- Член од
- 29 ноември 2007
- Мислења
- 1.149
- Поени од реакции
- 38
Бидејќи гледам има теми вашата мајка,вашата баба па дури и вашиот дедо јас решив да отворам тема вашиот татко.Ме поттикна да отворам ваква тема затоа што јас мојот татко го изгубив кога бев 16 години и де4н денес се уште многу ми недостига.Ми недостигаат неговите совети и шали.Дури ми недостига и неговото пререкување во врска со работите што ги правам.Со ова сакам да оддадам почит за татко ми затоа што беше важна личност во мојот живот и иако го нема се потсетувам што совет би ми дал да е до мене.Се тоа што сум денес сум поради татко ми.Се гордеам што имам сличности како него.Беше личност која уживаше да ја прави околината среќна.Сакаше да помогне а не очекуваше ништо за возврат.Беше прекрасна личност.Секогаш ќе ми недостига! Кажете вие нешто за вашиот татко?