Ваша приватност на интернет

Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
сепак, кога на една форумџиска маса ќе се соберат повеќе форумџии, те оговараат за секој твој пост во која било тема, ако воопшто и те читаат. Притоа ќе ти се нафатат на сеир, ќе ти дадат неколку епитет и ти ним ќе им станеш тема на денот.
Сепак, ќе те поврзат и со некој друг, трет, четврт, и така дури ќе ти откопаат за тебе податоци кои ти ни сам не ги знаеш.
Ти пишав во репутација,еве и овде..Го долови токму она што сите не нервира на форумов,но како и да е колку и да се пишува нема да се промени фактот што некои луѓе имаа бујна фантазија.
Но..Се додека ти ги кажуваат податоците кои ни ти не си ги знаел дека си ги направил е во ред,ако не барем ќе пукнеш сеир,ќе се посмееш и ќе сватиш дека не треба да си искрен:)

Он: Година дена од кога се зачленив,немав појма дека некои луѓе всушност ја читаат Драга кајгана..ми делуваше како место кај шо може секој да се испука..
Затоа сум била искрена во сите мои постови во првата година..Сум била нервозна/тажна/среќна/.... и сум се празнела на форумов..
Сега пишувам постови кои ретки се луѓето кои ќе знаат за што зборам,ретки се тие што ќе го сватат сеирот и нема да ми честитаат на мсн,постовите се само за јас да ги сватам и најчесто во шифри..Сепак си се празнам..
Сватив дека тоа што ќе кажам премногу на форум некој ќе го искористи против мене и ќе ме здоболи..така да се трудам да одбегнувам такви ситуации..
Што се однесува до моите ставови за сите работи што се надвор од деталите за мојот приватен живот и нема зашто да ги кријам..
 
Б

Бат Елохим

Гостин
во нормални рамки. нормално скајп или мсн само на одредени личности.
фејсбук без приватни слики итн...
муабети што ионака би ги кажала....
адреса, тел.... никогаш нормално...
мислам дека горе долу приватизирана сум...:toe::tv:
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
А и да надополнам во овој пост, не е битно колку сме искрени или не, сепак, кога на една форумџиска маса ќе се соберат повеќе форумџии, те оговараат за секој твој пост во која било тема, ако воопшто и те читаат. Притоа ќе ти се нафатат на сеир, ќе ти дадат неколку епитет и ти ним ќе им станеш тема на денот.
Сепак, ќе те поврзат и со некој друг, трет, четврт, и така дури ќе ти откопаат за тебе податоци кои ти ни сам не ги знаеш.
Не вреди да си искрен, зошто да си, кога можеш да не си и да си пишуваш што имаше денес за ручек, и што ти се јаде во моментов?
Ама вреди да си адекватен во тоа што го пишуваш, тоа помага и на оние кои најмалку замислуваш дека би те прочитале.
:helou:
Апсолутно се согласувам брату. Не знам зошто само на кафе собиранки се замараат со животот и делото на некој форумџија... Знајме и јас и ти дека и двајцава сме биле мавани на тапет на собиранки и мсн конференции, а се дискутирало од тоа со кого си ти во врска или од кај го земаш медот, до сожалувања затоа што сум посвоен и за тоа колку сум бил брутален на форум.
Плус, мака ми е да напишам веќе нешто што вреди да се прочита на форум во било која тема, зш се губит во постојте кој како си поминал нашкола, дали изел три или четири лепчиња со ајвар или дали цапнал во вир на враќање кон дома.

Иначе приватноста на интернет е многу тешко да ја зачуваш... Дури и SWEDEN не успеа да скрие кој е, единствено суперагентот ABC и Ljupco не и се познати на форумската јавност. :)
 

StormAngel

Stormology
Член од
22 јануари 2005
Мислења
5.059
Поени од реакции
244
Poveke od 90% od moite postovi se iskreni, ali ne mozam da kazam deka celata moja privatnost onaka ja stavam na cinija gotova. Ima i ke ima nesta koi samo jas gi znam.
 
Член од
20 мај 2007
Мислења
1.139
Поени од реакции
153
Има нешта кои јас не сакам да ги знам за себе, а камо ли на другите да ги кажувам.=)
 

СпаЈдеР

DissentiveMoron202
Член од
1 март 2006
Мислења
3.201
Поени од реакции
52
78% искреност, 2% лага (јбг, и јас сум се нашол како во некои постови кои се однесуваат на мојот живот сум додал лажни детали, бар во пораните постови).... и 20% не кажувам.

Најосновните информации сите ги знаат. (Ок, не сите.... ама... Години, име, презиме, град, и секако по нешто од историјата до сега, и по некоја слика од тука до таму... :) )

Општи теми, мои размислувања, таму се. Подлабоки и дефинирани теми, по некое размислување има, често ме мрзи да напишам од што моето размислување е досадно , та ми се чини го има на десет различни начини напишано во истата тема, па не пишувам, а секако дека има пак одреден процент теми во кои не се изјаснувам поради тоа што не сакам да откријам толку многу за мене. Е сега, за семејни проблеми, многу ретко пишувам. Немам потреба било кој да чита за моите тешкотии, ниту пак сум дојден до тој степен да барам совети од форум (не дека зад сите корисници не се кријат луѓе, туку ништо не заменува лице во лице разговор....). :)
 
I

InF3cTeD

Гостин
мојата приватност ја држам во тајна кај тие шо мислам дека не треба да ја знаат ....а тие шо мислам дека треба да знаат и не се луѓе шо коа ќе седнеме на маса ќе почнат муабет за тоа шо ја сум си кажал или пишал како дел од мојата приватност...ќе им се отворам и ќе им кажам шо сакаат да знаат
 
Член од
27 септември 2007
Мислења
1.028
Поени од реакции
440
Не кажувам баш се, сепак приватност си е приватност, нема потреба секој да знае се шо ми се дешава во животот :toe:
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Па сега некои работи и не се за пред сите. Има податоци како име, град, години, презиме и такви работи ги кажувам ама некои работи си ги преќутувам и ќе си ги преќутувам:vozbud:
 
R

RAYTHEON23

Гостин
iskrenost 99% kaj so ne sum siguren koristam navodno ili sl...a inaku podatoci realni stavam pa ne tepam siluvam..pa da se plasam a i ne sum od alkaeda:wink:
 
Член од
10 март 2009
Мислења
1.300
Поени од реакции
1.161
Јас мислам дека зависи од личноста со која " зборуваш". Ако тој/таа кажува е поискрен/а со мене и јас ќе кажам нешто повеќе за мене. А инаку најосновното не ми е тешко да му го кажам на некој. Е тоа најинтимното си го чувам за мене, па макар и на најдобра другарка не и го кажувам.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.405
Поени од реакции
5.962
Приватни работи ретко кажувам на луѓе што ги знам лично, а на форум или било каде на интернет па најмалку. Знам дека никаков ефект нема да имам од тоа, само сожалување или ко што спомна Џимеј оговарање на некоја форумџиска маса. На луѓе од MSN кои ги чувствувам ептен блиски сум им кажала некои работи и тие останале закопани таму. Воопшто не сакам другите луѓе да ги оптоварувам со моите проблеми затоа што во никој случај нема да ми ги решат, може само да се почувствувам напорна како што мене ми е напорно додека читам кој како поминал на школо и колку парчиња леб изел денес.
 

m.marko21

-STR8-
Член од
16 мај 2008
Мислења
1.177
Поени од реакции
75
Немам ниту еден профил на hi5, myspace, facebook,prijateli... а и на форуми не оставам лични податоци бидејќи некогаш сликите и личните податоци од интернетот можат да бидат искористени од некои трети лица за злоупотреба.
Сепак во „виртуелниот свет“ не практикувам да се рекламирам бидејќи интернетот е глобална мрежа и секој може да експериментира со твои фотографии, видеа и лични податоци :nenene:
 

pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.539
Поени од реакции
2.229
Јас не се основам на тоа што некој на нет ќе ми каже за него, зашто може да ме излаже како сака, нели, од кај да знам дали има татко директор на фирма или мајка што собира јадење по контињери!

Дури и SWEDEN не успеа да скрие кој е, единствено суперагентот ABC и Ljupco не и се познати на форумската јавност. :)
А иначе, Let3 го знае некој, кој е каков е?:):):)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom