаат за накај скопје.:toe: тоа со добра кола ти е 30 мин.
 
Член од
16 март 2009
Мислења
2.130
Поени од реакции
183
Џабе лажеле, чим има крв па и видео снимка, готови се...Пред некое време, Кингсофт го ограбија (што се наоѓа 2 дуќани подоле)...
 

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
229
Прашањето не е по кој пат стасале до Скопје, прашањето е како успеале да стасаат до Скопје земајќи ги во предвид тешките повреди кои ги имале. Прострелни рани, крварење.
 

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
229
Прашањето не е по кој пат стасале до Скопје, прашањето е како успеале да стасаат до Скопје земајќи ги во предвид тешките повреди кои ги имале. Прострелни рани, крварење.
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
Има Воз бре :)

А и што треба полицијата на направи, сите возила Велес Скопје да ги допре?
 

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
229
Знам ја убаво дека има воз :)
Ама заеби транспортно средство бре, КРВАРЕЊЕ!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom