Ваша поезија!

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Надеж

Горчи на усни, пече на гради,
тежи на душа, тежи на срце.
Разнебитие...
Ова внатре во мене,
се сите скршени соништа,
мало парче темнина во кое
отчукува времето.

Малку пелин проголтува моето јас,
ги спушта крилата од летот во место.

А после тоа погледнувам со очите на надежта
и гледам се е сменето.
Нит темно е, нит тешко е.
Мојот ум се простира над водите на светот,
вдишувам од воздухот на сегашноста,
на што моето битие воздивнува благодарно.

И на крајот се е добро...
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
Људи на св`ка страна.
Чора т`мница надвор.
Студов ноџеве ми ги исчина.
К`ј да се бега не га бидуе.
 
Член од
22 август 2007
Мислења
550
Поени од реакции
16
It's over now, i'm done trying
sick of it all
looking for peace in dying
you shout at me, hit me
i fell down too many times
just to realize
getting back up don't really make it right

I never wanted much
but you gave me less than nothing
never needed a preacher,
but i needed something...

Think what you want
i don't care, not anymore
i will forget but i won't forgive
this is the new me,
with the old scars
try to push me, i'll push back harder
get out of my way, it's over
i don't need you anymore
i'll find my way
i always do, i don't need you
now it's my time,
and i'm not wasting it here
either way you are going to watch me go
just wait and see,
how i disappear,
this jaded soul is screaming
i get it now, it's crystal clear

You think you know me well
but even when i dream, it all comes to haunt me
you are excellent at making my life a living hell
i antagonize
i don't want a compromise
a blissful serenity
that's all i need...
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Оваа јануурска ноќ
ме остава без сон
Зимските хемикалии се растопија
Замислениот поглед исчезна од моите очи
Само ветерот ја носи таа магија
Но и него се почесто го нема
Дрогата не ја вратии јануарската магија

Додека седам и чекам...(најсрање нешто што сум напишал до сега)
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
На пауза


Мерам минути
во хулахоп
со колк, еден, два три
јадењето
ќе ми се олади.
Колегиумот, работи.
Телефонот, блаботи.
Ах, кога можам
и поезија да пишувам вака.
Знам.

Таа ме сака!
(Инспирацијата).
Си ја гушкам
до бескрајноста.
Трошките радост
паѓаат во тастатурата.

Намокрена коса
парфем шприцнат на пулсни точки
пуслици мируваат во стомак
капа филцната и закачена за
небесното крило.
Ох, колку ми е мило.
Што наместо да легнам умствено
јас ви ги бодам очите.

На пауза
нема зошто да се одмара.
Тракатанчи умот
Зборовите си ги бара.

На глас, сонувам
во сон, пеам.
Тебе ти се обраќам.
На сцена бдеам!
(пауза).

....
Време е да си го испијам кафето.
 

AnaMercury

Love is only a feeling...
Член од
30 декември 2007
Мислења
1.097
Поени од реакции
190
Looking at the weeping willow

As I was looking at the weeping willow,
I realized that I was entirely to blame,
Unlike the poor thing in front of me standing,
I do not have roots to keep me exactly the same.
I should not stand in one place forever,
Who knows what the road tomorrow will bring,
Run straightaway and try to discover,
How again to be able to laugh, dance, sing.
But instead, I wandered lonely as a cloud,
Making my way through the sea of nothingness,
Rambling everyday in constant pursuit,
Of hopefully finding the right address.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Збиранка


Ќе се здружиме, ние
како првачиња
кога срамежливо се држат за рака
во редица.
Ќе изградиме виножито
од нашите џемпери
за инает
на сивата виулица.
Можеме, да научиме
слалом и фински
да бакнеме неколку носеви
вцрвенети и зимски.

Ние, со топли срца
во толку ладна средина.

Брррр.
Ракавици не ни требаат
за снежните топки
со кои ќе ги удираме
оние што не не’ дознаа.
 
А

Антоние

Гостин
Неверство


Зошто не можеме повеќе? Таа праша
нејзините очи фиксирани на коцката мраз
изгледаше како малечка кинеска барбика
несвесна
нешто дека недостига
дупка чија што опачина боли толку многу
да ја осетиш, да ја допреш,
да ја разбереш.
 
Член од
31 октомври 2010
Мислења
338
Поени од реакции
59
Дали ми се очите отворени или не сеедно
умот ја напушти перцепцијата
Духот се повлекува пред сказалките да се разминат
бидејќи знае- ќе се разминат...
Мирисот на животот ми ги распара ноздрите
ми крвари носот сеуште од првиот удар
Капаците сакаат да се затворат но, надвор е силна светлина
и да се затворени, светината навлегува
не, нема да потрчам по тркалото кое безцелно се тркала
ќе го оставам на ораницата да и ги радува грутките
како и многу други тркала.
Аглите од очите ми светкаат
а краевите од усните се разлеани во насмев.
Којзнае колку пати вкусена димензија
основна единица мерка за небитност.
Феникс се роди сам... од пепелта
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Време


Денес
за првпат
ја сфатив ништожноста
на поминатото време.
Кога го стуткав
листот со распоредот
од работа.
отмено, фрлен
во кантата.

Софистицирано нека лежат
меѓу останатите ѓубриња
купиштата весници
и потонати соништа.
31 ден
некролог на мојата приказна.

(Time flies)
па затоа.
Речете ми што сакате.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Од оние без наслов

Сега
и во сон те немам.
Подобро е, се тешам.
Од сегашноста те земам
можеби грешам.

Сонот кога е реалност
прашувам
што ли живеам
Вистина или фикција
храброст
да се биде кукавица.

Рамно море
не создава бури.
Животот си поминува
додека јас
се трудам
да ја задржам љубовта
макар со поезија.
 
А

Антоние

Гостин
Загушлива поема

Бакни ме. Отровот никогаш не бил толку сладок,
ниту пак жештината од гробните факели
на кои што се одмораат душите на бескорисни лешеви
толку несебично повлечени во сон
од пензионирани офчари се тресат офчички
од пастири ослободени од грижи и соништа.

Со усни од арсен и заби од олово,
бакни ме да заспијам со Атинска слава;
смести ми ја главата во Римска оргија;
скрши ми го срцето со Кроулиева наука;
и држи го отпосле во непрестаен пркос!
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Растење

Како мачка
на прозорец
ловам погледи
а бегаат
како глувци.
Игра
што не престанува
да ми создава
магија.

Живеам, зошто е моќ.
А некогаш
ќе се сретнеме
среде ноќ.

И јас, нема да те препознаам.
Зошто знам
Со другиот, ќе летнеме.

Како месечина
закачена на антените на зградата
ловам несоници
а бегаат како будни љубовници
Игра
што не престанува
да биде љубовна.

Љубам, зошто можам
А некогаш
ќе се поздравиме
голи до кожа.

И јас, нема да те почувствувам
зошто знам
од минатото, веќе оздравивме.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Среде среда

"Само да не тргне на лошо денов"
му се молам, не знаејќи дали постои
на оној што се нишка во раскантаните такси возила
во минијатурите на домашните ќошиња
во паричниците на лојалните студенти.

Ќе фрлам паричка
во грозните фонтани на мојот град
надевајќи се дека желбите
се исти без разлика на чистината на водата.

Мижам, кога сонцето пробува да ме здогледа
во очи, како романтичен љубовник.
Ах, не, денов не може да тргне лошо,
зошто стапалките од вчера не се покриени.

Снег, снегувавме
се негувавме.
Убаво е да продолжиме
онаму каде што никогаш не ни застанавме.

Ќе биде убав денов
штом се задржи во сеќавањето
на моите несигурни чекори
засилени од верувањето.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Истегнати ракави

Слушаме Квин
и се прашуваме
кој сака да живее вечно?
Само будалите
и романтичарите
за да тагуваат во своите ќошиња.

Ах, јас, толку немирен сон имам
во него си ти
тоа требаше да се претпостави.
И кога, ќе се разбудиме
ништо од тоа нема да не’ задржи.

Не ми треба вечност со тебе
и малку минути прошетка
се доволни.
Да дознаам, каде легна
Бескрајноста.
Соблечена од мноштво погледи.

Слушаме Дорс
и се прашуваме
Дали сме јавачи на бурата?
Можеби да
без основната запрега.

Стопи го мигот
о, заборави го, веднаш потоа!
Не гледаме ли...
Секој збор, не’ одминува...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom