Ваша поезија!

Г

Господ

Гостин
The Black Swan

I see you walk down the street
your stance burdened,
your soul tarnished
cold and alone.

The warmness of your heart
now long gone
you stand besides me
but you're not there.

What caused you to fade?
What was it
that eroded your will
twist your mind and
distort your very foundation?

Was it a person?
Was it me?
A fiend?
Or was it time itself?
Or perhaps it was only you
all along?

We might never know
for we never dwelled.
Never wondered
never questioned
never cared.

Now your temple is burning
and all your fortresses are gone
all your defences perished
under your own sword.

I could have been your collumn.
Could've been your guide.
Road be slippery but
to save you I might have even died.

Now all that is left is but a shell of what could be
and never will.
 
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.569
Поени од реакции
610
It is dark, and you can't see
you wonder if you should be,
be a man or be a soul.

It is full of emptiness,
there is no more room.

Глупости, ме инспирира темава и ладново, и црнината надвор :)
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Too much tears this year



Се надевам
дека овде, вирее љубов.
На места каде што студот се свиткува на половина
како мачка.
И се грее од нашето постоење.
Се надевам дека
ме гледаш од небо
и го гушкаш Тео,
(никогаш нема да те заборавиме)
солзите, се за исплакнување.

Верувам, дека ќе сме подобри
меѓу патнички седишта
перони и изгубени љубови.
Нотите, од звучниците по станици
нека бидат патоказ
за пронајдените болови.

Се шетаме, другари
заљубени сосема, а ниту едниот
не е заљубен во другиот.
Поблиску не сме биле никогаш.
Те бодрам, и се гордеам.
А знам дека си осамен.

Солзите, оваа година
направија кањон, и си отидоа.
Празнината, може ли
Некој да ја замисли?
Не.
Зошто сите се плашиме.
Да цртаме мртви релјефи.




*Фала ти 2010, за секое разочарување и достигнување.
- на вујна ми, и сите што се живи, а во нив умрело нешто.
 
Член од
31 декември 2010
Мислења
22
Поени од реакции
2
Slide



You Send me to a place neverbeen
I'm still on to you...don't hold back
Sunflowers bow to the wind
and, I'm falling inside of you.

Slide it in...
Feel the rush
Coming Future
Let it gooooo...

Was so close...
I could touch you
I was dreaming of you
Let me sleep...

Slide in
Fell tomorrow...
Next is pleasure
Me and You.

Nothing makes me
Feel inside you
Show me real
Right now.
 
Член од
31 октомври 2010
Мислења
338
Поени од реакции
59
ОСТАВЕТЕ ГО ДИВИОТ ВЕТЕР


Оставете го дивиот ветер!
Тој е да ги разнесува косите,
Да ги кине листовите сраснати на гранки,
Да претура по утробата

Тој е да носи студ во душата,
Да превртува по огништата,
Да гасне и распламтува,
Да довлечка и одвлечка.

Не завидувајте му
И тој не знае зошто го прави тоа.
Таков е тој-
Див палавко, див и бесен плачко

Можете ли на дете да му замерите?
Треба само да го оставите
Да не го заприметувате.

Оставете го дивиот ветер да беснее
Да плаче и да се радува,
Да си игра и растура.
Ако не сакате штета затворете му ја вратата,
Зошто не ќе подума двапати.

Не мислете му лошо
И тој не сака така -
Тој само навикнал така да дивее’
Да корне, краде и беснее.

Ако не сакате не давајте му да ви наштети.
Но ако ви наштети не обвинувајте го-
Виновни сте
што му поверувавте,
Виновни затоа што сакавте.
Бидејки тој непоканет доаѓа,
Но непоканет не дивее..
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Иако не клепам стихови веќе една деценија, поради недостаток на порив и мошне веројатно, на талент, сепак се решив да постирам извесен број „песни“, кои ги имам пишувано од мојата 16 до 19 година, односно во периодот од 1995 до 1998.
Немам извршено врз нив никаква интервенција. Веројатно се доста наивни, и можеби глупи. Сепак, како што реков, се пресрамив. Доколку местото не им е на темава, се надевам дека модераторот ќе ги избрише :kesa: .

Атлас​
Жална е неговата судбина.
Кого се тој мора да трпи
на својот грб,
цело време да биде измачуван,
понижуван во неговиот живот грд?
Свесен е тој,
колку е бескорисен
човечкиот сој.
И понекогаш желба добива,
да се ослободи од товарот свој
И на целата вселена да и се подбива,
да и се потсмева,
да и плати,
за сите негови напрегања и маки.
Тој не е само вечен чувар на небесниот свод.
Тој е прататко на ловечкиот род,
кој со ужас мора да гледа
колкава е
човековата беда.
(1995)

Мракот​
Кога сонцето го напушта светот,
кога птицата уморена
го прекинува летот,
и силата и светлината ја губи зракот,
тогаш листовите ги собира цветот,
тогаш доаѓа мракот.
Во кочија црна
со четири ата,
опкружен со својата свита,
тој пирува,
победа над денот слави,
и сите денски створови,
тогаш со сведнати глави,
му се препуштаат на сонот,
на тоа ноќно дете,
верен придружник на мракот,
сенка на стварноста,
а на совеста татко.
Но, кога сонцето ќе почне
повторно да се раѓа,
и на ноќта да и се наѕира крајот,
на мракот стара клетва паѓа,
и тој исплашен од птицата
што за денот песна труби,
по којзнае кој пат
во вечноста се губи.
Мракот е време
на чудни суштества и сили,
езнајни и знајни,
на страшни сни,
на љубов и мисли сјајни.
Да, мракот е клуч
на сите наши тајни.
(1995)

Полиња на гневот​
Моите полиња на гневот
останаа неискосени.
Сонцето ја пее
Својата песна на радоста,
која се губи
во бескрајот
и станува безначајна.
И повторно темнина.
Само малку светлост,
за да ја наострам
својата коса.
(1996)

Детство​
Снежно утро.
Лик на заборавено другарче.
Насмевка на изгубена љубов.
(1996)


Породување​
Една искра запалува оган.
Инкубација.
Ерупција.
Нов живот.
Нова смрт.
(1997)

Сенки​
Тие секогаш ме следат
и ја кројат мојата судбина.
Секој мој чекор
е однапред предвиден
и смислен.
Секоја моја постапка,
отсонувана.
(1997)

Коњите на Хелиос​
Ноќ е. Спијат коњите на Хелиос.
Од далечините искрат
стрелите на Орион
рика Немејскиот лав,
се жолтее Златното руно,
и се така во круг се одредува
Судбината на човекот.
Ноќ е. Месецот возвишено
Гледа над земјата,
која се чини,
никогаш потиха не била.
Само јас го вознемирувам сонот,
само јас мислам на тебе.
Ноќ е. Мирно е. Сепак,
на небото хаос,
хаос на тишината,
кој е насекаде присутен,
во нас, во времето,
во љубовта.
Ноќ е. Јас мислам на тебе.
Го изговарам твоето име,
се борам
со тишината меѓу нас.
Зборувам, викам, молам.
Чекам одговор,
за кој знам,
дека ти не можеш
да го дадеш.
И на крајот тишина,
и по тишината крај.
Утро е. Се будат
коњите на Хелиос.
(1997)

Ѕвезди​
Искри од божјиот оган,
поголеми и помали
ангелски стражи.
За некои,
одбројувачи на животот,
и толкувачи на судбината,
за други.
(1997)

Молитва​
Се обидувам
да ги спојам
минатото и иднината,
кога ноќта и денот
се делат.
Во таа точка,
во тој миг,
вечно ќе живее
мојата сегашност.
(1997)

Патник​
Јас сум патник
во бесконечната ноќ
на иднината.
Изгубен, талкам
со мојата светилка
барајќи ја надежта.
Чукам на сите
врати временски,
чекајќи некој да ми отвори,
да ми осветли,
во бесконечната ноќ на иднината.
(1997)

Очај​
Умот го зароби
моето тело.
Мислите станаа ѕидови.
(1997)
Убиство
Го убиваа постепено.
Прво му го зедоа духот,
а потоа силата.
Но му ги оставија
достоинството
и фантазијата,
и свеста дека постои
само сенката
од она што
бил некогаш.
И токму така го убија.
(1997)

Јас​
Јас сум дел
од времето,
кое залутано во шумата
на очекувањата,
заборавило да дојде.
Јас сум дел
од сонцето
кое што уште
не изгреало,
дел од среќата
и тагата
кои што уште
не се појавиле.
Јас сум човек
што го чека
своето време,
време залутано
во шумата
на очекувањата,
време кое заборавило
да дојде.
(1997)

Неизвесност​
Пливам во реките
на мојата неизвесност.
Како крвта во вените,
како сомнежот во љубовта,
течам и јас во нив,
кон морето на иднината.
И еве, оддалеку се гледаат
брзаците на совеста.
Таму водата е матна,
таму сомнежот се претвора во страв,
а крвта се згрутчува.
(1997)


Откровение​
Јуда со бакнеж
го оскверна светот.
Љубовта замре,
а човекот клекна на колена.
И така се роди сомнежот
во новиот ден
и новото утро.
Смртта го обвитка срцето,
зло се зачна во матката
на земјата,
и стивна ветрот,
и водите престанаа да течат.
Се роди новиот човек,
и тој ќе стави крај
на сите сомнежи.
(1998)
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Кратка љубовна болест


Си забранивме дување нос
во тишина
зошто многу е неумесно
место љубов
настинката да зборува.
 

AnaMercury

Love is only a feeling...
Член од
30 декември 2007
Мислења
1.097
Поени од реакции
190
The Dream I see in your eyes

I see a dream in your eyes;
Deep, strong, promising;
Wandering like a ghost;
Lost, blind, mute;
Searching for directions;
And it does not know;
How to find it's way;
And it does not know;
How to see it;
And it does not know;
How to hear it;
And it does not know;
How to feel it;
Standing still;
Like a statue;
With no movement;
But hands full of hope.
 
А

Антоние

Гостин
Мојот блескав копнеж










За мене е божица

За сите други е обична

Никогаш нема да го прифатам ова...

Душите ни се замотани во времето на нашиот совршен валц

потоа хармонијата продолжува со своите движења,

и игра за нашите срца.

Нашите енергии танцуваат, и есенциите ни се комбинираат,

спорадични искри од нејзе како го наоѓа патот до мене.

Распламнувајќи го моето бескрајно битие,

та дури и во смртта таа навлегува во моите сетила.

Реинкарнирани заедно, ќе ја задржиме нашата привлечност.

Таа е Мојата Љубов и Моето Сонце,

Засекогаш, те молам остани моја.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Ќе те најдам

Ми велат, зошто си сама?
Јас им велам те чекам тебе.
Ме прашуваат, зар можеш да чекаш цела вечност?
Им одговорам, можам јас, можам и повеќе,
за него, ќе ја постелам цела своја душа,
за бакнежот негов, ќе чекам дури постои времето,
а потоа во вечноста ќе се свијам,
довикнувајќи го да ми се придружи.

Јас сум ти и ти си јас,
ти си моја светост и срж,
моја светлина во темни дни,
кога духот не крепи, ме крепиш ти,
кога надеж нема, ми вдахнуваш сила.

Ми велат, она што го бараш го нема,
јас велам, јас знам дека го има,
јас знам дека е таму, тој е таму.
Ме чека под крошната на дрвјата,
го чувствувам по ветерот,
лудост ли е или вистина,
јас можам допирот да му го почувствувам
и да го осетам чувството кога би бил крај мене.

Јас не гонам дух, не велете ништо,
ова е моја вечност, моја смртност, мој миг.
Мои се солзите и молитвите, криците на самотија,
збунетоста од патоказите, среќата што е таму.
Тој е мое се.
Не барам да разберете.
Ќе се втрчам еден ден по долината на светлоста,
и од тој миг, јас нема да трагам.
 

AnaMercury

Love is only a feeling...
Член од
30 декември 2007
Мислења
1.097
Поени од реакции
190
You are the stars

Oh, my dear morning star,
you came so unexpected;
Oh, my dear evening star,
you left me on this path misdirected;
Oh, my dear blazing star,
you filled my eyes with your lightness;
Oh, my dear falling star,
you disappeared with your brightness;
Oh, my dear guiding star,
you became my inspiration;
Oh, my dear polar star,
you still shine with your sensation.​
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Black as the sky
Black are your eyes
Black is your soul
Good riddance no more

Your god is dead
The demons are back
The want your heart
Dead and depart
 
А

Антоние

Гостин
Зошто?


Ми се допаѓа надолната спирала затоа што
никогаш не завршува.
Се врти и превртува во црна невиднина
ги носи заедно сите калеми од хеликсот
нови димензии на замрсеност
и геометрички хаос,
репетитивни.
устремени од силата на милиони милиони
инаку незначајни спирали
секоја од нив се превртува и те влече надоле
во невидливата бездна
на бескрајноста
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Така оди тоа

Легни до мене
не мора да заспијам
со носот, допирај ми го рамото
со раката,
одржи ми ја топлината
верувај во моите соништа.
Кога се држиме за раце
енергијата е пренослива.
Зготви ми појадок наутро
да се разбудам од мирис
на стопена ванила
оставена на прсти
лижната додека уште се расонувам.

Пред огледалото, да се љубиме.
И после тоа
нарачај Реалност.
Да се изгубиме.

Ти, немоќен да останеш.
Јас, пресилна да ме биде.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Стојам ладно како John во "Imagine"
не се обидувам да дискутирам
го гледам каминот осветлен од твојата аура
со желба да погледнеш луто назад
Го преполовувам твојот дух со мојот сензибилитет
Еден дел што не може да чека
И другиот кој бега од општествената Прокрустова постела
Знам дека можеш да чекаш и го користам тоа
Дрско како пијан тинејџер
И чекам на чудо кое нема да се случи
Да не ме погледнеш луто назад
 

Kajgana Shop

На врв Bottom