N
NeMiRnA
Гостин
Да не ги подречам,двајцата дедовци ми се живи и здрави и многу си ги сакам.
Таткото на татко ми...е тој е посебна приказна...ме чувал кога сум била мала,на глава му се имам качувано,ама единствена внука што ќе прави...Има 80 години и уште не признава дека е стар,вози точак,се пентари,порава се нешто и ако го заболе нешто,се чуди што му е,а никако да признае дека е од старост...Како мала стално ме шеташе во луна парк и штом нешто видам веднаш внука на дедо,тап ќе ми го купи и дома едвај ќе се донесевме и се грицнато по малце само и оставено,а за балони со хелиум да не правам муабет.Зимно време ми печеше јаболчиња и компири и ми раскажуваше приказни уууууф ми фали тоа време...
Таткото на мајка ми...хехехе многу интересен човек.Нашетан типац бил и стално се фали како ги шармирал женските коа бил млад.Секогаш сум била зајче на дедо и секогаш ќе си останам.Многу емотивно човече,на кој и да е од семејството да му се случува нешто веднаш се сочувстува и му идат солзи,душичка.Обожава да гледа фудбал,ама ако победи наша репрезентација од среќа одма срце го фаќа и сега несмее да гледа,се вознемирува кутриот.Тој ме научи да читам,ме учеше историја зашто ме мрзеше да ја учам,а и најважно тој ми ја всади љубовта кон пианото.
Да ми се живи и здрави и двајцата уште долго,многу ги сакам,моите не ме разгалиле толку колку тие двајца...единствена внука од двете страни сум.