ВЕЧНА ЗИМА:
И уште еден ден во низата жешки, летни денови,
полека влегува во своето приквечерие... Многумина би рекле:" Ех, уште
еден обичен ден.". И би биле во право, ден како ден, лето како лето,
секој со своите обврски... Епа ако е така, ако тие луѓе се во право, зошто
тогаш јас овој ден не го чуствувам како и сите други? Зошто и покрај ова
пеколно летно сонце, јас чуствувам дека во мене, во моето срце и душа, владее
вечна зима? А знам, до пред некое време не беше така, и јас ја имав таа летна
топлина во себе. Но кога ќе размислам, јас таа топлина не ја чуствував само
кога
надвор беше топло, или кога сонцето безмилосно пржеше на нашето небо.
Ја чуствував таа топлина постојано, и во најстудените зимски денови, се
предавав на нејзиното опивање, милување... Но,
преку ноќ тоа нешто
исчезна. Да, малечка, сигурен сум дека досега веќе помисли, дека
изворот на таа топлина си била ТИ, и само ТИ! Не ми веруваш? Хмм, ок,
можеби делува на прв поглед невистинито, но така е. А како да не е,
кога едноставно до последниот ден јас не можев да одолеам на еден
единствен поглед од тие сини, бескрајни, спокојни очиња кои љубопитно шетаа од
едната до другата страна додека ме гледаше мене. А пак твојата насмевка...
пресвета, хармонична мелодија која секогаш го извлекуваше најдоброто од мене и
во моментите кога бев многу тажен, па и нервозен. Ех, а само кога ќе помислам
на твоите усни, секогаш толку меки, медени, посакувани, кои во секоја ситуација
знаеја да ме фрлат во делириум, во некоја повисока хармонична состојба, со само еден искрен и полн со љубов бакнеж.
Ако си стигнала со читањето дотука, мислам дека и покрај тоа сеуште не си сигурна дали
ти си била изворот на таа топлина во мене, сега затрупана под некои спомени, во
некој длабок зимски сон. Во ред, дозволи ми да продолжам тогаш. Твоите
дланки... Од каде да почнам да говорам за нив? Треба ли да ги споменам сите
оние моменти кога си играа и ја милуваа мојата коса, која весело реагираше на
секое нивно движење, слично како на некој топол пролетен ветрец? Или пак кога
нежно ги галеа моите образи, кои љубоморно потскокнуваа на секое галење,
давајќи до знаење дека никогаш не би им било доволно... Исто како што никогаш
не ми беше доволно од твоите прегратки. Колку само сигурност и искреност
чуствував во нив, прелив на емоции, спокојство и хармонија, која сега веќе ја
нема. А пак кога ти ќе се втурнеше силно во мојата прегратка, барајќи во неа
сигурност и љубов? Е тогаш, ми немаше рамен, јас владеев со светот во тие
моменти, затоа што за мене, ти беше, и СЕУШТЕ СИ светот. Овде би сакал да ги
напоменам и твоите солзи, кои во некои тажни моменти, толку бистри и искрени,
полека се тркалаа по твоите обравчиња, секогаш црвени од твоето руменило како
презрели јаготки... Ти текнува колку сакав да се мазам од тие обравчиња? И
сеуште сакам, да знаеш, сакам како никогаш досега... А пак, кога ќе размислам
поубаво, се сакам како никогаш досега, се поврзано со ТЕБЕ...
Малечка, мислам дека доволно работи набројав, работи кои се надевам ги
расчистија дилемите ако тие постоеја во тебе. Ако не постоеја, сеедно, мојата
цел е постигната, а тоа е да знаеш како го доживував секој можен дел и момент
со тебе. А веќе и ти ме разбра според напишаното, го доживував како бескраен
топол и мирен летен ден, полн со среќа, мир, спокојство, и најважно од се,
МНОГУ, НАЈМНОГУ ЉУБОВ! Да, Викторија, ти беше тој извор на топлина во мене, и
ти ќе бидеш единствената која може да стави крај на ова замрзнато, распукано
срце, и да му помогнеш да го прави повторно тоа во кое е најдобро научено: ДА ЧУКА ЗА ТЕБЕ, КОПНЕЖУ МОЈ!
**************************************************************
ЗА МОЈАТА НЕКОГАШНА МАЛЕЧКА:
Ми фали времето минато заедно кога за било што кога
зборувавме се надополнувавме еден со друг затоа што мислевме исто. Ми фали дури
и времето кога ти правев друштво на шопинг иако тоа знаеше да потрае со часови,
а и после толку време да не купиш ништо... Или кога дојдов во првата можност
што ми се укажа во болница да те посетам, веднаш по операцијата, кога штотуку
се разбуди и прво нешто, ме виде мене како седам на столче до креветот, и те
галам по обравчето... Или оние пати кога прегладнети ќе седневме во Mc Donalds,
и си се раневме еден со друг, се смеевме на нашите глупости, а потоа со полни
мешиња пешачевме накај дома... Сите пати кога беше болна, а јас доаѓав кај тебе
дома да те чувам и гледам додека спиеше, да се осигурам дека се е во ред...
Кога те израдував и изненадив со ружа, додека ти чекаше нервозна во гужвата за
автобуска карта... Кога се мазеше од моите образи секогаш кога бев бричен...
Кога си се нарекувавме со најмилите и најнежните можни изразчиња... Кога си ги
праќавме сите оние слатки емотикони на мсн со човечиња кои се гушкаат,
бакнуваат, едноставно споделуваат незаборавни моменти заедно, како јас и ти...
Кога доаѓав со автобус за да те чекам пред центарот за странски јазици и чекав
да ти заврши часот за да си одиме заедно накај дома... Кога секоја вечер после
нашето излегување те испраќав до пред врата држејќи те за рака, а ти додека
влегуваше дома ќе ме погледнеше жално зошто се разделувавме, и ми праќаше
воздушен бакнеж... А пак не можам ни да го опишам чуството кое ме обземаше
додека ја читав твојата слатка, нежна, па и жешка порака за добра ноќ... Ниту
пеперутките кои летаа во мене изминативе 2 години на одмор, кога спиев во
прегратка до тебе, чуствувајќи се најбезбедно и сигурно, имајќи го најмирниот
сон на светот... Или пак кога целосно ќе се изгубев и потонував во тој твој
заљубен, прекрасен, насмеан поглед во мене со сините очиња, поглед каков што
само ти имаш... И за крај, иако не сакам да ја споменам, ќе ја кажам и
сообраќајката која ја доживеавме, која за среќа не беше посериозна и ја минавме
без повреди, но ти трепереше од страв, а јас, иако исто така преплашен, се
чуствував како најголемиот супер-херој што пешачел на планетава, гледајќи те
како мојата прегратка те смирува и успокојува... Набројав толку многу, а сепак
толку малку слатки нешта, работи кои сега се минато... ти си го кажа своето, ми
раскина, и се обидуваш да продолжиш понатаму, после 2 години минати со мене...
А јас? Ех... Јас веќе не постојам, барем не онаков каков што ти ме знаеше.
Колку што спомените од тебе прават веќе 6 дена да не можам да спијам зошто
постојано те сонувам крај себе и се будам со солзи, толку и истите тие спомени
прават да го терам секое ново утро, надевајќи се дека, можеби, во некоја
далечна иднина, пак ќе се будам со помислата дека те сакам тебе, но и дека ТИ
ме сакаш МЕНЕ... Затоа што, правејќи те и гледајќи те тебе среќна, ЈАС бев тој
кој беше НАЈСРЕЌЕН.
И за крај, би те прашал: А знаеш ли барем колку те сакам? И веднаш потоа ќе ти
одговорам: Е, тоа го знаеш, затоа што сум ти го кажал и докажал на секој можен
начин: те сакам повеќе и од себе... Те сакав, те сакам и ќе те сакам Викторија,
моја малечка, и ти благодарам за се што ми овозможи изминативе 23 месеци, кои
воедно беа и најпрекрасниот период во мојот живот... Од некогаш само твојот миличок.