Изумрела темава. Туку, бар кажете кој правец е филозофот, а не толку сувопарно само името да му го кажете.
Неколку филозофи ми имаат оставено впечаток од почеток на годината па наваму. Почнувајќи од Сократ, класика, еден од систематичарите што сакаа да се воспостави една вредност што безусловно ќе биде почитувана и нерелативизирана... Тој го поставил знаењето како врв, сметајќи дека доколку воспитанието и образованието се доволно добри, не би постоеле злосторници. Јесда малце наивно е да се смета дека злоделата се прават од незнаење. Сепак добро ко за почеток.
После, ми се свиѓаше Волтер со својот критикувачки, I don't give a fuck стил, кој бараше промени во општеството и што се смета за еден од оние скроз првите иницијатори на Француската револуција у 1789. "Кандид од земјата на чудата" треба да се прочита и да се изгледа претставата. Тука Волтер вика: "Секој треба да ја обработува својата градина" и така е.
После, ми се свиѓа Сорен Киркегор, иницијаторите на егзистенцијализмот што после има и други битни претставници како филозофски и литературен правец. Не се занимава со вечните прашања, ниту со она дух, материја, битие ... што е карактеристично за Хегел и Кант што се замарале со нешто што не го тангира секојдневниот живот на човекот. Киркегор уствари вика дека филозофијата треба да го проучува личниот однос на човекот кон светот, неговата самосвест и слично. Егзистенцијата е еднократна, неповторлива, минлива, конечна, непредвидлива, несигурна. Секој човек бира во што ќе ја најде субјективната вистина, притоа треба да биде комплетно свесен кој е, што е, кај е и да биде секогаш спремен да сноси одговорност за своите постапки, без обвинување на друг. Секогаш има избор, секогаш постои или-или ситуација.
Ставот кон религијата му е дека таа го изневерила христијанството и дека религијата треба да се базира на личниот однос на верникот кон Бога, како знае и умее, наместо на обреди, адети и напамет научени молитви. Има дело:"Дневникот на еден заводник" на македонски.