Ах темава.....ја знам уште од почетокот, али никако не можев да пишам...секогаш кога ќе ја видев, солзи ми идеа на очите, али денес конечно собрав сила да пишам, а сепак солзите да се присутни...
Дедо ми просто го обожавав, покрај татко ми...не знам зошто, али секогаш сум била, и сеуште сум поврзана повеќе со машките членови од мојата фамилија! Имав преубаво детство, се разбира ги сакав и ги сакам многу и женските, али со татко ми и дедо ми....не знам....сум ги поминала најубавите мои детски денови! Подоцна се роди и брат ми со него исто така :smir:
Најдобрата личност на светот беше....не можеше да се случи некого да навреди, да направи нешто лошо... кога живеев странство, немаше ден а да не отидеме во парк.....секој божји ден....лулашките ми беа неизбежен дел од парковите...и тој ме лулаше...хаха и на камера сме снимани
што сакав добивав...Дури и сега, кога веќе не сум дете, за пари никогаш немаше проблем, колку и да побарав....научив многу работи од него, многу!! Секогаш ми велеше, учи Маријана, прво школата, после се друго! Конечно кога се реши ја со баба ми да се вратат Македонија да живеат дека во пензија беа, тој умре. Замина пак до Австрија по некои работи, и умре таму...им умре на татко ми и баба ми на раце....неколку недели пред да направат 50 годишнина од брак а двајцата беа пресреќни за тоа, стари ама премногу се сакаа.
Дури им спремавме славење во ресторан со музика, подароци....
Ништо, пропадна во вода! Цел живот го помина странство, одделен од земјата, од сите, за нас внуците да работи, за ние да трошиме!
Каков е суров животот понекогаш, не требаше господ сега да го земе...поминаа 7 месеци, ама јас и ден ден тагувам по него, и секогаш ќе тагувам....Те сакам дедушко!!! Беше погребан точно на мојот роденден, 18 октомври!
Другиот дедо(од мајка ми татко) е жив, ама сепак, со другиот бев поврзана, живеев неколку год заедно....