,,Ти си женско", ,,да ти стани појасно" вакви ,,машки" изреки оди во Љубов и Секс пишувај, може ќе запалат таму. Мешаш половост со начин на исхрана. Добро ти стои аватарот на форум, типична македонштина!
Биди маж пробај дискутирај како Кеплер, да те видам.
Иако секогаш сум остро против дискриминацијата мажи/жени, за ова е
@Roy Fokker во право (иако начинот на кој го презентираше фактот е малку дискутабилен).
Мажите во принцип имаат поголема мускулна маса, еритроцити (црвени крвни зрнца) од жените (погледни на било кој лабораторски извештај, референтните вредности се различни за мажи и жени) и со самото тоа им се потребни повеќе протеини. Секако, големо влијание на реалната потреба од протеини има физичката активност. На пример, двајца мажи со иста тежина може да имаат различна потреба од протеини ако едниот е физички активен, а другиот е форумски активен
Секако, разликата во потреба од протеини кај просечен маж и просечна жена е минимална и затоа дури и нема потреба да се нагласува дека постои.
Инаку, општа препорака за пресметување колку протеини ви се потребни е едноставно да застанете на вага. На пример, ако имате 70 килограми потребни ви се најмногу 70 грама протеини дневно (ако сте физички активни одете до 70).
На пример, 100 грама сув, бел грав има 24 грама протеини значи човек со тежина од 70 килограми со еден оброк од грав покрива околу третина од неговите дневни потреби за протеини.
Факт е дека растителните извори на протеини се посиромашни, но исто така е факт дека постојат огромен број луѓе што не внесуваат месо и функционираат нормално. 31% од населението на Индија се вегетаријанци, што е бројка од 411 308 489 луѓе мање/више што само по себе е показател дека сепак човечкиот организам може да функционира и со растителни извори на протеини.
*Dislcaimer: Не сум вегетаријанец, само сум хипик и мислам дека се додека вегетаријанците не присилуваат никој друг на нивниот избор нема потреба ниту некој нив да ги убедува дали е правилно тоа, ниту пак тие треба да убедуваат и да го пропагираат вегетаријанството како Јеховини сведоци на крек.
Peace and love y'all.