Вашиот татко!

Keepitreal

И сега ?....
Член од
18 септември 2012
Мислења
386
Поени од реакции
371
Но, тој ми е школо за каков родител не треба да бидам. Од неговите постапки имам научено многу па дури и пропатено во животов, па дури и сме поминале неколку меѓусебни физички дуели.

Си ветив сам себе една работа, ако еден ден имам деца ќе им пружам се, апсолутно се па дури и најневозможното, но пред се секогаш ќе бидам тука за нив, па макар и како енергија која ќе лебди наоколу.
Децата се најголемо богатство, штета што секоја будала може да ги направи и да ги упропасти.
Исто ко јас и тој ... Тука сме негде ..
 
Член од
21 март 2013
Мислења
28
Поени од реакции
23
Ех татко ми. За мене тој бил и ќе остане една многу битна личност за мене, иако сега не живеам со него. Секогаш знаел да ми даде добри совети и да ме заштити со тоа од пакосниот машки свет, а и мојот млад пилешки мозок го доведе до размислување и созревање. Се сеќавам кога бев мала ќе легнев врз него и ќе ми кажеше : Ајде тато да го наполниш со животче... Се сеќавам кога пешки одевме накај Плачковица. Се сеќавам како се гришеже за мене додека бев болна. Најмногу го сакам тато...:love:
 
Член од
17 април 2013
Мислења
95
Поени од реакции
187
Единствено нешто што му вреди е неговиот физички изглед... Што ли беа тоа емоции?.. Премногу е тешко кога немаш татко - пријател, кој ќе те советува, од кој ќе учиш како да се надградуваш.. Од него можам само да учам каква не треба да бидам како родител, за жал! :( Секоја чест за вашите татковци - пријатели, се би дала да имам таков татко покрај мене..
 

Keepitreal

И сега ?....
Член од
18 септември 2012
Мислења
386
Поени од реакции
371
Единствено нешто што му вреди е неговиот физички изглед... Што ли беа тоа емоции?.. Премногу е тешко кога немаш татко - пријател, кој ќе те советува, од кој ќе учиш како да се надградуваш.. Од него можам само да учам каква не треба да бидам како родител, за жал! :( Секоја чест за вашите татковци - пријатели, се би дала да имам таков татко покрај мене..
Нема простор за очај, не се секирај. И јас спаѓам во иста група како тебе ;)
Јас сум благодарен на тоа како се однесувал кон мене.. Тоа ме направи појак и ме направи да знам да застанам на нозе без никој да ми подаде рака.
И да се врати времето пак би посакал да е по исто ;)
 

Pinkie Pie

and Deedee
Член од
25 ноември 2009
Мислења
2.011
Поени од реакции
3.246
Душата да му ја побарам за мене че си ја дај ....:place: Се чудам како ја зел ова дома шо ми е....идиотка...за се и оди по газо и таја че најди причина нешто да го изнервира...не го остава ни 5 минути одмор да земи да се најади...... таја ретко пофајча нешто дома..и ко че фати мора на гла да му се качи.обично и текнува во 12 сато вечерта теписи да треси не е салам..нон стоп го труја по телефон.....татко ми се и работи .....вагани мија , готви,на секој 5 минути го прајча до продавница, башка шо работи физичка работа....многу ми е жал за него за ваква чума за жена шо зел....ама ја трпи заради нас :( не знам шо би праела без него , само тој ме разбира , барем еден процент да беше мајка ми како него........
 
Член од
13 септември 2009
Мислења
560
Поени од реакции
434
Не знам како да го опишам......баба ми и дедо ми(мајка му и татко му) му се на прво место(живееме карши карши со баба ми и дедо ми) и секогаш гледа нив да им биде добро,и ако го изнервираат нешто,коа ќе се врати од таму се истура на мене и сестра ми и на мајка ми..ќе почне расправија за ништо(што многу ме нервира и никогаш нема да го праам тоа)...работи,вреден и чоек од збор..коа ќе се врати од работа,ќе легне у дневна на двосед и ќе гледа вести,и кај 9-10 ќе заспие,ќе почне да 'рчи и не станува да си легне у спална до 1-2 саат.......мајка ми дека седи до покасно се нервира...стварно е иритантно рчењето..и ќе почне да му вика прво со добро иди легни,он добро и продужува,и едно 10 пати така дур не почнат да се дерат и караат "цел ден на работа не ме оставаш да одморам" -"па иди легни у спална,за тоа е спалната" и така е секој ден..буквално ритуал е тоа и СКУРЧЕНО МИ Е..неможам да ги слушам више..сто пати е зборено на таа тема џабе..сака коа јаде никој да не му пречи..зошто за ручек само за празници се гаѓаме да ручаме сите,иначе секој сам си јаде....да му речеш после работа нешто,боже сачувај..спреми се за решетање и дерење ваљда дека не смета за свои и "ај ќе ме разберете вие можам да ве откачам вас" у тој стил(не секогаш,коа е важно добро,иначе не..за блискост немам никаква......само формално ми е татко..исто и за сестра ми(она е на него,позатворена)...до душа некад се труди(коа му се овците на број) да проба нешто,се зеза со мене и слично ама тоа ретко..претежно е нервозен и напнат....и ко да ствара бариера меѓу нас со тоа..мајка ми не работи,и само она е крива за тоа што се нема пари и секад неа и се истура..што многу ме нервира и многу пати се караме за тоа,а баба ми и дедо ми се главна причина за тоа..се си купуваат најскапо,дедо ми секој ден спортска лупа им фрла пари таму(недомаќински они мислат ко на времето имаат пари)...ама тоа е( а жената со спондилоза е дур била помлада работела ама после старост..и да не ја навредам малце не е снаодлива и пробивна за да се снаоѓа...20 години живее у Скопје уште го нема научено градов..све мора со мапи и скици)....а за вредна немам збор...не' гледа од старо до младо,празници,свадби курци палци,ручеци,чистење секој ден домаќински мерачки,и срце жена е....дури од што е добра и наивна е на моменти..и многу ја сакам,со неа и муабет праам и се зезам и се..баш ко другари..едноставно близок сум..сестра ми само со мене е блиска чат-пат ќе ми каже нешто,со мајка ми и татко ми не е блиска.....и многу работи имам научено од татко ми..и добри и лоши..класиката не пиј не пуши,да не забораиш она,ова..по 200 пати повторува и се нервирав што ме смета за незрел,ама сфатив дека е у право...а лоши..од горенаведеново што нема да дозволам децата мои да се осеќаат ко ја што се осеќам да се трујам од нервози секој 2 ден и ќе им пружам внимание и ќе бидам другар,буквално со нив....у глобала тоа е....ако почнам да оправам...........ехее нема крај :)
 
T

Todd Solondz

Гостин
Не се познаваме со татко ми :(
Дваесет години игнориран од својот сопствен татко никад ми нема дадено совет никад нема разговарано со мене за било што никад не се ни потрудил да најде заеднички интерес дваесет години се враќа од работа си оди во неговата соба и како да не постојам за него или ако се врати од кафана ќе дојде до кај мене за да ги истури сите фрустрации да ми каже дека сум п*чка и п*дер, двата збора што најчесто ги имам слушано од татко ми додека растев а незнам зошто ни тоа ми го нема образложено зошто кога за ништо никогаш не разговараме мора да дојде и да ме навредува ништо не сум му згрешил а и башка не сум геј.
Инаку имам 23 и во последните 2-3 години гледам дека сака да го поправи односот но како кога немаме близина кога немаме доверба кога немаме тема за разговор и впрочем кој го врти сега ја се враќам од факултет си одам во мојата соба без да го поздравам ко да не постои уште малку планирам и да се одселам и скроз да се одделам од него.
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Не се познаваме со татко ми :(
Дваесет години игнориран од својот сопствен татко никад ми нема дадено совет никад нема разговарано со мене за било што никад не се ни потрудил да најде заеднички интерес дваесет години се враќа од работа си оди во неговата соба и како да не постојам за него или ако се врати од кафана ќе дојде до кај мене за да ги истури сите фрустрации да ми каже дека сум п*чка и п*дер, двата збора што најчесто ги имам слушано од татко ми додека растев а незнам зошто ни тоа ми го нема образложено зошто кога за ништо никогаш не разговараме мора да дојде и да ме навредува ништо не сум му згрешил а и башка не сум геј.
Инаку имам 23 и во последните 2-3 години гледам дека сака да го поправи односот но како кога немаме близина кога немаме доверба кога немаме тема за разговор и впрочем кој го врти сега ја се враќам од факултет си одам во мојата соба без да го поздравам ко да не постои уште малку планирам и да се одселам и скроз да се одделам од него.[/quote
Zal mie sto takov ti e odnosot so tatko ti,no mislam deka ti treba da ja smenis taktikata so odnesuvanje.Neznam dali imas brat ili sestra i kakov e odnosot so niv....a ti probaj da smenis nesto,napravi nesto da mu skrenes vnimanie, razgovaraj za nesto sto on saka da razgovara,pobaraj nekoj sovet,pobaraj nekoe mislenje od nego ili ti daj nekoe tvoe mislenje.....tuka moze i majka ti da ti pomogne;)
Mislam deka moze da se smeni nesto...so obostrana zelba....
So sreka:)
 
Член од
23 април 2013
Мислења
45
Поени од реакции
73
И јас спаѓам во онаа група на луѓе кои не се познаваат со родителите , башка со татко ми.
Никогаш не прашал што сакам , што ме интересира , дали имам некаков проблем.
Правев се за да го направам среќен и горд на мене , но испадна дека ако нешто направам добро тогаш ќе добијам само еден кос поглед - мх ! Ајде де , нештото колку и да претставувало некој успех поради вложениот труд јас ќе добиев само :
Ајде де , не е нешто посебно ..
А ако нешто погрешам , тогаш добивам куп навреди па и за мала грешка. Му благодарам што ме направи посилна личност , така што без неговите совети бев приморана да се снаоѓам сама и сама да размислувам на некое повисоко ниво.
Господинот со кренат нос никогаш не е задоволен , јас сум глупаво роботче кое треба да учи и ги извршува заповедите и "советите" на тато , кој ни дал се , ни купил се , па јас сега сум разгалено детиште!
А кога веќе не оди , да се снајдам сама , бе тато ?
Но не , јас сум премногу глупава да би се снашла сама во реалниот свет. Јас живеам во фантастичен свет , и под никој услов не би го разбрала реалниот свет.
Извини уште еднаш драг татичко , но ете сум имала добра меморија да запаметам кога ти си доаѓаш од работа , па она што си се воздржувал да го кажеш таму , ќе ни го кажеш нам со повишен тон , кои не сме криви ни должни , а утрото мислиш дека го поправаш со едно кисело добро утро и некоја глупава шега.
Па не , веќе не сакам ни да разговарам со тебе , а камо ли да ми се мешаш во животот .
Ти слободно живеј си во свој филм и тупи ми го мозокот како цело време ти ми помагаш , а колку сум јас неблагодарна , но незнам дали ти текнало , дека можеби ми одмагаш ?
Јас само ќе работам на случајот да дојде денот кога нема да зависам од тебе и кога ќе се одселам од оваа куќа. И ќе замижам на односите кои ги имаат моите другарки со своите татковци.
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
Луд србин каков мојт да е ? :pipi:

Секој ден циркузи е по дома xD
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Ne ste svesni kako e,koga ke go izgubite vasiot tatko:(
 
I

[In]kognito

Гостин
Imam tatko kako shto mnogu lugje bi posakale, chitam mnogu od chlenovite go izgubile svojot heroj i za mene toa e nezamislivo..
Ne bi mozela da preziveam ni sekunda bez nego i negovite najprekrasni jadenja. Negovite shegi i negovata najtopla najsigurna pregratka. Ne bi izdrzala ni sekunda duri i bez negoviot prekor za moite detski gluposti i ona milo : - Mali dojdi ednash da te backam :) ni moment ne bi izdrzala bez shalite za negoviot najgolem stomak vo oblik na dzinovski basket..
te obozhavam, zasekogas kje bides mojot heroj i najgolema poddrska.
P.s. Najsrekjen rodenden tato :) :* te obozhavam!
 
Член од
5 мај 2013
Мислења
34
Поени од реакции
62
Мојот татко понекогаш мислам дека ме разбира повеќе и од мајка ми и најдобро знае да чува тајни :)
 
Член од
4 август 2011
Мислења
178
Поени од реакции
517
Секоја чест тато.. Со четири жени дома, не ти е лесно.. :cuc:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom