Ваша поезија!

NafuraN

Infinity is my Limit!!!
Член од
5 јануари 2008
Мислења
286
Поени од реакции
24
додека пиеме кафе

Во потсвеста го чуваш
решението и ставот Клучот
на космосот Ритамот
на мислите Спокојството
можеби храброста и стравот

А јас го создавам светот
со верба Зборовите
како што треба Така
сомневањето и одлуката
конечно Додека мудро
пиеме кафе Сериозно
мислам на следното Славење
на зборот Потребата чиста
секако во потсвеста завршува
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Деде



Купени кило бомбони
стојат на масата
дедо ми ги принесува
"овде лежи секоја моја желба"
перничиња од Чаршија
со бели и црвени линии
шарена леблебија и локум со ружа на капакот од кутијата
детски насмевки залепени на прозорец
некој свинг од рани дваесети плиска како дожд
има и чакри кои се отвараат на сеќавање од убавини.
Мирис на нане, Пино Силвестре
и шамиче заборавено на дното од шкафот
очила со рамки во боја на кафе
и испукана рака на чело.
Дедино, ќе пееш?- Ме прашува...
Да дедо....Одговарам со насмевка
Оди, пиле, земи од бомбончињата...
Награда за мојата музикалност!
 

Devil-King

Пациентот од Бардовци
Член од
3 февруари 2007
Мислења
1.009
Поени од реакции
67
Наташа од трета три (Cover)



Наташа од трета три
Има влакна под мишки
Носи танга црвени
Кратки црни миничи
И високи чизмички

наташа трета три
Става пудра сто кила
Има цицки големи
Секогаш нашминкана
И со парфеми насмрдена

Наташа од трета три
сака само кремчиња
Со пеглани косичиња
во розово облечени
Како да се педери


Нато нато мое злато
Баш би сакал јас
Да те ебам јас во денот
Барем еден час.(х2)

Колите ги возат,тешки кремчишта
Градските ги полнат, само рокери
Еј како ме врти, наташа од трета три.

Наташа од трета три
многу мрази рокери
Еден од нив сум и јас
главна фаца сум во клас
Еееееј Главна фаца сум во клас

Наташа од трета три
Слуша нежен турбо фолк
Неќе ни да слушни
Како свирам Рок`ен`Роул
И ми вика ајде бегај море Вол


Нато нато мое злато
Баш би сакал јас
да те ебам јас во денот
барем еден час....
Колите ги возат,тешки кремчишта
Градските ги полнат, само рокери
Еј како ме врти, наташа од трета три.


 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Проколнатите!

Мазно како челик
Секој чекор понатаму ја зголемува тензијата
Веќе не ни знаат каде тргнале
Но...нема враќање назад
Луѓето не ги сакаат, а природата ги сожалува

Сета своја младост ја преточија во старинска сенилност
Целата енергија низ ѓаволските улици на тој проклет мегалопилос
Дали сето ова вреди?
Дали постои иднина макар и на другата страна...не е важно,
Тие се уште ја бараат
До крајот на времето, до крајот на лудилото наречено човештво.
:baeh:
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Bitter sweet simphony

Одам по улициве
како Ричард од The Verve,
Газам по улиците, по туѓите чувства
по плуканиците и отпушоците од цигари,
удирам по лакти, рамена, чанти
скокам по автомобили
како скакулец во жешка ливада
Не ми е важно кое е Скопје,
оти ни на Скопје не сум му важна јас,
град
мириса на зајдисонце и транзиција, паланка на кич и радост
плоштад
ги збива коцките, соништата и сета моја младост.
Мажите со дебели актовки
и уште подебели стомаци
мирисаат на Тексашки каубои
со мобилни в раце
лажат уште еден ден на своето постоење.
Жените трчаат по автобусите
а ретко кој трча по нив
доматите се тркалаат
под тркалата на вонвременскиот автобус кој загадува.
И знам
Епопејата на овој град е врежана на слики и плакати од носталгија скроени
Горчливо слатка симфонија на животот тука
Пак се враќам дома.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Дупка и во неа надеж
ѓеврек и историја низ глетката.
Густо утро како јогурт
ми ја прави со брк насмевката.
Одам низ коридори, кафе и мирис на будност
лелекаме, оф, аман уште колку
не можам да чекам, ми се спие
никогаш не ми се спиело толку.
Блесок низ решетка отвара дизни
како да сме глувци во лаборантска рака
овде немаме многу избор
освен да дремеме со изјава млака:
"Ние сме младоста што вие ја немате
ние сме крв и месо а сточна храна
никој не не слуша, не дрпа и кине
осаменоста ни е најголема мана
Вратени во лулка со книшки и долгови
трепкаме со очи а не ни дува
Несвесно живееме, не менуваме ништо
и се така додека некој друг не чува" .
И молкум, како редени војници
секој својот залак го бара и чека
Каде е духот за промена на свеста мртва?
Да удри во оваа сегашност
и да смени нешто...Макар бил и жртва.
 
R

Razorblade Kiss

Гостин
Tango of death

Amidst the tangled thoughts I find myself tangled in you
Dancing this tango for two – I hang onto you for dear life.
While I say a silent prayer to dear life thanking it for moments like this.
Thanking it for your kiss that I’ll soon come to miss,
These feelings will disperse and dissipate as quickly as they accumulate
So the net flow equilibrates and I hesitate to enjoy the moment
Knowing that you and I will become just a moment in time
A frozen memory hanging on a dusty wall
A number slowly disappearing from missed calls
No, I won’t miss you at all – I cling harder and deeper
Wondering if you’re fast asleep or joining me in this mental charade.
A parade of thoughts through your head – bodies tangled in bed.
And there’s never enough said – or maybe the words don’t exist?
Vocabulary lacking depth to capture a kiss or a moment like this
Moments you’ll come to miss on a cool summer night
With a breeze carrying smells strong enough to create sight.
I’ll take a deep breath and thank summer for its charms
While I’m wondering, alone, who you have in your arms.
Does she get tangled in you dancing a tango for two?
Have I faded away as old memories do?
Thoughts disperse and dissipate as quickly as they accumulate
I don’t have time to hesitate – but I do have three nights.
Three more nights of this tango and our partners will change
But the dances we’ve made left my heart rearranged.
And amidst the tangled thoughts I find myself changed.
 

Devil-King

Пациентот од Бардовци
Член од
3 февруари 2007
Мислења
1.009
Поени од реакции
67
Еј другарче...

Ој другарче,маме ти јебем
кај си сега да лудуваш со мене
Да пијаме пиво у парк,
Да те гребам за цигари,
Да ми позајмиш за градски,
да ми праеш друштво,
дури и на мочање.

Со тебе ко мали,
за рака улица преминувавме
Низ градски парк се шетавме,
кај ченто се бесевме,
и куро го дрвевме
убај жени глеавме
и за нив зборуевме.

Ој другарче Ој.,.
Матер да ти јебем..
Коа не пиеш со мене
Ој другарче Ој..
Матер да ти јебем
Коа не пиеш со мене

Сега газот си го кријаш
ама хемороиди ти ќе имаш
пијам пиво сам у парк
и глеам жени во полу мрак
Кремка ти си фати,
и на неа куро ти се клати
и не ти текнуе ни на пиво
ни на трева и рок ен роул.


Сеа си крем сегде се фалиш,
И на шабан сајзери се палиш
луди солажи и високи терци
Синан ви пее, ебени кремци
До вчера во црно сега во бело
Абе кремчиште си цело.
На пеачка габијано одиш
И селани по тебе водиш
Пари фрлаш на цицки силиконски
Еби се кретену моронскии

Ој другарче Ој..
Матер да ти јебем..
Коа не пиеш со мене
Ој другарче Ој..
Матер да ти јебем
Коа не пиеш со мене


П.С. Маицата од металика и порничите да ми ги вратиш!

 
Член од
29 мај 2008
Мислења
118
Поени од реакции
7
Го положив срцето на рвеникот
Подарок мој е тоа
На жрецот кој отспротива стоеше
Погледот му го пратив
И гралот со горчини го примив

Не го започнав танцот на милоста
Ако така мислевте
Вие музи на очајот
Кој само миговите тажни ги носите
Раскошно ги расфрлате

Скиптарот на лево го завртив
О жезолот така жешко на градите ме печеше
Празнината горе што лебдеше ја потполнив
Огнен круг околу се створи
Десно ветриштата беснееа луто

Само во длабочините мудроста мудро молчеше
Сила немав една да понесам
Како прометеј чекав
Лажната надеж да дојде
И повторно и повторно во градите да рија

Олатарот на илузијата

Никодин Чернодримски
 
Член од
29 мај 2008
Мислења
118
Поени од реакции
7
Галебот денес тажна песна запеа
Агонијата на смрта ја претчуствува
Треперот на крилото му го кажува тоа
Крикот од душата на човекот одекнува
Карпите ги крши
Капките пот лакомо го грабаат челото
Самотијата воинствено доаѓа

Ова ли е ден
Извика ете таму детето исплашено
Само крици насекаде
Подобра беше ноќта
Барем темнината е густа
И стравот е помал

На прагот прав два прсти
Во аглите на одаите пајажини
Се замаглиле прозорците од воздишки ладни
Излитен под неодамна со една солза измиен
Радио старо којзнае кога последен пат пуштено

Минато минало
Бразди длабоки направило
Минато минало
Само коров останало
Пиреј и троскот никнало прекрило

Ни небото се отвара
Ни земјата се затвара
Само ала ронки збира
Тоа остана
Од крикот

Галебот тажен замолчи
Така му рече коњаникот
Галоп во мигот иден ќе прави
Прашина ќе крене
Одиси во топлите краишта
Имаш уште дни за пеење.

Утрово нема ни песна

Никодин Чернодримски ве поканува да ја посетите личната страна
www.cernodrimski.com
 

mravka

in eternal embrace of flames
Член од
4 јануари 2008
Мислења
130
Поени од реакции
2
Крварам....какво клише
Со се ѕвездите на небото кои ги немам
Како една добра ноќ што ја создадов...и уништувам.

За почеток реков градам
Замоци од љубов волшебни
Во нив пролет и вечности
Солзи, немоќ, илузии.

Знаеш, јас сум прост човек
Пишувам, создавам...
А зборови исти проклети

Една вистина е,
Единствена
За среќата зборови нема,
Накитени насмевки и весели пеперуги,
Разиграни сонца на цветна ливада.

А кога боли, солзат
И тие во стихови се нижат,
Полесно е да си сам
Отколку да те остават.

Добро утро и ден ако нема ноќ,
Во овие замоци од душа ќе исткаам
За нас, од среќа зборови
Нова љубовна азбука,
И ѕвезди во туѓите очи.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
170
Поени од реакции
20
Г Н Е В Н И О Т Ч О В Е К

Урлика ѕверот заробен
клекнат моли,ноќта го плаши
тишина во него молчи
крик гневен во душа затаен.
Молитви во ноќите горат
месецот,ѕвездите во душа се разгорат
тишината молчи,молчи и раскажува
душата пранги ги кине,се ослободува
Крик од душа ,ѕверот го смирува
ѕвезда Даница сјае,душа разгалува,
денот нов штом доаѓа заспива
спокојно сонува ,ѕверот исчезнува.
Даница Петровска „08“

М И С Л А

Во бескрајна мисла скриена тајна,
бескрајот на мислата ја открива тајната
сјајни,мали кафеави очи трепарат
склопени раце за молитва на бескрајот.
Помеѓу бескрајот и мислата лежи надеж
отвори се срце,посакај мислата да протече
заробена мисла во срцето тага ткае.
пушти ја од грлото,ти тежи,те задушува.
Скрши го тешкиот катанец
отвори ја железната порта
тајната нека ја осветли сонцето
мислата заробена бескрај да ја слушне.
Даница Петровска „08„

Џ Е Л А Т

Се настити ли...
од раце крв ти тече
ситка немаш,го пиеш со сласт
но, во твои вени крв немаш.

Го распара ли срцето...
таму лежи чиста крв
локаш како разјарен волк
но во твоето срце крв немаш.

Осамен,изгубен џелат...
те проголта твојата алчност
мајки родилки добар плен ти се
го цицаш плодот нероден.

Незаситен од туѓа болка...
демони срцето ти го распараа
од него не потече крв
потече темнина,освета и омраза.

Сега си црн јавач на Апокалипсата
крената рака со крвав меч
обезглавен јавач на смртта
покорен слуга на злото.

Заминувам со извадено срце
ти го подарувам на дар
во него има уште некоја капка
допиј ја крвта,насити се.

Кога сонцето изгрева
сокриј се,пепел ќе се сториш
во твоите вени,срце немаш крв
крстот непријател е твој.

Кога изгориш од болка
лелек ќе го слушне една душа
ќе лелека и таа од болка
се дели Џелат од мајка.

Даница Петровска „08„
 
А

Александра Д.

Гостин
Ваши дела

Како мали сте пишувале песни/стихови (или сега) кои мислите дека заслужуваат да се тука?
Јас имам едно мое мало дело:pipi:
Why I am, on my own....
I look the stars all alone
coz now you are gone
someplace never known....
Again here I am...on my own
I can only pray...
silent tears like raindrop fell
can not fade away...
Alone I am, on my own....
walkin this road I do not know...
slave of ur beaty I`m no more
aint your foult,not mine eighter
again this night is so cold...
NEED FOR ROCK`N` ROLL!!!


Напишете и вие некое ваше:pipi:
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Бегалец

Утрински дувам нос
те барам под прекривачот на креветот
а ти си отишол, оставил и белешка
Со паста нацртан зајак на огледалото
од бањата
те мрзело да бидеш уреден, си ја стиснал на средина...
ОДАМ, и толку е
па знаев се.
Само не ми дозволи како зајаци да се накотиме.
Мириса на твојот стас низ постела
бран се бранува кога ми се присеќа
дека имаше неколку причини да избегаш
а јас како заложник те држев на работ.
Од креветот.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
170
Поени од реакции
20
Ц Р Н И Л А
Никодин послуша,ги пушти лавовите,
урликот нивен црното небо го стресе,
се отвори небо,секавични јазици истури
двоглави, црни орли ,страотен писок од криви клунови.
Шепи,остри канџи
пресекоа двоглави орли,
црнила потекоа врз земја напатена,
сонцето изгреа,ги запали црнилата.
Небото се отвори,дожд пролеа,
испра земја разголена и напатена
писокот грозен страотен и грозен исчезна.
Виножитото се разлеа,нов ,светол ден се раѓа.
Петровска Даница „08„


цернодримски,поздрав до тебе :helou:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom