Ваша поезија!

Член од
11 мај 2017
Мислења
56
Поени од реакции
19
ОЧИ

Очи се огледало на душата – дали е навистина така,
дали кога ќе те погледнат се вистински или лажни
прашање на време е,
времето ќе ни биде вистински показател
и самото ќе ни покаже?

Кој ги измисли без разлика какви и да се
дали се црни,кафени,зелени или плави
секој човек на маки го ставаат,
бидејќи некогаш може - некогаш не може
да ги препознае вистинските очи
кои ќе те освојат на прв поглед
по кои копнее секој ден и секоја ноќ,
едноставно сонува за нив цел живот
барем еднаш во животот да ги пронајде тие очи,
најважно е секогаш кога ќе те погледнат
да светнат од среќа
во нивните длабочини да се гледа
на секој човек срце и душа
дека те сака од срце и душа
копнее по твоите очи и твојот поглед
од кои нема никогаш да те исплашат
или повредат со поглед,
туку само ќе те сакаат и посакуваат
ќе копнеат повторно и повторно секој ден да те видат.

Slika za pesna '' Oci''.jpg [DOUBLEPOST=1495988491][/DOUBLEPOST]ПРИРОДА

Не знам и не можам да се начудам зошто ние – луѓето природата си ја загадуваме –
наместо да се грижиме и чуваме,
кој од оваа има корист,
зарем подобро е секој човек
кај што стигнеме и каде што не треба да фрламе отпад,
со тоа да ја уништуваме за инает
да и направиме штета на нашата мајка природа,
или подобро е отпадот да го фрламе
таму кај му е местото во кантите за отпадоци,
палиме огнови каде не треба
со тоа си ги уништуваме нашите шуми и ливади
да немаме каде на прошетки да излеземе,
ги сечеме дрвата и шумите за да немаме сенка и ладовинка,
под која на моменти ќе седнеме или застанеме,
кршиме клупи по парковите
да нема човек кога излезе на што да седне
и кратка пауза да направи,
фрламе отпад по езера и реките
со тоа водата ја загадуваме,
да нема луѓето каде да отидат да се оладат и искапат.

Што имаат корист
на кого може му служи да газат по зелените површини,
со тоа ги уништуваат таму каде не им е местото,
кога си има обележана патека по која луѓето треба да одат.

Затоа треба свеста на граѓаните
да се подигне на највисоко ниво,
да се постават чувари кои деноноќно
ќе ја штитат од лошите луѓе нашата природа,
лошите луѓе засекогаш да се казнат,
никогаш повеќе не помислат да и направат штета.

Со тоа,ние засекогаш ќе имаме чиста природа,
ќе може да излеземе на чист воздух да го дишеме,
да се прошетаме и седнеме на клупите да се одмориме.

Slika za pesna ''Priroda''.jpg
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.539
Поени од реакции
34.702


ТВОЈАТА ПЕРНИЦА

Вечерва не ја сакам твојата перница,
некако е многу тврда, ладна и згмечена,
вечерва нема да спијам од лева страна,
сакам грбот да ми остане ладен…

Вечерва ќе ја фрлам твојата перница,
подалеку колку можам за да не посегнам по неа,
вечерва нема да те стегнам и галам,
сакам сон кошмар да се стори…

Вечерва ќе ја фрлам твојата перница,
ќе ја фрлам целата постелнина,
новиот снег мразулка нека ме стори,
сакам мразот мојата топлина да ја изгори…

Вечерва ќе ја фрлам твојата перница,
ете, само немирен сон ќе имам,
а денес цел ден сонце грееше,
беше цели + 3 целзиус степени, а снег белеше…
 
Член од
11 мај 2017
Мислења
56
Поени од реакции
19
ТВОЈОТ ГЛАС

Твојот глас е неповторлив, необичен,
а уникатен на свој начин,
секој твој изговор шушка
како кога Јас и Ти трчиме заедно на кеј,
под нозете ни шушка есенскиот лист или
како кога гмечиме грозје со нашите нозе или
кога возиме велосипед со нашите шушкави тренерки
со секое вртење тркало на велосипед
го слушаме нашето шушкање на тренерките или
кога наутро ме будиш за да ми посакаш добро утро,
Јас во сон ти го слушам твојот шушкав глас
и навечер ми посакаш лека ноќ,
но што е важен гласот,
кога Јас тебе те сакам од срце и душа,
макар бил и шушкав гласот - мене тоа не ми пречи,
кога знам дека Ти си засекогаш мој принц од бајките.

Slika za pesna '' Tvojot glas''.jpg [DOUBLEPOST=1496068300][/DOUBLEPOST]СТРАВ

Зборот Страв има 5 букви и можеби е лесно да се изговори,
но страшно е при самата помисла на зборот
кој за жал во последно време зема голем замав,
бидејќи денес секој човек сакал или не да признае,
да сокрие и не каже дека од нешто има Страв,
кога - тогаш вистината за него ќе се дознае и ќе ја каже.

Може различно да се толкува и на илјада начини,
најстрашно е кога имаш Страв од најблиските
секогаш за било што да им кажеш
или да ги прашаш тој е вграден во тебе,
чекајќи од нивниот одговор и реакција
чувствуваш како коските по целото тело ти се тресат
целиот се тресеш без тие да видат и знаат
’ко грозница и температура да имаш во себе,
затоа за жал секогаш го носиш со себе
и по нивниот одговор - немаш право на приговор
ниту смееш да се спротивставиш,
бидејќи од Стравот
и од чекањето на нивниот одговор не знаеш каде си,
се чувствуваш ‘ко изгубен на сред полјана
не знаеш што да правиш,
се прашуваш самиот себеси – каде е патот по кој си дошол,
кој е патот по кој треба да се вратиш,
така те фати ноќ и темница,
ТИ мора да преспиеш на полјаната гладен и жеден
утредента на изгрејсонце со нови сили
тргнуваш по патот кој мислиш дека е правиот за тебе
со една и единствена надеж
дека ќе стигнеш по патот до домот свој.

Slika za pesna ''Strav''.jpg
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
По обилни и меки дождови
Градот е ко Тор изморен, чеканот е само привид во пареата,
Такси возилата се пожолтени полиња нарциси во амбиент на Гоген
Светот свири кларинет со тага на циганска черга што се разделува од реката
Го бакнувам градот што ме мие
Од неговите секавици јас раѓам латици диви ружи, липа и костени
Се заигрувам со коцките сеќавања истурени од неговата утроба.
Го бодрам, по секоја борба,
Како храбар љубовник
Да ме врати дома.
 
Член од
11 мај 2017
Мислења
56
Поени од реакции
19
СЕНКА

Сенка сакам да ми бидеш ТИ,
да ме пратиш секаде каде одам
‘ко да си вечен мој ангел чувар,
да ме чуваш во сонот - од лоши и зли луѓе,
секогаш само насмевки и радост да ми делиш,
тагата да ја заборавиме - да и речеме засекогаш збогум,
кога ми е најтешко да знам
дека однекаде ќе се појавиш ТИ,
да ми ја пружиш твојата поддршка и грб
која одсекогаш и тоа како ми е потребна,
засекогаш да ги сопреш моите солзи
да ми кажеш во очи - не плачи,
исправи се гордо млад човеку
тука сум јас покрај тебе,
заедно да ми помогнеш да ги пребродиме сите неправди,
да ме извлечеш засекогаш од овие 4 ѕидови
за миг да ме ставиш во друштво на млади луѓе и пријатели
таму каде што мислам
дека на секој млад човек му е местото.

Ах,пуста и да останеш кај си отишла
појави се однекаде да го спасиш овој млад човек
кој те бара за да му ги скратиш засекогаш неговите маки,
но изгледа тебе те нема
и залудно однекаде те чека да се појавиш
ти по се изгледа си само бледа сенка и илузија,
за овој млад човек но ништо повеќе од тоа.

Ех,пуста и да останеш сенко моја кај и да си отишла
на планетава завек и далеку од овој млад човек.

Slika za pesna ''Senka''.jpg [DOUBLEPOST=1496147481][/DOUBLEPOST]КЛУЧОТ НА СРЕЌАТА

И,така едно утро јас рано се разбудив
решена сум да тргнам
макар да изгубам цели денови и ноќи
да го најдам мојот клуч на среќата
кој ќе биде засекогаш моја амајлија
со него само успеси во животот ќе редам,
така почна потрагата цврсто уверена во себе
трчам со сите сили без престан
барам по сите простории,
под секое камче,грмушка и дрво,
на секоја ливада,
под секоја тревка.

Иако целава сум во зној - маицава се залепи на мене
сепак јас продолжувам да трчам,
бидејќи немам време за губење
и бидна приквечер на зајдисонце
таман што седнав малку да одморам
под една сенка од дрво
одеднаш нешто над мојата глава светна
го осветли заоѓањето на Сонцето мојот клуч на среќата,
тука на мојата среќа и немаше крај
сепак на трчањето му дојде крај со среќен завршеток,
иако изгубив цел ден во трчање не е за џабе
го најдов тоа што го барав
сега засекогаш е во моите раце
отсега секаде со мене ќе го носам
станав си го земав и ставив во мојот џеб,
среќна си заминав назад по патот накај дома.

Slika za pesna ''Klucot na srekjata''.jpg
 
Член од
11 мај 2017
Мислења
56
Поени од реакции
19
ПОДАЈ МИ РАКА

Подај ми рака кога ти е најтешко да те задржам и спасам
за да не паднеш во некоја бездна,
кога си среќен да те прегрнам од срце
секогаш на нашите успеси заедно да се радуваме и славиме,
кога си тажен - проаѓаш низ сите твои тешки моменти јави ми се,
тука сум Јас секогаш за тебе
да те сослушам и пријателски совет од срце да ти дадам,
ако треба и моето рамо за плачење.

Едноставно подај ми рака,
секогаш заедно еден за друг да се држиме во добро и лошо ,
т.е. се додека смртта не не раздели нас самите.

Slika za pesna '' Podaj mi raka''.jpg [DOUBLEPOST=1496233692][/DOUBLEPOST]САКАМ ДА БИДАМ

Сакам да бидам доктор
за да ги лечам пациенти не со лекови,
туку со добар совет,топла прегратка
и секогаш подадена рака.

Да бидам таму кај што мислам дека ми е местото
излезам на кафе со младите луѓе
да размени и овој млад болен човек по некој муабет.

Сакам да бидам на сите луѓе ангел чувар
секогаш да ги штитам од лошите работи и луѓе,
да ги сопрам засекогаш
сите кражби,поплави и пожари од сите страни,
бидејќи е греота да се уништува
нашето најголемо богатство – шумите,
наместо да ги чуваме,наводнуваме и да се грижиме за нив,
да посеам насекаде во светот да царува слобода и мир
за да нема никогаш повеќе војни,
туку да има само среќни луѓе
и насекаде насмевки да се даруваат,
на тагатa засекогаш да заборавиме
да ја закопаме во некоја подлабока дупка.

Ех,секој човек кога е мал си има свој сон
некој сака да биде доктор - некој друг пилот,
јас сакав да бидам славна и позната пејачка
бидејќи одсекогаш како мала
сум пеела на приредби кои ги дававме во училиште
и да пеам наши македонски песни.

Ехххххххххххххххх ....
 
Член од
11 мај 2017
Мислења
56
Поени од реакции
19
СОНЦЕ

Сонцето е прекрасно кога надвор грее
насмевки на секој човек измамува
го вика да излезе на прошетки
да ужива во неговите благодети
да се дружи со него и неговите зраци,
на него секој може да се сонча доколку сака
но не претерувајте со сончањето,
бидејќи секој тен на кожата не е ист
да не добиете чоколаден тен на кожата,
не патете од таков комплекс,
важно е сте излегле на Сонцето
и убавото време сте го искористиле за прошетки.

Ех,денес што не е штетно - така е и со Сонцето,
се што јадеме и пиеме е штетно
полно со бактерии кои ги внесуваме во организмот
сепак мора да се живее таму кај сме се нашле,
ќе се дружиме со Сонцето - но не претерано
за да не ни направи некои здравствени проблеми
по нашиот секојдневен живот.

Slika za pesna ''Sonce''.jpg [DOUBLEPOST=1496487956][/DOUBLEPOST]СРАМ

Срам се состои од 4 букви,
чудна појава е или феномен
кој се јавува кај луѓето од различни причини,
никогаш не може тоа чувство со зборови да се опише,
кога имаш Срам некого да прашаш или нешто да му кажеш,
бидејќи тој засекогаш постои во тебе
и не може никако да се искорени,
а ти не знаеш како тој човек во тој момент ќе реагира,
дали без причина ќе се извика на тебе
или внимателно ќе те сослуша
– ќе ти даде пријателски совет,
додека го чекаш одговорот од Срам се врцвуваш во лице
не знаеш за жал со тебе што се случува,
кај си и што ќе биде.

Ах,кој го измисли кога би можело засекогаш да го избришам,
тогаш јас би била најсреќна,
луѓево за ништо повеќе и пред никого да немаат Срам
да се непотребно вцрвуваат во лице
за било што да прашаат или кажат,
додека го чекаат одговорот да не потонат
kaко бродот што тоне во море,
без разлика каков да е исходот и одговорот
нека бидат среќни и благодарни,
бидејќи тој не е важен ниту мерило
за да имаме Страв за нашето прашање.

Најпосле секој човек си има свој став и мислење,
доколку одговорот не му се допаѓа тој нека си размисли,
нека донесе правилна одлука
која мисли дека е најдобра за него
и по негово нека биде.

Slika za pesna ''Sram''.jpg
 
Член од
11 мај 2017
Мислења
56
Поени од реакции
19
САКАМ ДА ИМАМ

Сакам да имам само здравје - тоа ми е најважно сега,
да имам мир и слобода - не да живеам во СТРАВ,
секогаш да го имам своето ЈАС да се слушне и мојот глас.

Да имам топол,мал,но скромен дом
каде љубовта и слогата царуваат,
несебично секојдневно насмевки од секого се подаруваат
за ваков дом цел век сонувам
и ќе сонувам додека сум жива,
бидејќи за жал во мојот дом цел век само неправди гледам
никако не можам самата со нив да се справам,
да имам свој личен возач
човек кој можам да го повикам секогаш и во секое време
да се потпрам на него
секогаш да е тука спремен на мене да ми помогне,
не да се молам за се на мојата фамилија
дали сака или не сака да ми помогне
во реализација на мојата желба
исходот до самиот крај секогаш е неизвесен.

Да имам вистински пријатели до крајот на животот,
кои ќе бидат фини,едноставни,
сложни и комуникативни луѓе
впрочем како мене без никакви маски на лице,
кој секогаш секој човек од срце и душа ќе го сакаат
и заедно со мене ќе се,
ќе ми помогнат во добро и лошо
во остварување на моите желби
тоа не мора никогаш никој од мојата фамилија да го дознае
сепак засекогаш нека остане наша мала,но слатка тајна
да видат дека и без нивната грб и поддршка
јас можам да успеам во животот,
благодарение на моите вистински пријатели
на кои ќе им бидам засекогаш благодарна додека сум жива.

На Вас – драги мои пријатели
Ви посакувам одлично здравје цел живот да Ве служи,
се што сакате да имате Ви порачувам
имајте трпение се ќе биде и ќе си дојде на свое место,
кога Ви затребам ЈАС сум тука секогаш за Вас
да Ве сослушам за својата мака
секогаш од срце пријателски совет да Ви дадам
мојата рака да Ви ја подарам,
за никогаш Вие – драги мои пријатели не паднете
дури и во најтешките моменти од животот
во секое време на мене може да се потпрете,
бидејќи знајте додека сум ЈАС жива
засекогаш ќе го имате мојот грб и поддршка
т.е.моето рамо за плакање,
а ЈАС самата како знам и умеам
низ животот ќе ја одам својата патека,
но Вас – моите вистински пријатели
нема никогаш да Ве оставам и заборавам,
тоа засекогаш лично ЈАС Ви го ветувам.

Slika za pesna ''Sakam da imam''.jpg [DOUBLEPOST=1496578203][/DOUBLEPOST]МОЗОК

Мозокот се состои од многу мали подмозоци
не е за потценување,
бидејќи секој си има своја функција
без нив големиот мозок не би можел да функционира
да работи како загреана машина во трета брзина.

Затоа нашиот мозок е генијален да смислува песни,
за кого се прости,едноставни или лесни,
важно е секој човек на свој начин си пишува песни
како му мозокот на тоа срце диригира и наредува,
иако секој мозок не може да биде генијален
да пишува песни ‘ко некој познат поет
не треба ни да биде,
бидејќи секој човек треба да остави свој личен печат
во пишување песни
диригирани од меморијата на неговиот мозок
така барем тој ќе биде активен и ќе работи,
никогаш нема да застари ‘ко некоја стара машина
за да оди на преглед,ремонт и поправки,
вака секој ден ќе е во функција
и секој човек со помош на него
ќе смислува и пишува песни на свој начин,
најмалку е важно на кого му се допаѓаат - на кого не,
бидејќи не може на секого да му се допаѓаат
но тоа е неговиот препознатлив
и својствен стил на пишување.
Slika za pesna ''Mozok''.jpg
 
Член од
11 мај 2017
Мислења
56
Поени од реакции
19
СОЛЗА

Ах,овој збор Солза тежок за изговор,
бидејќи секогаш кнедла во уста ми застане,
не може за жал ниту да се џвака – ниту да се голта
од самата помисла на зборот Солза.

Не знам кој ги измислил овие пусти,бедни
и тешки ‘ко камења солзи
не може никој да ги сопре
ниту овој млад тажен човек.

Не е важно од колку букви е – не се брои овој тажен збор,
бидејќи секоја буква е приказна за себе,
тоа е исто како дрвја натежнати од овошје
кои паѓајќи секој ден плачат
бидејќи нема кој да ги собере,
исто е и со човекот кој секој ден плаче
скршен од тага и мака паѓа болен
но сам се бори побргу да оздрави,
солзите секој ден го пратат
на нив им нема крај и за нив нема лек,
затоа овој млад човек засекогаш ќе биде тажен
за неговите солзи кои се ронат од мака
секој ден од душава ‘ко мелница кога меле брашно
и нема кој овој млад човек да го праша
погледне во лице и силно прегрне од срце,
затоа секогаш се буди и заспива со солзи во очите
– тешко му е,
бидејќи нема разбирање за неговите солзи
кои непресушно течат секој ден и ноќ.

Дајте луѓе помогнете му на овој тажен човек
повеќе да не плаче и рони солзи по неговото лице,
викнете го кај Вас на заедничка дружба
барем за миг да ги снема - тогаш и да заплачe,
подобро е да заплаче од радост и среќа
бидејќи тоа се солзи радосници,
отколку секој ден да плаче за неговата тага и мака
да запаѓа болен овој млад човек.

Ах,кога би можел овој млад тажен човек
солзите да ги избрка,
никогаш повеќе да не се вратат
да заминат запишани засекогаш во историја
и од овој ден само да се смее од среќа и радост.

Slika za pesna ''Solza''.jpg [DOUBLEPOST=1496747619][/DOUBLEPOST]ПИШУВАЊЕ НА ЕДЕН МЛАД ОТКАЧЕН ЧОВЕК

Секој човек си има своја мана
некогаш може и да се откачи – тоа да му е слаба страна,
бидејќи жичката по глава го удрило
така да не се знае кој ден е и колку е часот.

И оваа пишување е мистерија за него
не знае ни самиот што му се случува
едноставно нема коментар на оваа тема,
од некаде се појави дарба и песни на свој начин да пишува,
пишува што му падне на памет
– нема правила за пишување,
ноќе кога сите спијат – среќа е што сам спие во својата соба
на никого не смета и од сон не буди
рано наутро во рани зори нова песна од сон го пробуди,
секогаш до себе има пенкало и лист хартија
за да песната ја напише да не ја заборави,
а зборовите сами ‘ко на ѓердан се нижат,
кога стане во тетратка ја препише
и направи корекции на самата песна,
иако никој не знае од неговата фамилија
дека пишува поезија на свој начин,
бидејќи сака еден ден да биде изненадување за сите.

И,кога книга ќе објави сите пријатели
ќе ги викне на промоција,
тогаш со сите луѓе насмевки ќе дели
и од срце ќе им се заблагодари,
ќе наздрави со чаша вино во рака,
бидејќи секој човек на свој начин го сака,
за спомен на сите луѓе што го подржуваа
или не во неговото пишување
ќе им напише посвета и благодарност
подари од срце книга
да ја имаат засекогаш за спомен,
така сите среќни тортата ќе ја пресечат
ќе поминат ‘ко вистински ѕвезди на црвениот килим,
во тој момент балоните ќе се пуштаат
и сите ќе се сликаме за спомен,
од сите лица само радост ќе се гледа
ќе блискаме од среќа – насекаде ќе се слуша смеа
и тортата ќе ја пробаме,
а очичките ќе ни светнат ‘ко снегулки во мракот,
само тогаш ноќта ќе не магепса
со нејзините ѕвезди на небо.

Во тој момент сите ќе излеземе надвор
ќе фрламе ракети за нашето дружење,
со едно ветување наскоро
и во брзо време пак да се видиме.

Slika za pesna ''Pisuvanje na eden mlad otkacen covek'' - Copy.jpg
 
Член од
11 мај 2017
Мислења
56
Поени од реакции
19
ЕМОЦИИ

Ах,пусти да се овие емоции кој ги измисли,

не велам дека не се добри - зборот е прекрасен,

дали некогаш некој ги доживеал

или за жал останале само на збор

така е кога не знаеш како се чувствуваш кога ги имаш

и некој секој ден те бакне од срце

ти вели секогаш без никаква мака: ТЕ САКАМ,

секој пат кога се видите

ти подари искрена прегратка без никаква маска

да не помислиш дека се е вистински - не за жал лажно,

да не си сам на себе дадеш лажна надеж

дека ти одсекогаш и секого од срце го сакаш и бакнеш

му дадеш топла прегратка,

а тој некој дали на ист начин ќе ти возврати или не

прашање на време е да се биде или не

и така додека си мислиш дека е тој ист

како тебе вистински емотивец и осетлив човек

има иста желба за емоции како ТИ целиот среќен

мислиш дека сте се пронашле на иста бранова должина

конечно најде човек

кого секој ден ќе го прегрнеш и бакнеш

со тоа да ги изразиш своите емоции,

подоцна сфатиш дека ти си се со срце и душа

вистински внел во емоциите,

тој само лажно ти давал некоја надеж дека те сака

и ќе те сака целиот живот,

во суштина тој цело време се успешно криел

зад неговата маска.

Ех,кој ги измисли ма какви и да се,

прашање на време е

дали вистински некогаш ќе се почувствуваат

или како и досега секогаш ќе бидат и останат тажни,

затоа никогаш на себе овој млад човек

не може да ги почувствува нив,

туку за жал засекогаш ќе останат само емоции

и ништо повеќе,

запишани како збор на лист хартија

и преточени во мојата песна.

Ех,пусти да се овие емоции ...[DOUBLEPOST=1497522643][/DOUBLEPOST] ВОЈНА

Ах,кој ги сака овие војни на сите страни

да се пука од секакво оружје

насекаде тенкови да има,

луѓето не смеат од страв да излезат

да не им летне некоја бомба или рафал од некоја страна,

во секој град полициски час да има,

од сите страни да фрчат бомби,

авиони на небото да летаат нон – стоп,

да одат во одбрана на својата земја невини млади луѓе

секој час над глава да им летаат бомби

да се бранат нив да не ги погоди

на секоја бомба или пукање да се тресат

за да не настрадаат

и засекогаш да не завијат многу семејства во црно,

бидејќи не е можно

во војна каде има пукање од сите страни

да нема настрадани лица и жртви,

иако прерано заминат од овој свет

засекогаш тие ќе останат и бидат запишани ‘ко херои

нивните имиња ќе бидат запишани

со црвени букви на нив да не се заборави

и секогаш кога можеме

да ги посетуваме нивните споменици,

затоа што во војната се бореле за слобода на нивната земја

сепак за жал тие млади луѓе трагично завршиле.

Slika za pesna ''Vojna''.jpg
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.539
Поени од реакции
34.702


НЕ БЕШЕ ЕЗЕРСКИ БРАН

Не знам ниту кое годишно време беше,
дали светлината ја убиваше темнината
дали бев само осамена,
ме занесе рефлексијата на пејсажот,
ти го искористи тој момент,
ја повелече цела моја невиност,
твоето тело или само фантазија
како бран ме удри,
наеднаш ги отворив очите,
езерото беше мирно!
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.539
Поени од реакции
34.702


ЦРВЕНО ЈАБОЛКО

Како тоа што Ева го држеше во рака,
симболично ми го даде,
црвено поцрвено од секоја љубов,
го чував љубоморно две години.

Насекаде го носев со мене,
секогаш погледнувајќи,
дали е сега вистинскиот момент
да го изедам.

Беше ноемвриски ден,
те чекав да дојдеш,
погледот беше далечен,
снегот и сонцето ме галеа,

Го погледнав јаболкото,
беше најцрвено како никогаш,
не издржав, го гризнав,
горчината се излеа низ моето грло.

Беше лажно црвено,
тогаш знаев дека никогаш нема да дојдеш...
 
Член од
11 мај 2017
Мислења
56
Поени од реакции
19
ДУША

Секој човек има душа,

во оваа денешно лудо време – невреме

секој човек гледа да те повреди - не да ти помогне,

дали е вистинска времето секогаш ќе покаже

или е таа што секогаш е тука за нас да ни помогне

кога ни е најтешко да не утеши

да ни подари насмевки на лице,

едноставно кажано – да не усреќи,

тука ќе се види кој човек има прекрасна душа,

кој за жал разочарувачка

и е таа што од почеток нон - стоп не повредува

без да има чувство и осет,

затоа не боде со коментари

онаму каде што најмногу не боли

за жал на тоа бодење му нема крај

секој човек не може тој притисок да го издржи

што над него секојдневно се прави,

затоа мора да му стави крај на таквото пријателство

бидејќи вака повеќе не оди

секој ден непотребно некој човек да го разочарува

и повредува со секакви коментари,

а ти млад човеку со ништо не си го повредил

и така имаш убоди од фамилијата,

не ти требаат дополнителни

за да ти нанесат уште повеќе рани

на твоето рането срце и душа.

Но,кај нас таква е ситуацијата,

затоа овој млад човек се надева дека не се сите луѓе исти,

постојат уште добри луѓе од нашава планета,

што сакаат искрено

и од срце да помогнат со прекрасна душа,

тие луѓе со разочарувачка душа

побргу да ги заборави овој млaд човек,

бидејќи за такви луѓе не вреди да се нервира

и непотребно да губи нерви.

Slika za pesna ''Dusa''.jpg [DOUBLEPOST=1498041611][/DOUBLEPOST] ДОМ

Кој човек не сака да има топол дом,

не мора да е голем

нека е и мал со една соба,

каде секогаш мириса на љубов,слога и разбирање

никогаш нема лаги и неправди

туку секој ден несебично ќе се делат насмевки и прегратки,

без никакви маски на лице - ниту вештачки

туку секогаш топли дадени од срце и душа.

Во кој тагата ќе ја замени среќата

ние ќе се насмееме и кога срцето ни плаче

макар и да не ни е до смеење

тогаш ќе бидеме посилни заедно од кога и да е,

ќе ги пројдеме заедно сите препреки во животот

ќе бидеме секогаш сплотени ‘ко едно,

никако и никогаш да не бодеме невини луѓе

со коментари онаму каде што најмногу ги боли...

И секој човек ќе си има право на слобода,

секогаш ќе го има своето ЈАС,

може секогаш да излегува каде сака со пријателите

без да има СТРАВ да им каже на најблиските,

едноставно дом во кој нема никогаш

да има поделби на болно и здраво дете,

за ваков прекрасен дом секој би сонувал

каде нема никогаш викање по невини луѓе,

бидејќи секогаш и за се не може тие да се виновни

и само по нив секогаш да се вика –

ни виновни,ни должни,

каде ќе има правда

не на сите страни само неправди да гледаш

и нема никој од никого да се срами,

туку секогаш сите целата фамилија заедно ќе одат

не е важно - дали е на гости,во град или на прошетки,

важно е сите ќе бидат прегрнати од среќа

ќе бидат засекогаш задоволни и насмеани лица

иако внатре се скршени од болка и тага,

но секогаш едни на други додека сме живи

ќе си бидеме најголема поддршка и грб,

така засекогаш ќе живеат сложно и среќно

впрочем исто како во бајките.

Ех,мој доме ..

Slika za pesna ''Dom''.jpg
 
H

Hideyoshi

Гостин
Без наслов


Нешто за гуша ме влече
оваа чудна вечер,
се прашувам дали повторно душите ќе ни се сретнат,
нашите огнени пламени повторно ли ќе светнат?
Среќа да ни иде,
ваква љубов досега не сум бев видел,
да и подадам рака
на таа што ја сакам.
Ти ми си драга
дополнителна снага,
на истиот пат
во нашиот прошетан град,
ние двајца и солзи цела река,
тоа е затоа што душата ти е мека.
Знаеш дека не е крај,
ќе се додаде нов сјај,
сега носам на снага
голема тага,
во мислите потонувам
и секогаш те сонувам,
сакам да те фатам
во делириум да те пратам,
но мене ми е лошо
анксиозноста ме напика во ќошот.

Ме советуваат наместо рутина да јас творам
мојата временска перцепција ме натера со времето да се борам,
го посетив бродот на изолацијата
ја пронајдов свеста за манипулацијата,
но не сакам да ја употребам,
умствената надмоќ да не ја злоупотребам,
на двосмислености да алудирам
и кога не сакам да им аплаудирам.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.539
Поени од реакции
34.702


ЦИГАРА

Ми велиш - те смирува ,
ми велиш - не ќе издржиш,
ми велиш - не можеш
ја оставaш - ќе полудиш !

Ми велиш - болно е,
ми велиш - смисла нема ,
ми велиш - касно е,
машки тивко - молим те !

Ми велиш - тогаш ме имаш,
ми велиш - во димот ме гледаш,
ми велиш - жолтило од прст
лесно не излегува !

Ми велиш - да ќутам,
ми велиш - усни нека кажат,
ми велиш - слатка сум
со милион вкусови !

Ми велиш - мила сум ти,
ми велиш - душичке,
љубовта е посилна од све
повели докажи се, остави ја !!!

 

Kajgana Shop

На врв Bottom