Никогаш не сум ги кажал моите семејни, приватни проблеми или како и да било. Всушност, лажам, најголемата мака ја имам искажано во еден пост кој сум го напишал пред 3-4 месеци во една тема, која за да не си ги вратам спомените назад и не ја разгледувам. Не ми е мака поради тоа што сум бил искрен во одреден момент на одредено место во неодредено време.
А за тоа колку се искрени тие што пишуваат, не се ни најмалку. Затоа што, некои раскажуваат за Капитал на Карл Маркс од тоа што прочитале на гугл, а не ја прочитале книгата. Такви квази интелектуалци ги има премногу.
Што се однесува на искреноста, незнам... има многу искрени ликови кои сум ги сретнал овде, некои пишуваат ради тоа да стекнат особено внимание, што притоа би си го загрозиле својот реален живот, само за да напреднат во нивната форумска кариера.
Другите пишуваат искрени, најискрени постови само за да бидат сожалувани, така се чувствуваат подобро.
Ама онаа искреност, поточно, да го наречам тупење - пренесување информации за тоа како ти поминал секој поединечен час на училиште воопшто и не го гледам како искреност. Тоа е водење дневник, кој читајќи го се' повеќе во темата Драга Кајгана го наоѓаш како напорен, бидејќи веќе се чувствувам како да им го знам целиот живот на некои ликови, што го пронаоѓам исто како нединамичен, не затоа што е не е динамичен, туку затоа што е раскажан до детаљ.
А и да надополнам во овој пост, не е битно колку сме искрени или не, сепак, кога на една форумџиска маса ќе се соберат повеќе форумџии, те оговараат за секој твој пост во која било тема, ако воопшто и те читаат. Притоа ќе ти се нафатат на сеир, ќе ти дадат неколку епитет и ти ним ќе им станеш тема на денот.
Сепак, ќе те поврзат и со некој друг, трет, четврт, и така дури ќе ти откопаат за тебе податоци кои ти ни сам не ги знаеш.
Не вреди да си искрен, зошто да си, кога можеш да не си и да си пишуваш што имаше денес за ручек, и што ти се јаде во моментов?
Ама вреди да си адекватен во тоа што го пишуваш, тоа помага и на оние кои најмалку замислуваш дека би те прочитале.
:helou: