Абе ве гледам сите сте се фатиле за дрогата како таа да е најголемото зло на кое може да биде изложена младинава.
Според мене,најголемиот проблем кој што го има и ке го има нашава младина е оноа ебано чувство на безизлезност и апатија кое го ствараме сите ние со нашите секојдневни жалопојки за тоа колку подобро беше порано,колку ја поскапеле струјата,телефонот,нафтата...
Дете ко дете,родителите му се урнек за развиток.Ако тато и мама си ги разглабаат проблемите на само а пред него ставаат хепи фејс,тоа дете ке има здрава психичка основа понатаму во животот да може да се фаќа во костец со проблемите,да прави рационален избор за тоа што е добро што е лошо.Ние од мали ако ги трупаме со нашево секојдневје никогаш во нив нема да се развие она чувство дека треба да се бори за нешто подобро,секогаш ке прифаѓаат привремени решенија,од денес за утре па нека биде што биде и ке чекаат смак света.На ваков начин се раѓаат наркомани,лопови,разбојници,хулигани...
Имам милион примери за сиромашни семејства кои секојдневно водат борба за гола егзистенција но на свет донеле здрави и прави деца кои се борат и успеваат.Кај нас сеуште се малцинство оние што забегуваат од прав пат,само жалосно е тоа што се множат.