Вашиот дедо

N

NeMiRnA

Гостин
Да не ги подречам,двајцата дедовци ми се живи и здрави и многу си ги сакам.
Таткото на татко ми...е тој е посебна приказна...ме чувал кога сум била мала,на глава му се имам качувано,ама единствена внука што ќе прави...Има 80 години и уште не признава дека е стар,вози точак,се пентари,порава се нешто и ако го заболе нешто,се чуди што му е,а никако да признае дека е од старост...Како мала стално ме шеташе во луна парк и штом нешто видам веднаш внука на дедо,тап ќе ми го купи и дома едвај ќе се донесевме и се грицнато по малце само и оставено,а за балони со хелиум да не правам муабет.Зимно време ми печеше јаболчиња и компири и ми раскажуваше приказни уууууф ми фали тоа време...
Таткото на мајка ми...хехехе многу интересен човек.Нашетан типац бил и стално се фали како ги шармирал женските коа бил млад.Секогаш сум била зајче на дедо и секогаш ќе си останам.Многу емотивно човече,на кој и да е од семејството да му се случува нешто веднаш се сочувстува и му идат солзи,душичка.Обожава да гледа фудбал,ама ако победи наша репрезентација од среќа одма срце го фаќа и сега несмее да гледа,се вознемирува кутриот.Тој ме научи да читам,ме учеше историја зашто ме мрзеше да ја учам,а и најважно тој ми ја всади љубовта кон пианото.
Да ми се живи и здрави и двајцата уште долго,многу ги сакам,моите не ме разгалиле толку колку тие двајца...единствена внука од двете страни сум.
 

Drama Queen

Sky Catcher
Член од
2 септември 2007
Мислења
1.739
Поени од реакции
64
Имам двајца дедовци од кој едниот не го сакам многу многу а другиот ептен.Едниот е татко на мајками(тој сто го сакам многу) а другиот на татко ми...Овој на мајками е многу добар,ме слуша и го ценам тоа,јас забушавам па ме кара понекогаш,ама никогаш нема да заборавам како ми удоволува секое сабајле со пица бурек или некое лиснато со јогуртче и ми го носи жешко зошто знае дека највише сакам за да јадам лиснато за доручек!Фала дедо,те сакам најмногу....:pipi:
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Премногу си ги сакам дедовците, вклучувајќи го и тетинот на татко ми, бидејќи и со него бев премногу блиска.

Дедо Здравко, премногу не сакаше нас - внуците.
Секогаш кога ќе му дојдеше пензијата на сите ни даваше по 100 денари за чоколадо.
Јас бев мало и живчано и секогаш за нешто му викав... посебно кога ќе сакаше да ме баци, зашто секогаш ме лигавеше и ме стискаше.
Кога спиев кај баба и дедо, секое сабајле ме носеше во парк за да ги храниме козите.
Секогаш пред спиење ми кажуваше приказни за зајчиња, иако ги знаев на памет обожував да ги слушам по 100ти пат.
Бев 6то одделение чинам, бев кај нив и седев во дворот. Се качив на кратко за да земам нешто. Не му беше добро и спиеше, па затоа не го разбудив, само го видов одзади кога влегов во собата... тоа беше последниот пат што го видов... :cry:


Дедо Тихо, од секогаш беше “тежок“, не ги покажуваше емоциите, но премногу не сакаше сите.
Секогаш кога ќе отидев на гости, специјално за мене пржеше компирчиња и месо само за да јадам и цело време ме караше зашто сум толку слаба.
Кога баба ми не можеше, секоја недела одеше да ни купи Вива сокче, Киндер чоколадо, Тик Так бомбони и чоколадо.
Откако почина баба ми, премногу се затвори во себе, премногу ослабна, почна да пуши...
Мислевме дека е само обична настинка кога го однесоа во болница.
Бев со моите да го посетиме, изгледаше како да не се сеќава кои сме, како да гледа низ нас... беше некако отсутен, но и покрај неговата состојба ми беше мило што го гледам... се надевав дека ќе го видам пак во подобро издание... :cry:


Дедо Гого, секогаш со нешто ново... што се` можеше да направи од обично парче пластика ни самиот не беше свесен.
Обожаваше кога ќе му дојдевме на гости и секогаш ми пееше песни за гугутки... имаше една негова верзија, специјално за мене ја измисли и секогаш ме смееше со неа.
Обожаваше да ми оди по меракот бидејќи бев најмала и знаеше дека најмногу се радував на Киндер јајца и секогаш ми купуваше и ми помагаше да ги составиме играчките.
Беше во одлична форма и одеднаш стана безпомошен.
Колку што можев почесто одев да го гледам, иако поголемиот дел од времето спиеше.
Денес кога бев кај нив дома, баба ми бидејќи е католик не викна на ручек и... грдо е чувството кога нешто фали, кога не се “целосна“ атмосферата, ама за жал ќе мораме да се навикнеме... :cry:



Сите премногу ме сакаа, се надевам знаеја дека и јас ги сакав и се надевам дека еден ден повторно ќе ги видам.
И многу ми е тешко... додека останатите се шетаат со дедовците и бабите, на мене ми останаа само спомени... :(
 

Narkos

...::enter my mind::...
Член од
12 април 2007
Мислења
677
Поени од реакции
5
двајцата дедовци многу ги сакам...
едниот многу го поштовам...уше рано во животот војни ова она, мисии низ србија, возел тенк, па ко остаре во идризово во затворот...голем шмекер бил :), убаво дете со добро тело, супер по карактер, педантноста му е најјака страна и до ден денес. имал еден голем мотор, црн, голем...многу шеговит човек

другиот, авантурист, до италија и назад автостопер, до франција со комбе...добар човек, и тој е многу шеговит. ко бил помлад бил со долга коса, такво му било времето, диско шо ти знам шо...си го живеел секој ден како последен...само лошо му е пушењето, две кутии на ден...ама шо да правиш...
 

Billa Bong

I love Basketball
Член од
14 август 2006
Мислења
6.590
Поени од реакции
11
Ах дедовци...

Ај прво ќе почнам со дедо ми Благоја..
Човек кој се би направил за мене и брат ми...
Човек кој секогаш е насмеан,весел..,човек кој може да те насмее и расположи..
Е сега кога го пишувам ова тешко ми паѓа ама сакам да го пишам..
Дедо ми Коста..човек кој од секогаш сум го сакал највеќе...
Тој ми беше нешто повеќе од дедо,неговата грижа кон мене никогаш нема да ја заборавам...
Кога ќе ми текне дека тој ме земаше од градинка,за да не спијам..
Кога ќе ми текне дека секојдневно ме шеташе,тинтраше,чуваше...како да ми е мајка...
Жал ми е што веќе го нема но сепак него никогаш нема да го заборавам..за него има резервирано место во мојата душа..:(
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Едниот дедо никогаш го немам запознаето и мислам дека е и починат, ама не сум сигурна.

Другиот дедо почина кога бeв многу мала, некаде 2 години. Иако не го паметам многу сепак многу го сакав и во последните денови од неговиот живот постојано сум била покрај него.
Ме возел на задниот дел од велосипедот, многу ме сакал.
Има една случка на која ми текнува, ама низ магла. Он лежеше на едно како двосед што во тоа време го имавме во кујната, бидејќи беше болен и јас постојано се вртев околу него, над двоседот имаше еден чаршав и и бидејќи не сакав да му студи го покрив со чаршавот. Иако бев мало и ситно најдов сила да го повлечам чаршавот.
Криво ми е што немам повеќе спомени од него.

Денес, имам истакнато слика во мојата соба, на која што се баба ми и дедо ми кој ме држи во рака.

Секогаш кога ќе ја видам сликата, ме фаќа некоја тага.

Дедо ТЕ САКАМ!Знам дека си таму некаде во рајот и ме гледаш одозгоре. Прерано си замина и немавме шанса да проведеме повеќе време заедно и премногу ми е криво иако никогаш не сум го кажала тоа!
 
Член од
22 август 2007
Мислења
550
Поени од реакции
16
Имам многу убави спомени од детството и со двата дедовци. Едниот скоро секој ден отсабајле кога ќе станев ме носеше во парк, на плоштад или пак се шетавме до зелено пазарче кога требаше да оди да купи нешто и секогаш во лето ми купуваше од оние Rodeo големите сладоледи што беа ( не знам дали уште ги има), а кога ќе отидев на некоја недела н гости кај другиот дедо, секогаш за мене ми ги правеше сите јадења што сакав да ги јадам и ако требаше да оди до пазарче или пак на бавчата во карпош секогаш идев со него. Ми текнува ќе ме седнеше напред на томосот и ќе му ја забегавме некаде. Мхогу сакав кога ме возеше на моторот, а навечер игравме шах или правевме кули од карти. Многу ми недостига тоа.
 

OBDN

Ходајучи Вујаклија
Член од
25 јули 2005
Мислења
1.456
Поени од реакции
32
За жал не се сеќавам на моето запознавање со нив. Едниот починал неколку месеци откога сум се родила, другиот по 2 години. Многу ми е жал што немав шанса да искусам што значи да се има дедо, посебно што едниот бил најдобриот кој некогаш постоел, според брат ми, а и сите мои постари братучеди. Како дете секогаш кога ќе зборуваа за него, јас пукав од мака што немам свои приказни, и истовремено им се лутев на моите и ги кудев моите што „дозволиле“ да не напушти. :(
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Ах ги обожавам и двајцата. Економисти, педантни ептен, ама се би сторила за нив. Ако нешто им е лошо одма идам, помагам, трчам се грижам. Ме расположуваат и супер се. Ми раскажуваат како било кога било и тн.
 
Член од
24 април 2007
Мислења
47
Поени од реакции
0
хахаха ..........мојот дедоо е приказна за себе... има 85 години и најомилена прикаска му е кога четерс треќа му пукнало слепо црево , кога пузел 4 месеци низ водно има обичај да ми ги замара сите пријателици од типот ,,ех ајдее сега ти да казеш кој си и што си,,.....
да ме замара цело време за тоа зашо учам ,дека ,,тежак живот дојде,, ииии што уште не............ама па ако не ме замара па не ми интересен денот .....а што ли му останува освен да си раскажува за бурното минато :) :)
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.694
Поени од реакции
13.332
Еден од најпочитуваните личности од моја страна. Многу умен, секогаш најдобрите совети ги имам добивано од него како мал. Скромен, секогаш помагаше, никогаш не бараше за возврат. Ги сакаше луѓето, секогаш им стоеше на располагање.
 

M*A*J*A

The girl..*
Член од
11 јули 2006
Мислења
98
Поени од реакции
0
Имам само еден дедо и мн. си го сакам..Вака:Сум се родила најдебела :icon_lol:, а сега сум најслаба (до скоро бев бајаги слаба,ама веќе не толку многу:baeh: ) од сите негови внуци и поради тоа некако дедо ми најмногу се грижи за мене и некако најмногу ме сака (докажано) поради што често останатите внуци на шала (или не) знаат да се налутат,али јбг..Шта је,ту је не сум јас крива..И така..Многу си го сакам..:smir:
 
Член од
21 декември 2007
Мислења
53
Поени од реакции
1
Имам двајца премногу си ги сакам и сеуште се живи, ама кога ја видов темава со име дедо сакав јавно да изразам омраза кон еден човек кој го носи името дедо, ама за среќа не ми е по крв. ГО МРАЗАМ!!!!!!!!!!!!!!!!:nerv:
 

mirkec

Неостварена желба
Член од
26 јуни 2007
Мислења
502
Поени од реакции
3
Читам, ме фаќа тага и се прашувам, што би напишал јас за дедовците ? Не познавам ниеден, починале млади. Ама баба ми има 97 години - нека ми е жива и здрава.
 

Awake

б.
Член од
30 декември 2007
Мислења
3.198
Поени од реакции
2.628
Не памтам во мојот живот, ни баба, ни дедо.. единственото нешто кое ми останало од моите што ми раскажувале е дека пред умирање дедо ми рекол "пача" . Бидејќи е од Србија и ја како мал не сум можел да кажам алапача, па пача ми било полесно.. тоа ми кажува колку ме сакал, и знам дека ме чува и ќе ме чува.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom