- Член од
- 7 септември 2016
- Мислења
- 21.637
- Поени од реакции
- 37.598
АЛКА
Што ме гледаш?
очекуваше поинакви очи, можеби сини?
а тоа две крупни маслинки под моето чело,
Што ме гледаш?
очекуваше црвенокоса или блонди да бидам?
а тоа долга црна катран коса,
Што ме гледаш?
очекуваше насмевка или поглед благ ?
а тоа детско замислено невино лице,
Што ме гледаш?
очекуваше бисер на мојот врат?
а тој како на лебед издолжен,
Што ме гледаш?
еве златен ланец имам но скинат ?
а тоа фали алка за спојка да го носам,
Што ме гледаш?
очекуваш да си ти таа алка ?
а таа одамна уште од детството ја нема !