Ваша поезија!

Mr.Miyagi

Drk ma chop!
Член од
9 септември 2008
Мислења
69
Поени од реакции
5
Ми текнува на цитатот:
"што е убав овој свет, овде гомно, онде цвет"
Убав ден и птица во лет, ми фали Шмекерот и неговиот шмек
би било убаво да не бидеш клет, и син ти дома да ти донесе зет
и дома да имаш внучиња пет, глава да неможеш да дигнеш бре.

светло-тегет на све иде, њет!
 
Член од
20 мај 2007
Мислења
1.139
Поени од реакции
153
РАСПРСНАТИ СНИ:

Десетти ден откако си замина. А кај мене, се е по старо. Кога сум буден, ме измачуваат мисливе кои летаат кон тебе, а пак кога сум заспан, ме измачуваат сништата во кои повторно ти си ми главната тема. Но, со една мала промена: вечерва, за првпат и во сонот јас и ти не бевме веќе заедно, за разлика од претходните 8 ноќи, кога во различни периоди од ноќта се будев со солзи, затоа што во моите сништа бев среќен (with you by my side), а кога ќе се разбудев станував свесен дека се тоа е како што реков, само сон. А за вечерва, можам само да ти кажам дека за првпат почуствував колку еден сон може да предизвика вистинска болка... Да мила моја, се разбудив со огромна душевна болка, мачнина... А како да не би, кога досега едвај чекав да заспијам, затоа што бев свесен дека само во моите сништа јас и ти би биле заедно, безгрижни, среќни и заљубени како никогаш... И покрај тоа што бев свесен дека кога ќе се разбудам, враќањето во реалноста ќе боли уште толку, бев подготвен за тој ризик, дури и се радував секоја вечер кога полека ја губев свеста, додека се обидував да заспијам. Свесно се препуштав на мојот имагинарен, замислен свет, свет кој ни припаѓаше само мене и тебе, и секако, на нашата љубов. И после ова што? И тој свет ми го заврте грбот, ми ја откри болната вистина, се покажа како меч со две острици. Ми овозможи неколку ноќи да имам барем малку спокојство, но сега се тоа паѓа во вода. Знам само дека вечер, повеќе од било кога, ќе се плашам да заспијам. Затоа што да страдам во реалноста, каде што работите не зависат веќе од мене, тоа некако можам да го поднесам, со тешкотии, но можам... Но зарем да дозволам и мојот имагинарен свет, кој јас го контролирам и на кого вдахнувам живот, да почне полека да ме контролира мене и моето расположение, моите чуства? Е тука, мила моја, нештата ќе мора да почнат да се менуваат... Или ќе ми дозволиш да те сонувам онаква каква што ЈАС сакам, среќна крај мене и со мене, или ако треба, нема око веќе да затворам, па макар да тоа довело до мое комплетно самоуништување... Затоа што треба да знаеш дека иако моето срце сеуште чука за тебе, моите мисли бегаат кон тебе, а мојава душа копнее за тебе, МОЈОТ сон е единственото нешто кое не можеш да ми го одземеш, и тоа засекогаш ќе остане така...
 
Член од
20 мај 2007
Мислења
1.139
Поени од реакции
153
ВЕЧНА ЗИМА:

И уште еден ден во низата жешки, летни денови,
полека влегува во своето приквечерие... Многумина би рекле:" Ех, уште
еден обичен ден.". И би биле во право, ден како ден, лето како лето,
секој со своите обврски... Епа ако е така, ако тие луѓе се во право, зошто
тогаш јас овој ден не го чуствувам како и сите други? Зошто и покрај ова
пеколно летно сонце, јас чуствувам дека во мене, во моето срце и душа, владее
вечна зима? А знам, до пред некое време не беше така, и јас ја имав таа летна
топлина во себе. Но кога ќе размислам, јас таа топлина не ја чуствував само
кога
надвор беше топло, или кога сонцето безмилосно пржеше на нашето небо.
Ја чуствував таа топлина постојано, и во најстудените зимски денови, се
предавав на нејзиното опивање, милување... Но,
преку ноќ тоа нешто
исчезна. Да, малечка, сигурен сум дека досега веќе помисли, дека
изворот на таа топлина си била ТИ, и само ТИ! Не ми веруваш? Хмм, ок,
можеби делува на прв поглед невистинито, но така е. А како да не е,
кога едноставно до последниот ден јас не можев да одолеам на еден
единствен поглед од тие сини, бескрајни, спокојни очиња кои љубопитно шетаа од
едната до другата страна додека ме гледаше мене. А пак твојата насмевка...
пресвета, хармонична мелодија која секогаш го извлекуваше најдоброто од мене и
во моментите кога бев многу тажен, па и нервозен. Ех, а само кога ќе помислам
на твоите усни, секогаш толку меки, медени, посакувани, кои во секоја ситуација
знаеја да ме фрлат во делириум, во некоја повисока хармонична состојба, со само еден искрен и полн со љубов бакнеж.
Ако си стигнала со читањето дотука, мислам дека и покрај тоа сеуште не си сигурна дали
ти си била изворот на таа топлина во мене, сега затрупана под некои спомени, во
некој длабок зимски сон. Во ред, дозволи ми да продолжам тогаш. Твоите
дланки... Од каде да почнам да говорам за нив? Треба ли да ги споменам сите
оние моменти кога си играа и ја милуваа мојата коса, која весело реагираше на
секое нивно движење, слично како на некој топол пролетен ветрец? Или пак кога
нежно ги галеа моите образи, кои љубоморно потскокнуваа на секое галење,
давајќи до знаење дека никогаш не би им било доволно... Исто како што никогаш
не ми беше доволно од твоите прегратки. Колку само сигурност и искреност
чуствував во нив, прелив на емоции, спокојство и хармонија, која сега веќе ја
нема. А пак кога ти ќе се втурнеше силно во мојата прегратка, барајќи во неа
сигурност и љубов? Е тогаш, ми немаше рамен, јас владеев со светот во тие
моменти, затоа што за мене, ти беше, и СЕУШТЕ СИ светот. Овде би сакал да ги
напоменам и твоите солзи, кои во некои тажни моменти, толку бистри и искрени,
полека се тркалаа по твоите обравчиња, секогаш црвени од твоето руменило како
презрели јаготки... Ти текнува колку сакав да се мазам од тие обравчиња? И
сеуште сакам, да знаеш, сакам како никогаш досега... А пак, кога ќе размислам
поубаво, се сакам како никогаш досега, се поврзано со ТЕБЕ...

Малечка, мислам дека доволно работи набројав, работи кои се надевам ги
расчистија дилемите ако тие постоеја во тебе. Ако не постоеја, сеедно, мојата
цел е постигната, а тоа е да знаеш како го доживував секој можен дел и момент
со тебе. А веќе и ти ме разбра според напишаното, го доживував како бескраен
топол и мирен летен ден, полн со среќа, мир, спокојство, и најважно од се,
МНОГУ, НАЈМНОГУ ЉУБОВ! Да, Викторија, ти беше тој извор на топлина во мене, и
ти ќе бидеш единствената која може да стави крај на ова замрзнато, распукано
срце, и да му помогнеш да го прави повторно тоа во кое е најдобро научено: ДА ЧУКА ЗА ТЕБЕ, КОПНЕЖУ МОЈ!

**************************************************************
ЗА МОЈАТА НЕКОГАШНА МАЛЕЧКА:

Ми фали времето минато заедно кога за било што кога
зборувавме се надополнувавме еден со друг затоа што мислевме исто. Ми фали дури
и времето кога ти правев друштво на шопинг иако тоа знаеше да потрае со часови,
а и после толку време да не купиш ништо... Или кога дојдов во првата можност
што ми се укажа во болница да те посетам, веднаш по операцијата, кога штотуку
се разбуди и прво нешто, ме виде мене како седам на столче до креветот, и те
галам по обравчето... Или оние пати кога прегладнети ќе седневме во Mc Donalds,
и си се раневме еден со друг, се смеевме на нашите глупости, а потоа со полни
мешиња пешачевме накај дома... Сите пати кога беше болна, а јас доаѓав кај тебе
дома да те чувам и гледам додека спиеше, да се осигурам дека се е во ред...
Кога те израдував и изненадив со ружа, додека ти чекаше нервозна во гужвата за
автобуска карта... Кога се мазеше од моите образи секогаш кога бев бричен...
Кога си се нарекувавме со најмилите и најнежните можни изразчиња... Кога си ги
праќавме сите оние слатки емотикони на мсн со човечиња кои се гушкаат,
бакнуваат, едноставно споделуваат незаборавни моменти заедно, како јас и ти...
Кога доаѓав со автобус за да те чекам пред центарот за странски јазици и чекав
да ти заврши часот за да си одиме заедно накај дома... Кога секоја вечер после
нашето излегување те испраќав до пред врата држејќи те за рака, а ти додека
влегуваше дома ќе ме погледнеше жално зошто се разделувавме, и ми праќаше
воздушен бакнеж... А пак не можам ни да го опишам чуството кое ме обземаше
додека ја читав твојата слатка, нежна, па и жешка порака за добра ноќ... Ниту
пеперутките кои летаа во мене изминативе 2 години на одмор, кога спиев во
прегратка до тебе, чуствувајќи се најбезбедно и сигурно, имајќи го најмирниот
сон на светот... Или пак кога целосно ќе се изгубев и потонував во тој твој
заљубен, прекрасен, насмеан поглед во мене со сините очиња, поглед каков што
само ти имаш... И за крај, иако не сакам да ја споменам, ќе ја кажам и
сообраќајката која ја доживеавме, која за среќа не беше посериозна и ја минавме
без повреди, но ти трепереше од страв, а јас, иако исто така преплашен, се
чуствував како најголемиот супер-херој што пешачел на планетава, гледајќи те
како мојата прегратка те смирува и успокојува... Набројав толку многу, а сепак
толку малку слатки нешта, работи кои сега се минато... ти си го кажа своето, ми
раскина, и се обидуваш да продолжиш понатаму, после 2 години минати со мене...
А јас? Ех... Јас веќе не постојам, барем не онаков каков што ти ме знаеше.
Колку што спомените од тебе прават веќе 6 дена да не можам да спијам зошто
постојано те сонувам крај себе и се будам со солзи, толку и истите тие спомени
прават да го терам секое ново утро, надевајќи се дека, можеби, во некоја
далечна иднина, пак ќе се будам со помислата дека те сакам тебе, но и дека ТИ
ме сакаш МЕНЕ... Затоа што, правејќи те и гледајќи те тебе среќна, ЈАС бев тој
кој беше НАЈСРЕЌЕН.

И за крај, би те прашал: А знаеш ли барем колку те сакам? И веднаш потоа ќе ти
одговорам: Е, тоа го знаеш, затоа што сум ти го кажал и докажал на секој можен
начин: те сакам повеќе и од себе... Те сакав, те сакам и ќе те сакам Викторија,
моја малечка, и ти благодарам за се што ми овозможи изминативе 23 месеци, кои
воедно беа и најпрекрасниот период во мојот живот... Од некогаш само твојот миличок.
 
С

Сатори

Гостин
Ги допирам со прстите нерамнините,
прашините,
ги разгледувам со јазикот вкусовите на сите различни таленти
на ноќните пеперутки,
покорно молчам и ја слушам приказната
која што ја живеам,
на грбот од моите луцидни соништа,
скалила,
звуци во умот разбрануван од мелодијата,
тишината
и темнината,
црвено.

Продирам низ клетките,
низ умот,
сите полиња полни со црни дупки на материја
никотин и неколку малечки стебленца,
зарем мислиш дека сеуште сонувам?

Изгребана е потребата
стаклото се крши под тежината на крилјата
и сите се сечеме
само за да сонуваме,
тежината на мојата трагедија.
Твојата ...

Те сонував вчера,
и после тоа убив пеперутка,
страв ли ми е,
од можноста?

Те сонував ...
Те сонував ...
Те сонував ...
Те сонував ...
Те сонував ...
Те сонував ...

...

врз моите рушевини.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
imas edno vreme
pred sebe
koa ostava traga vo tebe
spomeni nostalgija
melanholija i patetika.
 
Член од
29 мај 2008
Мислења
118
Поени од реакции
7
Осамениот Јавор



Полноќ темнина и празнотија
Јаворот навестува гостин ноќен
Скитник од далеку
Немирна душа
Проколнат ноќен патник кој песни пее

Прозорот остана отворен
Никогаш никој и не го затворил
Ова е само мал дел од запишаното
Поетот ги чита стиховите на литите партали запишани
Од торба којзнае каде земена ги вади

Јаворот само молчи
Два гаврани го прегрнале цврсто
На гранките канџите ги зариле
Го чекаат поетот уста да отвори
Некој ги излажал дека така и тие мирот ќе го најдат

Чека месечината да блесне
Сјајот да го распостели по тревата
Силата тој навечер така ја збирал
И стиховите ги редел еден по еден
Повеќето се тажни со горчини полни

&

О дни така величествени
Со мигови изградени со минути препречени
Со часови чувани
Восхита моја сега ја опевам
И во песните мои ве воздигнувам

Изузорни сте празни сте
Напати така мачнина носевте
Понекогаш и болка правевте
Не ме скршивте никогаш го знаете тоа
Чекорам и празнината ја потполнувам

О дни така величествени
Што со омраза ме исполнивте
Што со гнев ме опкруживте
Што сега само лелек слушам
Не не се предавам и не застанувам

Погледот еве напред го вперувам
И во редицата на многубројните застанувам
Хор од очаници сега ќе слушнеш
Песната нема да ти се допадне
Предводникот само што не дошол

Таму каде што ветриштата одмараат
Таму надежта умира
Таму каде што водата спие
Таму соновите исчезнуваат
Ете од таму доаѓа празнотијата

Прекривка темна наметнавме
Во темнината се сокривме
Со темнината пакт склопивме
Закрилник наш да биде
Поданици верни ќе и бидеме

&

Молчеше јаворот мудро
Гавраните сега песна кажаа
Напати беше таа тажна
Напати беше морничава
На поетот му рекоа сега ти одмори

Гракањето наше знаеме морничаво е
Кај некои спомени лоши буди
Кај некои кој лицемерие љубат
Ќе не избркаат бргу бргу од овој јавор
Само тие што со горчина се хранат ете ќе слушаат

Потекоа зборовите гракање тажно
За црнина своја тие сега пееа
Црнина што од раѓање до гроба ја носат
Гракаат и тагата своја на ветерот ја устураат
Тој злобик е страшен не ја зема на земја ја истура

Поету осаменику ти душо проколната
Тебе о тебе ти пееме
Само миг душата да ја смириме
И барем еден нареден миг мир да најдеш
И барем еден миг нареден миг на место да се скрасиш

&

Јаворот мудро молчи
Трпеливо на секој лист зборовите ги запиша
На стеблото трагите од гавраните ги зачува
И сега само да раскажува му остана
На осаменици кој сенка ќе побараат

Ветерот злокобник прозорот го затвори
Со лета многу не беше затворен
Фиукот негов чиниш зборува
Доста е за денес

Никодин Чернодримски
 
Член од
29 мај 2008
Мислења
118
Поени од реакции
7
Не ги слушна никогаш повеќе камбаните
Го остави клепалото во тремот
Не ги слушна никогаш повеќе петлите ранорано
Го згасна татковото огниште
Само грам пепел зеде за иштав
Само грам пепел зеде за душата да ја лечи
Замина во раната зора
Немаше сила ни главата да ја заврти

Стана туѓинец
Стана скитник
Белиот свет му беше мал
Татковиот двор му беше голем
Но замина
Замина други го избркаа
Други го откорнаа

Стана безимен туѓинец
Стана безимен скитник

Сега и стапката не е негова
Некој друг му ја мери
Сега и залакот не е негов
Некој друг му го брои
Сега и сонот не е негов
Некој друг само му го позајмува

Стана безимен туѓинец
Стана безимен скитник
Стана тугинец без сенка
Стана самиот сенка

Сенка


Никодин Чернодримски
 
Член од
29 мај 2008
Мислења
118
Поени од реакции
7
Морничаво беше да се гледа
Како старецот крик страотен од душата пушта
Морничаво беше да се слуша
Како старецот последната солза на подој ја остави
Морничаво и страотно беше тоа утро

Но и самото утро беше страотно
Ја донесе неизвесноста
Ни ја подари широкоргадо
Со првиот зрак ни ја всади
И замина по својот пат секојдневен

Мирисот на смрта се чуствуваше
Старецот веќе беше тргнат на патот
Врисок од малата куќарка отспротива
Момче од дваесет години замина
Смрта од сонот го украде

Морничаво беше тоа утро
Морничаво беше
Студенилото полека не обви сите
Не потсети дека сега некој друг е на ред

Неизбежност

Никодин Чернодримски
 
Член од
29 мај 2008
Мислења
118
Поени од реакции
7
Смрта ја љубам
Знам дека сум смртник
Бесконечноста ја сонувам
Знам дека сум скитник во сништа

Не ме прекорувајте
Вие лажни богољупци што вака зборувам
Го љубам животот исто
Како што ја љубам смрта


Се родивме за да чекориме
Се будиме за да живееме
Живееме небаре вечноста ја заробивме
Заборавивме дека смрта е дел од животот.


Смртник

Никодин Чернодримскии
 
Член од
29 мај 2008
Мислења
118
Поени од реакции
7
Ова е приказна лажна
Не верувајте на овие зборови
Ми ја раскажа осаменик еден
Времето празно со приказни го полнеше


Наутро кога на праг ќе застанеше
Денот со погрдни зборови го благословуваше
Пладнето на душманите великодушно им го подаруваше
Ноќта љубоморно за себе ја чуваше

По темните сокаци тивко одеше
Не беше крадец на воздишки
Еден спомен постојано бараше
Раната жива да му ја залечи

Дупка црна на градите тој спомен му направи
Ала му се вгнезди
Го јадеше и парампарче го правеше
Сила да викни немаше

Од луѓето бегаше
Тие злобници едни
Со болката негова се хранеа

Темен сокак најде
Таму на калдрмата излижана и излитена
Пиедестал направи
На тагата споменик величенствен и подигна

Наутро брзо брзо го рушеше
Не сакаше луѓето да ги исплаши
Споменикот страшен лик имаше
Навечер трпеливо го градеше

Не верувајте на овие зборови
Ова е лажна приказна
Ми ја раскажа осаменик еден
Кој празното време така го полнеше

Лажна Приказна


Никодин Чернодримски
 
Член од
29 мај 2008
Мислења
118
Поени од реакции
7
Од тишината моќта ја приграбив
Во тишината ноќва се сокрив
Молчевме заедно вревата така ја миревме
Бесот и го скротувавме
Моравме или не моравме
Вревата викот да биди се спремаше
Молчевме
Само кога требаше шепотевме
Сега не е врева
Ток нормален течи
Ехото од самотијата само јачи
Овде онде само јаук некој
На безделници се тоа гласови

Од тишината моќта ја приграбив
Во тишината ноќва се сокрив
Молчевме заедно вревата сега ја милуваме
Не е врева
Не ја воспеваме не ја воздигнуваме
Само еден бистар поглед од времата спасивме
И тоа е успех
Утре
Во утрото тој поглед бистар
Многу насмевки ќе подели
Денот така исполнет ќе биди

Од тишината моќта ја приграбив
Во тишината ноќва се сокрив
Сега тишина стварна е
Сонот е тоа
Тежина на капаци носи
Вратите на нестварното ги отвара
Тишина ноќна зацарува.


Царството на Тишината


Никодин Чернодримски
 
Член од
29 мај 2008
Мислења
118
Поени од реакции
7
[FONT=&quot]еј вие изроди
еј вие ѕверови
што само лика човечка носите
и по грешка
во родот Mакедонски сте дошле
оставете не
барем ние
кои знаеме кои сме и што сме
да бидеме и понатаму
тоа што сме
Македонци
знаеме
и нашите татковци биле Македонци
знаеме
и нашите дедовци биле Македонци
знаеме и пазар не правиме
ако за вас името е роба за продавање
ние немаме што да продаваме
ако за вас историјата е пазар
за нас тоа е светост
еј вие изроди
од родот македонски
вие што душата си ја продавате
одете
кај вашиот господар
адот подезем[/FONT][FONT=&quot]ен[/FONT][FONT=&quot] нека ви го подари
и таму царство свое изградете.

Светост

Никодин Чернодримски[/FONT]
[FONT=&quot] [/FONT]
 
Член од
29 мај 2008
Мислења
118
Поени од реакции
7
[FONT=&quot]Оваа Земја

Оваа земја
Македонија се вика
дали тоа го знаете
браќа мои Македонци
Илјада песни ќе напишам
името Македонија ќе го запишам
за вечно да трае
гордо ќе го изговарам
зошто с[/FONT][FONT=&quot]у[/FONT][FONT=&quot]м Македонец

Александар со Букефал
гордо и долго ја шетал
со години низ неа одел
и мудро владеел
и името го чувал
и гордо го изговарал
зошто бил Македонец

Самоил смел
душмани темнина му дале
десетилјадна на број
но и во темнината со штит и копје
името го чувал
и гордо го изговарал
зошто бил Македонец

Карпош храбар
на четири страни го разделиле
срцето од гради му го откорнале
но името не му го зеле
оти гордо го изговарал
зошто бил Македонец

Даме груев,Гоце Делчев,Питу,Сандански
дружини сложни напраиле
организација цврста створиле
за името да го чуваат
и гордо да го изговараат
зошто биле Македонци


Ченто мудар
на чело застанал прв
кога битка нерамноправмна се биела
за името да го зачува
и гордо да го изговара
Зошто бил македонец

Од каде ли сега дојдоа
овие чудни Македонци
кои незнаат кој се
и андарти душмани вековни
за кумови ги канат
името да го дадат
на оваа земја

Никодин Чернодримски[/FONT]
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
јас многу сакав среќен да бидам
и нешто убаво од животот да видам
ама после дојде судбината клета
во животот ми влета беезобсирна сета
ми умреа оние кои ги сакав
по кафани се акав
дур можев пиев
во алкохолот се криев
и себе си се мразев
што многу пазев
со сите фер да бидам
а сега немам кај да идам
не ми се ни иде
што сака нека биде
ионака сеедно ми е
што ќе биде ќе биде
однапред се знае
кој ќе се кае
судбината клета
ме разочара и ми смета
и ги растури моите планови
поминаа толку години
и се што било ко да не било
веќе ништо не ми е мило
немам на што да се восхитувам
сам тажно воздивнувам
и се прашувам
што добивам
кога сеедно животот го губам
смртта запишана во гените
ги претвори во ништо годините
се здосадува со време
судбината што дала ќе си земе
и вака и така ќе се каеш
оти добро знаеш
од судбата никој не е задоволен
а смртта е доказ доволен
дека сета смисла
била залудна мисла.
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.583
Поени од реакции
89
Зошто некои дегени
го ебаваат јазикот
преку користење странски зборови
и фрази
и менување редослед на реченица.
Мислат дека се паметни и несфатени
а всушност се дегени.
Јас сум труп за литература
ама тие дегени се умислени дегени
и треба да се казнат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom