Ваша поезија!

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Во одблесокот на твојот блесок,
ќе ме видиш како липтам
над денови кои никогаш не биле.
Таму кај што здив запрел, мојта мисла тече.
Што прошепоти тогаш?
Те чу ли некој?
Додека ѕвездите сјаеја во твоите очи,
под студениот млаз на твојот грб,
од реката наречена живот,
што ли помисли?
Можеше ли да се бориш или замина тивко?
Се предаде ли на бранот и ветрот?
Кога небото го распараа молљи,
тонеше ли подлабоко под светот?
Можам да ги чујам брановите од таа вечер
и кобната тишина пред кобот,
ме плискаат морници од твојата бол,
една солза ќе остане заглавена вечно
во мојата душа, твојот дом.

Врисокот на духовно моќните,
одекнува двојно посилно после тивкото заминување.
 
С

Сатори

Гостин
Во прегратките на мислата, започнува секоја легенда за похотноста,​
трансформацијата на пеперутката во жена и љубовница,​
со пресметани грамови љубов и свилен превез на порочноста,​
секогаш удобно сместени​
под половината, над колената.​

Приказната се плете со дим од цигара и нервни завршетоци​
оштетени од прекумерна употреба,​
заменети со комплименти и музика​
таму каде што треба да престојува преисконска емоција,​
има жива утроба исплакната од премногу иронија,​
која останува засекогаш заробена во собата на очајот или љубомората ...​

Зборовите го ослободуваат духот,​
таму каде што желбата и копнежот на телото го заробуваат,​
само текот на мислите е свет,​
здробен од нечиј залутан поглед,​
а ноќите неминовно доаѓаат заедно со Месечината,​
да го ослободат ѕверот што луцидноста преку ден успешно го скротува,​
само објектот на мечтите се менува.​

И јас не сум повеќе жена,​
ниту сенка на искуствата под појасот,​
ниту вивидна слика осветлена од месечева мена,​
туку скитник во водата на деструкцијата и илуминацијата,​
затворена за интроспекција,​
и без крилја на грбот,​
врзана за земјата.​

Нискоста никогаш нема да се разбуди од благородни побуди,​
тие не постојат,​
исто колку што љубовта некогаш ќе ја скроти амбицијата,​
колку и да е силна борбата,​
кохабитацијата за да опстојат.​

Нема избор, излез,​
само понизно покорување на човечноста,​
само утописка самотија.​
 

vaga1985

Разочарена од се
Член од
30 јули 2011
Мислења
1.564
Поени од реакции
418
Ќе можам ли животот да го продолжам без тебе,
Ќе можам ли да сакам силно и безусловно како што сум те сакала тебе,
Ќе има ли смисла мојот живот без тебе,
Ќе можам ли да ја победам судбината и да те осудам на заборав,
Ќе можам ли да го отворам моето срце за некој друг,
Ќе можам ли да ја заборавам болката која ми го раздели срцето на илјада парчиња,
Ќе можам ли да се најдам себеси во ова безредие,
Ќе ја победам ли болката која ми ја нанесе,
Ќе ги заборавам ли ветувањата што ми ги даде а никогаш не ги исполни,
Ќе биде што ќе биде ја чекам судбината да ми ги каже сите одговори,
Ама нема да дозволам пак да бидам со тебе бидејќи нема да можам да продолжам со животот ако ти дадам уште една шанса а ти пак ме повредиш.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Дон Жуан гине но не од болка и од тага
од љубов што е вистина и што е моја вечна сага
што никогаш не запира
копнее за повеќе и никогаш не бара
тој само чувстува дека тебе треба да те задоволи
и таа страст и копнеж секогаш да опстои
Во тебе го гледам тоа што не е видливо со очи
знам дека не сум секој и никој не е како мене
затоа молчи
за тебе не мислам како сите други
не ти ги барам маните за мене си совршена
славна,полна со енергија,спектакуларна
со еден збор совршена
таква си ти вистинската
и потисни се друго пушти ја таа страст
за да можам јас да те задоволам
за тоа копнеам и за тоа живеам
тоа ме инспирира да знам како да љубам
ти ми даваш позитивна енергија
зарем не ја чувстуваш
и цела љубомора на страна остави ја
за да можам да бидам тој правиот за тебе
сите чувста да бидат за тебе
за да секој мој здив да биде покрај тебе
за секој мој залак биде дел од твојата убавина
за на крај да видам едно неродено дете во твоите очи
за да се смириме заедно во еден дом
каде што ќе има нов почеток со тебе
и завршеток со тебе
зарем тоа не го сака секоја жена?
зарем ќе го пропуштиш ти тоа?
Верувај во мене и прекини со глупостите
посакај ме и остави ги на страна
сите скриени работи во себе
и ќе видиш како се работи како што сум мислел
почустувај љубов и на крај јас ќе бидам херојот
во твојот живот
копнеј повеќе за мене
и никогаш нема да те оставам
до мојот последен здив,до мојот последен бакнеж со тебе
затоа што ти си ми прва,последна мое се и сешто
 

Sapphire

Persona non grata
Член од
30 јануари 2011
Мислења
935
Поени од реакции
1.559
Како книга се отвара животот пополека. И во секоја страница, нова животна поезија..
но не е толку едноставна. Можеби Пикасо добро ги сокрил лицата на вистината..
но во книгата на животот таа е сурова.
Секоја прелистана страница.. останува жолта.. како спомените во мислите.
Тргаш со желба да ги откиниш.. но тие се сеуште таму како закотвени.
Можеби желбите сепак ке останат во малите тенки редови, како посакувања кои никогаш не се оствариле..
Во секој ред.. до последна буква... се е пополнато... но понекогаш е толку празно и тажно.
Обично во книгите.. крајот од средината се познава..
но тука е поинаку.. крајот секогаш останува во соништата!

 
S

Stef Bachatero

Гостин
Татко што те немам
татко што твоето присуство го има секаде во нашиот дом
секогаш кога ќе помислам колку ме сакаше и колку
сакаше да ти го земам твоето место
сега тој сон е реалност
ја осетив кога те снема
прекинав со факултетот,но ја осетив реалноста на својата кожа
беше тешко,но вратите и границите беа неограничени
сега се смеам сега се можам
за на луѓето што им значам
да им помогнам и заедно успесите да ни се множат
Во екот на ноќта твоите зборови излагаат
како некој ангел чувар ме водат до портите на успехот
Знаеме дека за тоа ме спремаше,за да осетам што значи
да се бориш да се грижиш за семејството
сега знам како е чувството
благодарам што секогаш си мислел добро
благодарам и за искуството...

Ти си го осетил тоа уште како помлад
кога ми кажуваше како си копал песок
јас ти се смеев...
не ти верував
за да заработиш за парче леб
си почустувал тешко
потешко од сите нас
твоите за тоа не се грижеле
но длабоко во нив од тебе сакале да бидеш човек
кој како воин ќе биде спремен за секоја битка
кој како лидер ќе ја освои мајка ми
и од вашата љубов ќе се родиме ние двајцата
кои останати без татко сепак успеваат
да си го најдат патот до вистината
за да утре се грижиме за некој
како што ти си се грижел за мама
никогаш таа личност нема да се почустува
тажна и сама
Сега кога тебе те нема лоши зборови се делат
но јас не верувам,зашто ти ги направи нив луѓе
ги нема никаде како да не си постоел
за на крај твојата добрина во пепел гори
за на крај човек ко тебе никогаш нема да се роди
не сум сеуште достоен да те заменам но морам
за да успеам во тоа што ти си го почнал
сакам да успеам за во пекол јас да не горам
и што и да створам знај
ти ме направи правиот воин
кој ќе се бори за се до крај
 

Utopian

Neporazen
Член од
2 април 2011
Мислења
47
Поени од реакции
33
НИКОЈ НЕМОРА ДА ЗНАЕ


Никој немора да знае,
дека еднаш видовме ѕвезда што сјае.
Дека песна напиша поетот се кае
и сега ја колне ноќта, проклета да е.

Тајна копка длабоко и в срце боди,
сеќавање што кон заборав оди.
Мисла недостојна в часот се роди
кога приказната мизерно кон крајот води.
Невозможен привид или се слушна глас
во првиот момент на тој час?
Ќе молчиш ти, ќе молчам и јас,
дека грешници ни дојдоа, на врата и нас.
Никогаш не заборавај, како една свеќа догорува,
на нашето место тишината ќе зборува.
Сакавме зора што волшебно зазорува,
после ноќта кога од лаги, душа се уморува.
Зад строфи и редови лоша хартија се крие,
на која порано пишувавме песни ние.
Го проколнав волкот за нас ноќе да вие,
додека злото танцуваше, ангелот замина да спие.
И ако некогаш некој те праша,
не кажувај каква беше приказната наша.
Затоа што никој не сака згрешена каша,
понуди го со слатки лаги, преполна чаша!
Бевме слепи и мислевме засекогаш ќе трае,
но едно куче вечно неможе да лае,
дека заедно измисливме ѕвезда што сјае,
Никој немора да знае.
--- надополнето: Aug 21, 2011 2:22 PM ---
ЧЕКАЈ МЕ ТАМУ(САЈЛЕНТ ХИЛ)

Тивко пепел на земјата паѓа.
Реалноста во далечина се губи.
Чекај ме таму каде што злото се раѓа,
каде што темнината ужасот го љуби!
Нечија душа маглата ја моли,
да го заброави минатото, што боли!
Чекај каде што смртта в очи ќе те гледа,
кога на темен ѕид ќе пишуваш со црна креда.
Можеби ќе здогледаш сенки што на крв ќе личат,
и ќе слушнеш гласови од демони што квичат,
Но не се откажувај и чекај ме каде што болката гори,
во часот кога попусто е човек да се бори!
Не плаши се кога ќе сретнеш некоја изгубена душа,
или одраз во огледалото што заборавило да се смее.
Лелек за помош од никаде се слуша,
гледаш привидна слика на дете, солзи лее!
Каде грешници за своите грешки, тивко се каат,
барајќи прошка пред гробишта празни,
дека во погрешен правец тргнале знаат,
следејќи ги во животот знаците лажни.
Сирената ќе засвири понекогаш,
се сеќавам таму сум бил.
Чекај ме попусто засекогаш,
под пеколот, во Сајлент Хил!
 
Член од
20 август 2011
Мислења
6
Поени од реакции
3
Oтпушок од вилушка

Орбитите на твојата пита
преку рерната
се до аспираторот
издишуваат на асфалтот
мириси на спокој од твојот дом
не се сите среќни како тебе
знаеш ли?


еве една од моите бесценети шашардисани парчиња поезија :D
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.780
Поени од реакции
8.235
Thy balls shall feel the Reckoning of the romantic's beckoning, flying at your immediate direction from this thread's infection, if you by chance get the sensation and the temptation to brave the last two pages...
and i have no more rhymes
for i need them not
to put forth the opinion
that you people suck
even at being pathetic
when writing
crappy love poetry
and blow
me.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Игри со граници



Нозете во вис
и кафе без кофеин
се гледаме во очи од далеку
а низ нив
калеидоскопски глетки.

Знам
кога ќе заврши ноќта
и сите метеорски дождови
налети на страст
низ чаршафи.

Се делиме
како шпил карти.
Кај тебе е џокерот
и насмевката
од милион долари.

Јас дама.
Сама.

Ти крал
Мал.

Се’ е виртуелно.
Само нашата љубов не е.

Во тоа верував
додека не се разделивме.
 

Sapphire

Persona non grata
Член од
30 јануари 2011
Мислења
935
Поени од реакции
1.559
Животот е цртеж без гума за бришење!

Она што е запишано, никој не може да го избрише...
ни солзите кои потекуваат на лицето,
еднаш ке пресушат, но секогаш ке тежат во душата!
Сите ние имаме еден цртеж кој секогаш ке не потсеќа на нашиот живот...
на нашето минато.. неговите бои ке ја отсликуваат нашата душа.
Насликан со четките на судбината... животот останува цртеж кој можеби никогаш нема да биде довршен.
Нашите неисполнети соништа ке останат боите кои не успеавме да ги склопиме,
и во колоритот секогаш ке постои парче сивило, кое ке не потсеќа на болката!
Посакувајки да го искиниме, да го избришиме...
тој секогаш ке стои на ѕидот во нашите мисли,
тој е стравот, среќата, се што сме преживеале...
тој е цртежот без гума за бришење!
 

Mama.

уметник
Член од
23 јули 2011
Мислења
524
Поени од реакции
326
доаѓа ненадејно
а тие не се подготвени
се исправа пред нив
и ги заспива...
пола маж, пола жена
пола курва, пола светица
пола анѓел, пола ѓавол
јинг и јанг...
сирена
пола човек, пола риба
пола гола, пола облечена
пола вистина, пола лага...
со бисер во рака
ги заспа, им го украде сонот
тие сега спијат
и ке спијат
нема да се разбудат
ке трагаат по светлината,
нема да ја најдат
ке лелекаат заробени
зад сопствените очи
вечно да талкаат
барајки си ги соништата
--- надополнето: Aug 22, 2011 11:46 PM ---
два збора...
само два збора...
се гради кула во која
ке има место за нас
се рага цвет чиј мирис
ке подсеќа на нас...
бело па црно
црно па виолетово
боите на виножитото
заглавени во вечен круг
само една ѕвезда на нашите чела
само еден пат за изодување...
и...и...и...
светиот камен пука
се распрскува во милиони...
секој по својот пат
веќе не нема
незнаеме кои сме
огледалото е замаглено
ничиј одраз во него
сквернавење на распетието
каменување на ангелите
дожд од огнови
пепел...
два збора...
само два збора...
и лавиринтот се руши
вистината не не боли повеќе
тука сме сите
се прифаќаме
еден со друг
и знаеме...
 

Пропалица

Мртов/а
Член од
25 јуни 2011
Мислења
2.866
Поени од реакции
1.406
Огледалото лаже, вистината вреска,
Повторно се лажеш, те гори силна треска.
Тоа што го гледаш е илузија од тебе,
Вистинското јас однатре гребе.
Прекрасен сум, што знаат другите,
Ене ги занесени, се клацкаат по пругите.
Си ја бараат среќата на запад,
Кај што сонцето заоѓа,
Знаат само напад,
А љубов не се наоѓа.
Но што е вистината?
Дали тоа што го гледам,
Или нешто зад кривината?
Ме заслепува ли твојата убавина?
Го издржувам ли ударот
Или ме сотира како лавина?
Како изгледам низ твои очи?
Можеби и не сум толку моќен?
Можеби сум дете што се кочи?
Можеби дојде време да верувам во себе,
Да тргнам напред и да заборавам на тебе.
 

Caligula

Realiziran
Член од
25 јануари 2005
Мислења
895
Поени од реакции
97
"Ловец"

-Госпоѓице Ламфер!
-што барате на начин својствен само Вам?
-така страствено, огнено, навидум наивно?

дали девственоста ваша е загубена?
дали зрела ви вишна е обљубена?
дали булка ви отворена е немирисана?
дали желба ви голема е аздисана?

-Госпоѓице Ламфер!
-што велите јас, на начин својствен мене, да ви го клам?
-така страствено, огнено, навидум наивно?

ниту чесноста ваша ќе е флекосана
ниту зрела ви вишна ќе е дамлосана
ниту булка ви отворена ќе е искината
ниту желба ви голема, три води помината

-Госпоѓице Ламфер!
-спознавам вие не сте наивна и чедна
-развиориле сте цикици со намера очигледна
-како врколак за крв, вие за блудој жедна
-а се праиш мутава, јахачице ниедна!
-е сега ќе си видиш убаво!

белешки од плиткоста – знаете, ламфер на немачки да ти било ловец.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom