Anco
За солун ДА, ЗА срем НЕ
- Член од
- 1 ноември 2011
- Мислења
- 8.603
- Поени од реакции
- 15.409
пред земјотресот и фиксните телефони беа реткост,освен во пошта
ги имаше во поголемите ООЗТ или чуварници од оние црни-хитлерови.
а прв мобилен телефон ми било моето грло....
-„Мамо фатив гуштер“- се дерам од Калето кон мајка ми која пере нешто на
маалската чешма,кај вториот ред куќи под Калето,а ако тоа не помага,јас си имав замена за мобилен,ситните камења од Калето и право на нашите ќерамиди,и некој ќе излезе да „чуе“ што барам.Понекогаш пак се служевме и со визуелни мобилки. Гледам доле мајка ми мафта со сукалато,а целата кецела и коса и е со брашно - а што значи,питата е готова слегувај од таму.
Или поголемиот ми брат ми ја мафта ташната,која ја закачил на некој стап та изгледа како хелихоптер-јас ја гледам, а што значи доаѓај време е за на школо.
Ама и ова понекогаш, таткоми по визуелен мобилен при праќа смс порако,го симнал ременот од пантолоноте и мафта со него-јас го гледам и го одоговлечувам симнувањето, а што значи тоа,знам што ме чека,оти му кажале комшиите дека сум му го везел неговиот чуварски точак марка Партизан и тоа под рам,а овој пат и оставен со дупната гума. Е вој мобилен со овакви СМС пораки најповеќе ги мразев оти страдаше потоа мојот газ.