- Член од
- 9 мај 2008
- Мислења
- 11
- Поени од реакции
- 0
Без тебе
Ми требаш во овие мигови празни,
кога ми недостига љубовта од нашите сказни,
кога ме притиска некоја чудна тага,
а желбата да те видам во срце се раѓа.
Затворам очи и во мисли те барам,
низ спомени драги,како во сликовница шарам.
Сон си ти што го сонувам често,
бакнеж нежен што го измамувам вешто.
И неможам вака,нешто во гради ме сече,
а некој таен повик кон тебе ме влече
знам морам да те бакнам барем еднаш
чекај ме малечка,доагам веднаш.
Ова го имам напишано пред едно три,четири години,кога бев,а и сеуште сум лудо вљубен во едни маслинести очи,инаку повеке пишувам проза,поточно книги за тинејџери,но за жал сеуште не сум издал ништо.