Што е денес сите на нишан ме ставиле.. Ми помина линија на толеранција од моментов плукам оган. Додуша вчеравечер почна.
Денес слободен ден е и на двајцата па решив прво да се напијам кафе со една познаничка наша после со него да се најдам, кој ѓаулванус ме натера да не ја одбијам. Има бебе, тодлер 2 години, со бракот ѝ се фали као да ѝ е најголем успех у животот, додуша можда и ѝ е, дечково добростоечки бајаги. Вика
- Ајде веќе невеста те правиме, ако пак не се поткарате, хихихи. Тогаш ептен беше тешко кога раскинавте првпат.
- И да се скараме, послатко е кога се смируваме не бери гајле. Па ќе родиме и другарче на Адел.
- Ааа, како сте тргнале, да не испадне постара сестра Адел, да не треба да го чува... мислам ако бидне... мислам дај Боже.
Тука веќе сите контакти ми се откачија, мајчинство и фамилија се работи што никој не смее да ми чепка. Кокошка една, како да не памтиме кога имаше скоро 90 кила и ќе оболеше додека ослаби за да го фати, од каква дупка излезе да госпоѓинствува. Поминува една Украинка, студентка максимум. Па ми текна нејзиниот мераклија е, нема келнерка на која не намигнал...
- Вистина, еј, многу убаво што за сѐ викаш вака дај Боже , е затоа јас никого не потценувам во животов. Сомилост и емпатија секогаш наоѓаат начин да ти се вратат. Ништо не е гаранција. Види го девојчево, во Лондон ли каде беше, ваква ја најдоа, ја примија, после мажот со неа избега. Господ само ум да не помати. Одма ѝ излезе работа па лажни тел повици.
Сеа со зетов ако да Бог будучи со шпанска серија заплети шетаме. Има една група од азијатски туристи, веројатно Корејци или Јапонци, не знам. Еден ме прашува со кој автобус се оди до еден од поголемите молови овде. Му објаснувам, ми вика thanks dear.

Овој заринет у телефонот искуси зомби исправање. Јас не сум уште свесна го занемарив моментот. Му викам леле виде ли, уште наочари да има и шишки на страна оригинал Санг Во од Squid Game. Стварно ко во вицон мислев ти си ептен си личат луѓево. Ама скроз незлонамерно и он збореше за глумците. Овој ќути се насмевна. После пола саат ќутење ми вика, ,, не знам јапонски или корејски, ама знам кинески. Прва прилика менувам јазик на апликацијата, па да те видам како ќе гледаш серии. Машко е што не остави мене да ме праша? "
Му викам па да не зјапаше у телефонот тебе ќе те прашаше. Он вика, па ти у него ли гледаше. Охоо, Боже поможе. Ај викам да седнеме што побрзо на тој фамозен ручек, на астролошкиот бик у тебе му дигнаа револуција цревата изгледа.

Кајги, не дека не ми се праи кеиф, од летово до сега втор испад на љубомора.
И последно денеска, ве поздрави мачево баш кога ја читав темава за животниве. Хештег тежак је овај живот. Не се секирај, не збориме за тебе бе слаткиш.
