Април. Има доста позитивна енергија, идеално време по мој вкус, ме потсеќа и на многу несекојдневни доживувања, патувања, бла-бла. Секако и девојчињата ги оставаат јакните дома...
Омилен месец ми е мај-мојот месец. Но, бидејќи пролетта ми е омиленото годишно време, значи најдобро се чувствувам во пролет, можам да кажам дека и март ми е омилен зашто со самото негово доаѓање се чувствувам како друга личност, како сега на пример уште повеќе станувам позитивна и...се' ми се чини поубаво...го гледам животот во посветли бои...Два омилени има кај мене
Јуни прво тогаш ми е роденден па за среќа и повеќето луѓе што ги сакам и ценам се родени во тој месец па многу родендени се слават едноставно преубав месец за мене.
јас ги сакам сите месеци, ако ми се погоди годината, но највеќе јануари, заради нова години и дедо мраз , мај,поради прекрасното време и парк и птици, според мене мај ми е месец на љубовта, после јули, лето, море, сонце, шетање, нема школо, абе петка... и мислам дека се во главно тие...
Април.
Роденден ми е тогаш да,ама го обожавам месецот заради сонцето и ветерот кој не е силен,кој дувка и ми ја бушави косата,заради прекрасниот мирис во воздухот кој го обожавам,заради расположението кое го имам,заради насмеаните и весели луѓе околу мене...
Има уште толку многу за кажување зашто го сакам април...
Уф колку го сакам месецот.
Април и мај. Го обожавам тој период бидејќи времето ми е најубаво, ни жешко ни ладно, прекрасно, идеално за шетање. И покрај такво време нормално дека ќе се чувствувам прекрасно, расположено, полна со живот и позитивна енергија.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.