Ваша приватност на интернет

Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Форумот и форумџиите како еден широк аудиториум знаат се` за мене. Моите чувства не ги кријам, ги давам на располагање на маса, монитор, ма било каде. Јас сум вашиот редовно вработен забавувач, кој можете да го земете секој пат кога ќе нема актуелности.

Никогаш не сум се трудел да лажам, не се трудам ни сега... embrace me Kajgana... :back:
 
S

smart ass

Гостин
Мене неми смета да пишувам на форумов или било каде на нет за мојот приватен живот во смиосла (карактер работа опкружување пријатели случки ....)но не си дозволувам да откривам лични информации (име адреса броеви тел. и такви ствари):nenene:
 
Член од
14 ноември 2008
Мислења
3.418
Поени од реакции
856
во зависност кај пишам и со кој пишам. стално на почеток сум резервиран кон сите. ама ако се зближам барем малце мн брзо се отворам и кажвам појќе од шо треба :toe: таков си сум ... а на форумот вака во јавност можда и кажвам информации за мене ама зато не секој знај кој сум :)
 

*pumpkin*

addicted to blue
Член од
28 август 2008
Мислења
716
Поени од реакции
23
на интернет сум иста ко и во секојдневието, искрена со доза на резерва....говорам за интересните дешавки но никогаш не навлегувам во детали или ептен приватни информации, тоа за себе и за блиските!
 

Lanna

Taller, Stronger, Better
Член од
30 септември 2008
Мислења
550
Поени од реакции
165
Од една набљудувачка точка, Интернетот како медиум за комуникација кој не вклучува директни контакти со личноста од другата страна, кај што нема никаков фацијален или гестикуларен фидбек на работите кои се искажуваат и кој по дифолт не е способен да ни го открие целото минато на личноста на која и се обраќаме, отвараме или ислушуваме и да ја провери автентичноста на нејзините излагања, му дава на човекот непроценлива шанса да се постави во улога во која отсекогаш сакал да биде, а која нажалост никогаш не ја играл (на кое ние сме секојдневно сведоци благодарение на оваа жолта површина). Лошото е кога не сме главната улога во овој филм, туку сме жртвите врз кои се практицираат ваквите можности кои ги нудат мрежите за масовна комуникација и не ретко налетуваме на најразлични фолиранти, злоупотребувачи, манијаци, настрани луѓе под влијание на чија тортура животот за краток временски период може да ни се претвори во пекол. Споредбено со тоа какви можат да бидат последиците, исмевањето на нашите лични проблеми би ја окарактеризирала дури и како една од поблагите форми на Интернет злоупотреби, колку и да не ни е лесно да се соочиме со истата.

Ќе се свртам сега кон форумов конкретно. Нема да зборувам за стандардно изнесување мислење на рандом тема, зошто не гледам како би ми се нарушила приватноста или би била доведена во опасност ако напишам, на пример, дека не се согласувам со реченицата “Со кого си, таков си” или ако кажам дека премногу се врзувам за луѓе, а малку за предмети.
Муабетов ми се однесува на темите од типот на Драга Кајгана, Во врска со љубовта сакам да кажам..., Мака ми е..., Конечно сфатив... и сличните кои речиси сите ги користиме за некакво испукување. Често пишувам голем дел од она што ми натежнало во моментот, генерално го заврзувам прилично добро, мошне често користејќи малку наглупи метафори (со цел да им дадам можност на висококреативните форумџии, никогаш презаситени од настаните во туѓите животи, да си ја создадат приказната онаква каква што би била најсочна за нивните апетити). Затоа нема шанси да ме повреди распространувањето или споделувањето на нечиј прост заклучок дека во моментов Лана е во бедови, или е вљубена, или раскинала со дечкото, или паднала на испит... уствари чекај, кога ќе размислам подобро, дури и кога некоја маргинална особа би знаела за точната причина што ме довела до некаков бед, јас воопшто, ама воопшто не се замарам кој ќе ме коментира и зошто ќе ме коментира кога ионака не откривам работи за кои не сум била свесна дека ќе бидат дискутирани некаде кај што не можело да се најде поконструктивна тема за муабет. Значи откривам емоции, не длабоки причини за емоционална растроеност, ама во суштина и не си ставам строги рестрикции во пишувањето на форум, зошто сопствените проблеми ми се доволни за да имам енергија да размислувам кој друг освен мене ќе се бави со истите.

Мсн и скајп ми се исклучиво средства за комуникација со луѓе кои и лично ги познавам. Нормално е некои од нив да ги знам повеќе, други помалку, на едни да верувам повеќе, на други помалку, па во зависност од истото ќе варира нивото на приватност на кое разговарам со нив. Немам желба ниту потреба сите Интернет другарчиња да ми ги знаат проблемите, расположенијата, плановите. Освен ова, за вистински отворен и споделувачки разговор после кој треба да се чувствувам поддржана, посигурна и порасположена, ќе изберам комуникација очи во очи, а не замарачко типкање по тастатурата кое повеќе ќе ме умори отколку што ќе ме опушти.
 

Сталин

Висарионович
Член од
24 декември 2008
Мислења
239
Поени од реакции
11
За приватните работи зборувам на интернет, но само со луѓе кои добро ги познавам и сум ги запознал во живо. На форум, интернет страници како Facebook Или Hi5 не зборувам за лични работи, можеби ќе напишам само име и датум и месец на раѓање, но лични проблеми, податоци и така натаму не. Не знаеш кога некој може да ги злоупотреби твоите податоци колку и време да комуницираш со него на интернет преку програми за комуникација. Доколку пак сте во политичка партија или во некоја друга организација, а на интернет сте пишувале на форуми за различни теми од профил кои ги објавува Вашите лични податоци можеби Вашите ставови ќе бидат прочитани од страна на луѓето кои работат со Вас и ќе имате потоа проблем со тоа, односно со начинот на Вашиот начин на гледање на работите. Знам дека во денешно време е модерно да се листа интернетот да се пребаруваат податоци и да се шират познанства, но тоа е многу различно со заштита на Вашите лични податоци кои и не знаете во чиви раце ќе паднат доколку ги објавите. На интернет има луѓе кои искрено сакаат да шират пријателство и се со добри намери, но има и други личности кои се занимаваат со трговија со луѓе, шверцуваат дроги и крадат кредитни картички и туѓи идентитети на личности кои подоцна ќе ги искористат во нивните нелегални дела, вмешувајќи Ве и Вас. Затоа јас лично не го кажувам својот идентитет како и кажување на проблеми во мојата фамилија, работа и така натаму. Освен кога е неопходно.
 

devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
Со луѓе кои ги знам само виртуелно ги споделувам потребните информации со цел да ги запознаат моите основни податоци и карактеристики. Подоцна доколку таа комуникација се продлабочи можам да се отворам повеќе, но се' во границите на нормалното. Не избегнувам да одговорам на поставените прашања за било што доколку проценам дека личноста има позитивна намера. Меѓутоа искажување чувства, љубовни проблеми , проблеми во семејството воопшто не искажувам, барем не во детали. Постојат некои работи кои сакам да си ги чувам само за себе и за блиските околу мене.
 
А

Александра Д.

Гостин
Мислам дека некои работи треба да останат во приватноста. Не би сакала да напишам и објавам се за мене, некој може тоа да го злоупотреби, затоа избегнувам преголемо откривање на лични податоци.
 

Eufrat Kurajber

Real cigan from da hood.
Член од
4 декември 2009
Мислења
341
Поени од реакции
12
Искрен сум со многу личности на интернет и си ја откривам мојата приватност..причината е тоа што нема шо да ми наштети на тоа ако му кажам некои работи шо само јас сум ги знаел.. секогаш сум искрен и не чувам во себе...знам само да чувам тајни од некои личности шо се ми ги довериле... а за мене искрено се шо сака некој ќе си се искажам и ич не ми е гајле.. немам некој посебен приватен живот шо ќе му биде корист на некој да земе некои информации и да ги искористи...најмногу сум искрен со луѓе шо знам дека имаат карактер и се во нив шо е добро и шо знам дека ќе ме разберат за се ако сакат да им кажам тоа шо ги интересира...а за луѓе шо само лечат комплекси и од општа култура сакаат да знаат нешто..спрема тие не сум отворен толку...скоро ич...
 
A

Antigona

Гостин
Колку ја искажувате Вашата приватност на интернет, ги кажувате ли Вашите лични проблеми во семејството, во работата или во училиштето?
Избегавате ли да Ве прашуваат за Вашата приватност или слободно без никаков проблем ја кажувате?

Zarem treba da ve gnjavam so moite licni stvari na forum ? Pa neli sme dojdeni za zezanje ? Ne planiram da pisuvam licni problemi javno.

Inaku , bilo koj da me prasa po licna poraka sto go interesira vo vrska so mene, bi mu odgovorila , nema sto da krieme , nasi sme si :)
 

Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.387
Немам никакви проблеми со приватност, знае некој или незнае што правам јас у приватност , или ми ги знаел перверзиите мои, ич не му се секирам штом го пишувам на нет, значи сакам да биде на нет. Иако мојот живот и не е баш интересен има поинтересни животи за замарање.
За искреност сите кажуваме дека сме искрени нели? Епа јас не сум баш искрен секаде, некаде сум некаде не. Пример на форумот сум повише искрен зашто ми се свиѓа, доаѓаш до информација, па чесно би било и да дадеш информација нели. Е сега заебанција има секаде до граница.
 

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
Мојата најинтимна приватност никогаш не би ја споделила на ниедна социјална мрежа, мислам дека и нормално е што се чувствувам така, зашто после тоа може да ми се врати со мој камен по глава што се вика, инаку можам да дискутирам на било која тема отворено и без предрасуди најискрено да си кажам што мислам но во прво лице никогаш не би можела на тој начин да ги откријам моите тајни и проблеми.
 
T

theTinule

Гостин
Зависи.
Порано не прифаќав контакти на facebook кои не ги знаев. Не дека има нешто многу да се види и да се дознае за мене на мојот профил ама...
Знам понекогаш (само понекогаш) да се занесам и да му раскажам на некој све како што ми е, како да ми е најдобар пријател, а само што ми се ставил на мсн (или некој друг програм за допишување) ама поголемото време гледам да останам „присебна“. Лошо искуство од летото...
 

Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
Па приватноста и ја немаме многу на интернет.Не треба да даваш точни податоци за тебе на секој оти лошо ти се пише.
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
треба некого мноооооооооооогу добро да го познавам ( и во живо наравно ) па за да можам да му кажувам за моите приватни работи. дали биле дел од семејна расправа дали дел од интимен живот не е битно... сито и решето ке омине за да стекне толкава доверба...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom