С
Сатори
Гостин
Умирајќи во себе
Умирајќи во себе
Ноктите ми минат низ косата,
правам напори да не ја скршам површината,
на новата маска,
сеуште можам да го почувствувам мирисот на бојата.
Се гледам на парче огледало,
убаво ми стои.
Не се познава дека насмевката е вештачка,
и не се познава дека сината боја на очите е всушност црна,
не се познава дека мојата душа е скриена
под толку многу маски.
Верба, не е време за шала,
не можам да качам толку скали,
се е готово!
Ќе ја преминам границата!
Сликата е насликана,
пастелот се суши...
Гледам нешто завршува...гледам нешто почнува,
гледам нешто се меша во сликата,
пар очи на некој друг,
секоја боја, се ми е маслинесто зелено,
се ми се губи во кафенилото.
Се е толку надреално,
се губам јас или се губиш ти?
Се се распаѓа,
а ти, ти си сеуште тука.
Се борев, зошто?
За да дознаам дека зад секоја планина има друга,
некоја поголема.
Дека тој што го сакав ме гледаше како предмет,
а тој што сега го сакам го уништувам?
Сеуште не знам, дали борбата беше измислена,
и дека се е само илузија,
или вистинскиот збор е конфузија,
не, не, не, не, нема смисла.
Се стои, а се се менува?
Теоријата на хаосот, се губи во општеството,
и јас стојам на истиот раб,
еден метар поблиску до провалијата,
во која мислев да го завршам животот!