- Член од
- 13 септември 2007
- Мислења
- 5.785
- Поени од реакции
- 4.028
Ти пишав во репутација,еве и овде..Го долови токму она што сите не нервира на форумов,но како и да е колку и да се пишува нема да се промени фактот што некои луѓе имаа бујна фантазија.сепак, кога на една форумџиска маса ќе се соберат повеќе форумџии, те оговараат за секој твој пост во која било тема, ако воопшто и те читаат. Притоа ќе ти се нафатат на сеир, ќе ти дадат неколку епитет и ти ним ќе им станеш тема на денот.
Сепак, ќе те поврзат и со некој друг, трет, четврт, и така дури ќе ти откопаат за тебе податоци кои ти ни сам не ги знаеш.
Но..Се додека ти ги кажуваат податоците кои ни ти не си ги знаел дека си ги направил е во ред,ако не барем ќе пукнеш сеир,ќе се посмееш и ќе сватиш дека не треба да си искрен
Он: Година дена од кога се зачленив,немав појма дека некои луѓе всушност ја читаат Драга кајгана..ми делуваше како место кај шо може секој да се испука..
Затоа сум била искрена во сите мои постови во првата година..Сум била нервозна/тажна/среќна/.... и сум се празнела на форумов..
Сега пишувам постови кои ретки се луѓето кои ќе знаат за што зборам,ретки се тие што ќе го сватат сеирот и нема да ми честитаат на мсн,постовите се само за јас да ги сватам и најчесто во шифри..Сепак си се празнам..
Сватив дека тоа што ќе кажам премногу на форум некој ќе го искористи против мене и ќе ме здоболи..така да се трудам да одбегнувам такви ситуации..
Што се однесува до моите ставови за сите работи што се надвор од деталите за мојот приватен живот и нема зашто да ги кријам..