radica
never mind
- Член од
- 21 октомври 2007
- Мислења
- 599
- Поени од реакции
- 36
Не ме гледај!
Твоите очи знаат да ме прекорат,
да ме скршат без ниеден збор.
Таму низ сребрената светлина,
бескрајна на небото
се опивам до дно.
Ти не знаеш да ме сокриеш,
не знаеш да ме заробиш.
Сам во себе си говориш
се тешиш и одиш напред,
но каде сум јас,
наједноставната јас?
Се застанува пред тебе.
И мостови преминуваш,
и улици одминуваш,
но што си ти без светлината,
што си ти без судбината?
Немој да ми пишуваш!
Често знаеш од далеку
некој збор така лесно да напишеш.
Но знаеш ли колку се тешки твоите зборови?
Ни трага од бол тебе не те пресретнува.
Во нов живот и нова приказна.
Останаа нашите патишта
останав и само јас тука.
Раните се повторно со нас,
некогаш ќе заздрават,
и болот некогаш рана зацелува.
Немој да ме сонуваш!
Кафето ме чека на летната тераса.
Топли мајчински дланки ме будат.
Се прашувам кога ќе ме разбудат
од мирисот на топлината на телото.
Колку е само слатка таа топлина!
Зарем има нешто повредно од овие мигови на убост и сјај?
Не, не сум ништо јас без нив.
Ни ти не си ништо без твоите соништа.
Немој да ме очекуваш!
Нема да се вратам на патот,
на него ниту те освоив, ниту те засакав.
Ниту посакав да биде поинаку.
Едноставно, толку совршено.
Немој да доаѓаш!
Биди подалеку за да бидеш посигурен,
подалеку за да бидам посигурна.
Вредеше и нечиј труд,
научивме да живееме со далечината.
Твоите очи знаат да ме прекорат,
да ме скршат без ниеден збор.
Таму низ сребрената светлина,
бескрајна на небото
се опивам до дно.
Ти не знаеш да ме сокриеш,
не знаеш да ме заробиш.
Сам во себе си говориш
се тешиш и одиш напред,
но каде сум јас,
наједноставната јас?
Се застанува пред тебе.
И мостови преминуваш,
и улици одминуваш,
но што си ти без светлината,
што си ти без судбината?
Немој да ми пишуваш!
Често знаеш од далеку
некој збор така лесно да напишеш.
Но знаеш ли колку се тешки твоите зборови?
Ни трага од бол тебе не те пресретнува.
Во нов живот и нова приказна.
Останаа нашите патишта
останав и само јас тука.
Раните се повторно со нас,
некогаш ќе заздрават,
и болот некогаш рана зацелува.
Немој да ме сонуваш!
Кафето ме чека на летната тераса.
Топли мајчински дланки ме будат.
Се прашувам кога ќе ме разбудат
од мирисот на топлината на телото.
Колку е само слатка таа топлина!
Зарем има нешто повредно од овие мигови на убост и сјај?
Не, не сум ништо јас без нив.
Ни ти не си ништо без твоите соништа.
Немој да ме очекуваш!
Нема да се вратам на патот,
на него ниту те освоив, ниту те засакав.
Ниту посакав да биде поинаку.
Едноставно, толку совршено.
Немој да доаѓаш!
Биди подалеку за да бидеш посигурен,
подалеку за да бидам посигурна.
Вредеше и нечиј труд,
научивме да живееме со далечината.