Хммм....
Едниот не го имам видено, починал уште пред да се родам....
Другиот....не сум го видел веќе неколку години....немам лошо мислење, уствари не знам...
Последен пат кога ми дојде дома, дојде со некаква прича околу наследување на имот, кој рака на срце нема некоја којзнае каква вредност(т.е може има, ама не ми е многу гајле). Не очекувам никакво наследство, баш ме заболе....и сега сум во состојба да се откажам од се' од таа страна. Единствено што ми текнува е дека ме излажа за некоја си изјава на мајка ми (која е одамна почината) дека нешто таа отстапила, а ако нешто ми убаво ми текнува е нивниот договор пред да почине кутрата. И без тоа се имаше откажано од све и свашта....
Знам дека не е убаво да не се простува, ама не можам да си дозволам така, остана така работата....не се скаравме, ама од тогаш не сме се виделе - има добри 4-5 години. Сме имале некој формален телефонски разговор и тоа е тоа....
Имам и впечаток дека и не му е баш гајле....од време на време контактира со брат ми, кој во најтешко време на осамостојување, опремување стан исл. од истиот не доби ни една вазна најбезвезна, а има услови да му го опреми истиот. Оваа страна не ја коментирам многу, пошо не сум материјалист т.е. сум, ама сакам сам да си заработам...
....и да фатам да се објаснувам, знам дека нема да се објаснам - катастрофа блиска фамилија така кога ќе ти напраи...ситни души....