Алкохолот има bools... Мислам ВОЛКАВИ големи... И шо алкохолот е и љубов и религија и зен филозофија и све... Долги неврзани муабети, отворени умови, сексуална напетост,крвава самодоверба, солзи на чашата... Имам едно другарче алкохолот го доживува како жена и секогаш и пушта јазик, опасна ствар е тоа - знам малце нападно али јбг ритуал. И стварно мислам дека алкохолот не соблака до гола кожа. Со душа потопена у алкохол тврдам дека сржта на своето јас е у алкохолот.Кај алкохолот нема лиценца за лицемерие, каков си бате ко си пијан таков си бате и у приватен живот, јбг. Па тие сензуални движења ко си напиен, па таа неприбрана рака која сите ги гушка, па тој јазик шо ги милува девојчињата, па тоа чегеварско настроение на црниот дроб, па последната чашка шо те пустоши... Не ме бендисуваат срања у стил " Пијем на екс " и " Враќањето на Рамбо ". Алкохолот е отмена уметност која ти дава идентитет. Таа космичка енергија на почетокот од флертот со алкохолот е една од најубавите ствари шо можеш да ја добиеш од овој земен живот. И да сум ги минал сите фази од авијатичар до џампер и назад и пјевање и плачење (али тоа е ако налеташ на алкохол набиен со негативни емоции не е до тебе) и смеење. Само не се научив да се вратам. Ја пијам последната чашка, мафнувам и паднувам покосен...