Ваша поезија!

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Шушкави коментари добив​
Од еден тип, Гаријан се вика, така ми рече,​
(тоа значело, дрво на пруски)​
Дека сум била слатка како какао,​
Штурчето Cri-kee од Мулан,​
И сосем невина како chill out музика.​
Не му вратив ништо, не ми беше важно​
Што мисли Гаријан.​
Другиот ден, откако ме запозна,​
Сакаше да ме води во зоолошка.​
Му реков не.​
Немам таму со кого да се дружам​
Гаријан, остави ме.​
Но, не, тој е упорен, напорен, осамен.​
И јас исто, но не како него.​
Гаријан е само дел од некој мој бивш живот.​
Мило ме гушка штом ме види, сака да ме фотографира.​
Ми купува рози со пчели на нив.​
Не знам што му значи тоа?​
Можеби е перверзен.​
Гаријан, седни малку, насмеј се.​
Ти носам вест од некаде далеку, нешто познато.​
Мирис на женски облини што се нишкаат.​
Дрво едно!​
 
F

filmadzijka

Гостин
Знам дека сум офф топик ама баш ми е гајле, ќе си кажам што си мислам.

Медеа, ќерко, ти си прекрасна. Само поради твојата поезија вреди да се доаѓа. Ти си како долап со слатки и други џиџи-миџи. Отворам со пријатно исчекување да видам што има ново. Жив кеиф!
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Фрамасија, мила рамка на блудноста,​
Ти што мирисаш на будоарски кошници,​
Сапун од цимет и ванила,​
Индиски зачини.​
Во твоите очи бадемот свил змијарник,​
На твоето тело скорпијата оставила сензибилитет.​
Паника си, мек вресок на виолина,​
врел и сокриен бакнеж, разбранувана трамболина.​
Полупразна чаша за вино и отрови, меки вени се твоите камшици​
Камена плочка ти е срцето пусто, косата гнездо густо.​
Фрамасија, ти си лек за спуштените пениси​
И осамените кипови, набилданите его типови,​
Штрајк за девиците, мираз за егоцентриците.​
Имаш сомнежи за животните правила​
Којзнае моралот каде си го оставила.​
Фрамасија, нема е ноќта, а само ти и го слушаш пулсот​
Трчајќи избезумено низ коридорите на малиот млитав град,​
Токму какви што се и тамошните мажи,​
Кои тебе те чуваат во раскошен склад.​
 
С

Сатори

Гостин
Свилено е небото на мојата љубов,
мирно, мазно,
порта кон моите соништа,
каде секоја моја желба е живот,
фрлање на мојата луцидност во вода,
денови каде среќата е чекор
и тропање на врата.

Неглиже и неколку капки парфем на врат,
сјај на сите црни прамени,
светови во сите кафени очи
и молк на патот од кај мене до кај него,
страст на калдрмата
над мојата света земја.

Сосема сама, далеку од молкот,
потполно задоволна, покорена на сите слатки зборови,
и нежно бакнување на моите слабини,
сонови,
реалност,
не ... ти.



* Ово је пјесма о теби који си ми све на свету, ово је покушај да кажем неизрециво ...

 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
When I'm with you

Walking around
I hear the sound
Of your voice in my ear
And when I close my eyes
I see the place
Of the last time
I saw your face

You’re on my mind
Baby all the time
And when I see your face
I’m in a better place
Cause girl you’re on my mind

When I’m with you
I can’t think of anything to do
But girl to kiss you
And when I see your face
My heart begins to race
Every time I’m with you

To feel your skin, against my skin
Would it really be a sin?
Just to be with you
Just to even kiss you

You’re on my mind
Baby all the time
And when I see your face
I’m in a better place
Cause girl you’re on my mind

I walk around
And I hear the sound
Of your voice in my ear
Cause when I see your face
I’m in a better place
When I’m with you



*****************************


while i was fighting with my soul
your eyes appeared in the shadow
i thought im already gone
but i have some more before i drown

while i was crying in deep of night
i was waken by your sight
it was just dream i ralized
was so late,so late too late!!!

it was another page but not white
was another life that not bright
all i remember just that fight
nothing more before reaching ground

 

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
228
Неговата двомензионална анатомија се развила на мојот зелен ранец
Mе жегнува сонлив истрел од насликаните зеници
Облекувам џемпер и...
Ги купувам сите негови песни вчера,
Му ги нагризувам зборовите како кисел дожд,
Го зачувувам и скапаното јаболко што ме запозна со него.
И само што воздивнав дека те нема да ме жегнеш команданте,
Се појави пред мене и ме закопа без земја.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Бевме неколкумина, наши​
И ок си поминавме​
Роденден, ко роденден.​
Малку се опивме​
Јас носев по третпат штикли во животот.​
Нешто не ми штимаше.​
Мислев-од тортата е.​
Но не.​
Некој ме загледа​
Какао јагне пред колење.​
А не беше вистинскиот касап.​
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Доста беше глупирање​
Ајде сеа на спиење,​
Нема јадење ништо слатко, ќе станете хиперактивни​
Затоа поглед на перница​
И ајде гаси сијалица.​
Ноќ е, и сега можеме мирно да спиеме​
И под јорган да се криеме.​
Јас ќе ти бидам Индијанка,​
А ти ќе ме засолниш под твојот шатор.​
Само да не се разбудат децата.​
 

shadows & smile

just a lost boy
Член од
10 февруари 2008
Мислења
291
Поени од реакции
7
Ах...
Се сеќаваш ли на една пролет,
Најубавата во мојот живот.
Добро се сеќавам на сонцето
Како силно со голем одсјај тлееше
Во нашите очи...
Силна топлина ни зрачесе од срцата,
Секоја прегратка е посилна од планина,
Секој бакнеж е посладок и
Од најсочните јагоди...
Твоите милни галења
По мојата коса беа толку нежни,
Како да ветрот ми минуваше низ мојата коса.
Ах...
Се секаваш ли на
Нашите прошетки по парковите,
И волшебните скришни места подалеку
Од реалност,подалеку од светот.
Создадовме наш свет исполнет со
Љубов,нежност,разбирање,почит...
Со секој збор,бакнеж или пак прегратка,
Почнуваше да ми цвета рајска градина
Во душава...
Ме круниса со исусов венец,
Станав крал,
А домене имав прекрасна личност
Која мирисасе на лотос и ширеше,
Прекрасна миризба во душава.
Таа бесе мојата кралица.
Секогаш кога ке проструеа низ
Смирениот воздух зборовите Те сакам,
Ми звучеше попрекрасно и од
Песната на славејот,
Ми затреперуваше срцево како
Играорец наоро.
Ах...
Сега сме како сонцето и земјата,
Далеку а сепак блиску преку зраците на сонцето,
Со мали затемнувања и еклипси.
Или пак како сто облаците
им ја попречуваат нивната прегратка.
Но сепак секогаш пробива по некој зрак,
Кој ги протерува облаците далеку.
И на крајот пак,
ќе остане нивната љубовна прегратка.
Ах... Колку ми недостасуваш
Љубов моја...Кралице моја...
ТЕ САКАМ
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Broken smile

Bleeding as you get stabbed in the heart...
is it his hazardous soul
moving like poison in your blood?

Left into a boiling airless space...
is it that smooth operator
who gave you nothing but a bitter broken smile?

Being pervaded by darkness...
is it that selfish liar
who took it all away from you?

Come on now, my dear.
Put his shabby old letter away, my friend.
Wash away your tears,
Let time heal your scars.

Tomorrow is a new day.
Let there be sunshine.
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Runner

Look here.
You've got endless beginnings,
start lines, gun shots,
then runners zipping
through green plains or gray traces.

It's a race or a chase?
Call it a race -
fight to reach the target.
Call it a chase -
run as fast as you can.

Breathe. Don't even think to stop.
Take it like a beast.
Take away the harrowing pain.
Exhaust. Think.

And now be free to do anything.
 
Член од
7 март 2007
Мислења
197
Поени од реакции
12
Размачкани форми

Стопи ја монотоната
квадратност на коцките мраз
кои ги замрзнуваат твоите чуства
во моите органски замрзнувачи.

Запри ја вечно повторливата
конкавност на твоите светови
кои кружат околу мене одбивајќи се
Од моите аглести контури.

Скрати ја далечната длабока
Прозирност на линијата меѓу нас
И отстрани го својот крај
Тоа веќе не си ти.

Згрутчи ја мазната површност -
Елегантноста на твоето срце
кое никако неможе да се поклопи
со деформираноста на мојот отвор.

Расчлени ја невозможната
Триаголност на твоето замислено тројство
Сега сме јас и таа поврзани со
Рачно исцртана взаемна природност.


Можеби ќе се пронајдеш некогаш
Претворена во засирена точка
Загубена во мојата размачкана зеница.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Соништа мали и големи, полни со приказни, весели деца​
Мажи со големи раце и мали ега, ресторанчиња покрај патот...​
Литература и теорија на невистините напишани бадијала,​
Никој не ги пишува а богами не ги ни чита.​
Романи со мали сини врвки во повезот,​
За кога ќе престанеш да ги читаш, никогаш да не продолжиш.​
Поетски збирки со прав и дамки од џем на предните страници​
До таму успеало уморното око да ги фати збеснатите букви.​
Весници со талог од кафе, собир на жени мрзливи сплеткарки,​
Списанија со скинати страници кај сексуалните ќошиња,​
Кај што има совети за машките маани и женските одбивања,​
Телефонски именици со заокружени телефони од секој и сите,​
Масни бои што ги шкрткал двегодишен уметник,​
Зафрлени тетератки и праисториски учебник​
Со листови отцепени од системот лекции,​
Грст брошурки со рецепти на зејтин замирисани,​
Речници на непознати јазици со неточни преводи,​
Книжулиња со поговорки и гатанки од дедо спомени,​
Сликовници со обоени и изгрицкани корици,​
Бурди со хартиени додатоци за “направи сам”.​
Соништа за ветерот да ги метка страниците.​
 
С

Сатори

Гостин
Чекорев по патот,
заборавив,
се вратив,
да запомнам ... стојам,
знам,
не ни заминав.
 

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
228
Иднина заштрафена во моментот.
Утрото спие.
Фрижидерот зуе со шепот.
Завесите одбиваат сами да се кренат.
Телевизорот пластично молчи.
Кујната е само купче ентериер од рециклирана хартија без неговиот мирис.
Пламенот вчера имаше пребрз јазик.
А денес телефонот не ѕвони.
Или не го слушам?
Бидејќи ветрот го мрзи.
И олтарот на изгрејсонцето прекорно чека.
Без Сонце, без Воздух,
Универзумот станува вакуумирана паштета.
Билките бурно одбиваат да дишат.
А луѓето спијат ко замрзнато месо.
Со глуждовите голи.
Покриени од млаки облачиња никотинска реа.
Ах, кога на светот сеуште би постоело кафе.
Ах, кога на светот сеуште би постоел ти.
Дури и пред да ги измијам забите
Сфаќам дека без вас двајца ќе остарам како млада и здрава.
Без твоите штетни здивови, непобелена и мазна.
Ќе имам што да чешлам.
И срцето нормално ќе ми чука.
И повеќе ќе боли празнотијата кога нема ништо да ја труе.
Од болката ќе правам слатко во мојот старечки дом на хоризонтот.
Од плакарот ќе ѕирка скапан бел фустан од ‘73та.
И навечер кога ќе пеат црни дечиња за песокот
Јас пак ќе замижувам по твоето кафе.
Ќе се сеќавам како ме снема.
Како не поверува кога реков ќе заминам...кога ќе ти претече втор пат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom