Вашите пријатели на Facebook

Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.133
Поени од реакции
15.973
250 пријатели моментално, а и тие се многу. Треба да се прави чистка како што ми стои пак. Или пак јас да го тргнам профилот. Повеќе не ни аднувам, не ни прифаќам. Слики не планирам да ставам, лајкови уште помалце давам, ни статуси пишам, ни ништо. Тотално ми стана глуп фб-от и го отварам само колку да се договорам нешто ако треба или пак некој муабет ако ми се прави. Значи најчесто чатот го користам :):):):)
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.970
Поени од реакции
5.565
Во врска со темата:
Прифаќам само женски што не ги познавам, мада ретки се таквите, 99% од тие што ме аднале барем еднаш сме биле во исто друштво, од факс итн.... Машки скоро никогаш не прифаќам доколку не ги познавам.
Имам <300 пријателчиња.
Што лажеш бре, мене ме прифати од прва :)

Имам околу 200 пријатели, мислам дека сите ги знам, повеќето лично и мал дел од форум. Не прифаќам и не аднувам непознати :)
 
M

Moon Child

Гостин
Имам 200 и нешто пријателчиња и сите скоро ги знам. Може некое забегало па сум заборавила да го избришам, ама мање битно. Не прифаќам секој за пријател, особено ако видам дека немаме заеднички пријатели пишувам порака и културно прашувам кој е :) Имам фобија од лажни профили што ќе чепкаат наоколу така да, не прифаќам секој. А и за што ќе ми се, кога немам разговор со тие. Ме додаваа и школски од средно/основно ама не ги прифаќам, не ми требаат. Знам дека повеќето ме додале за да душкаат по приватноста.
 
T

theTinule

Гостин
Јас имам 452.
Сите ги знаев на времето. Со некои имам изгубено контакт, со некои не ни праам муабет, си дремат само така, со некои секој ден се глеам, некои ми се роднини итн. итн...
Обично не прифаќам некој што не го знам (не дека имаат нешто да ми видат на профил xD).
Иам неколку фаци од форум што не ги знам.
Иам неколку фаци од школо што не ги знам.
Слабо додавам -.-
Многу unfriendly настроена сум -.-
 

Anne.

~ Happiness In Slavery.
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.628
Поени од реакции
10.284
Пред месец два се уфилмав нешто и избришав доста пријатели, испозабранив информации и сл. Сега си имам 389 од кои горе-доле ги знам. Нови не прифаќам ако не ги препознавам на сликата.
 

Грмуш

Пичкмајчин
Член од
11 октомври 2007
Мислења
1.118
Поени од реакции
90
Имам околу 1000 пријатели и се заради тоа што Фејсбук стана еден од поголемите сајтови на нет!!!
Почнува да здосадува!

--- надополнето ---

Имам околу 1000 пријатели и се заради тоа што Фејсбук стана еден од поголемите сајтови на нет!!!
Почнува да здосадува!
Инаку неам никој од форум...

--- надополнето ---

Имам околу 1000 пријатели и се заради тоа што Фејсбук стана еден од поголемите сајтови на нет!!!
Почнува да здосадува!
Инаку неам никој од форум...:SИли имам ама нз дека е од тука:)!
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.366
Поени од реакции
25.096
Имам точно 250 пријатели на Фејсбук. 99 проценти се луѓе што ги знам, останатиот 1 процент е форумџии кои не сум ги запознал, а со кои сепак комуницирам како да се познавам и во живо така да листата на пријатели и непријатели ми е таман одбрана.
Имав околу 300 пријатели ама кога губит Милан обично од нервоза морам да бришам нешо така да стигнав на олку. Доста се, можит и помалку... ама засега е добро.
А во врска со чатот - имам мала група од неколку луѓе со кои секојдневно пишам и за нив сум само онлајн. Негде 10тина души, истите со кои се дружам и во реалниов свет.
Ептен ретко адирам некого, а и ретко прифаќам некого. Вчера ми стигна покана за пријател од некое машко шо првпат го гледам. Мене такви работи ми влеваат страв и планирам да ја исклучам и опцијата да ме бараат на search по име презиме. Сепак фејсбук на крајот на краиштата го користам за да читам вести од Спорт Денес, Росоњери блог, Имдб и сајтови на музички групи и серии.
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Јас имам 200 пријатели, и сите до еден ги знам. Ако ме адне некој што не го знам, го бришам. Или едино ако ме знае нека ми пише приватна порака, да знам дека е кој и да е, и ќе го прифатам. И не ги прифаќам некои што ме нервираат, што неќам да ги глеам... Не гледам некое задоволство во прифаќање непознати само за... што? За да имам многу пријатели? Глупост жива ми е тоа.
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Порано многу внимавав кога додавам и кого прифаќам од проста причина што facebookот го доживував како приватна работа, но во последно време не е така.

Во моментот имам повеќе од 1000 пријатели, 90% од нив ги знам, но има и не познати.

Поради тие 10% многу внимавам што и како правам на facebook.
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Моментално имам 225 пријатели од кои 200 ги знам а 2ца се од Кипар (за чет ми се интересни). 20 души се менаџери од кафичи и дискотеки и за праќање настани ми се. 2-3ца ми се од Кантер што играме а ги неам видено у живо. Порано имав околу 600-700 пријатели ама откако имав гадно искуство од типот правење фејк профил моја слика избришав значителен дел од контактите. Иначе си имам уште еден профил за луѓе што не ги познавам и луѓе од разни краеви на светов. Кој сака да ме аддне нека пише ПП ;)
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.825
Поени од реакции
80.356
"I would rather have a prostate exam on live television by a guy with very cold hands than have a Facebook page."
 
С

сашенко

Гостин
Нов фејсбук имам и немам ни 100ка пријатели.Од нив една кинезкиња што навива за надал и живее во америка и еден латиноамериканец од мексико шити.Тоа е тоа...
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Додека се бавев со глумење во театар имав преку 4000, сериозно но сето тоа беше залудно, премногу пораки премногу лигавење, премногу педери и премногу попалени тинејзерки, неможев глава да дигнам од инвитации за настани и остали глупости а пак за оние глупите игри да незборам.

Еден ден се разбудив фино лепо се избришав сведов до 300 што ги знам, а као најголем парадокс тој ден Тимот на Фејсбук ми го брише акаунтнот бидејќи сум имал многу пријатели што ме аднуваат и сум требал да платам за страница да си имам со реклама као аддс одстрана.

И така јас фино лепо отворив нов профил со само 338 што ги познавам и доволно ми се бар сега за сега, и пак имам е..на забрана да аднувам незнам зошто па сеуште не сум во контакт со сите што ги познавам.

Кој сака да ме адне? :)))
 
Член од
20 ноември 2008
Мислења
6.104
Поени од реакции
2.514
Околу 550, се знам со доста, али се пишам само со 20-тина.. Лајк не стегам многу, а ни малку.. И то.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom