Ваша поезија!

-----<-<@

loso kure
Член од
10 ноември 2008
Мислења
494
Поени од реакции
23
When love dies...



...i died tonight
i drowned in your love
i went away from it all
and the waves took me over...again.

They took me away from all my pain
and they gave me a strength
i would never be able to gain.

When it was all over
i saw no light
i was left in the middle of the darkness
to reflect on my life
i never got my kiss...
...just got stuck with your knife
felt no bliss...
...no touch.
...no caress.

The waves took me over, as i died tonight
i drowned...
...suicide?...are you there???
im sorry, i walked away...lost in the ocean.

Days go by...
and tomorrow they will find me
burried beneath the undertow
limp...
my pain was over, as i left your duing world
waves of society killed me...
i drowned in jelaousy, i choked and suffocated
until i couldnt breathe.

No one understood me(quite like you)
no one understood my pain
they couldnt feel it...

All i wandered, as i drowned tonight
is if anyone cared...
...so i was, fucked up...and hopeless
i wish someone could be there
before it was too late.

My blood burst, as i died tonight
i drowned...
...the sad thing is, that im not sorry
i just wanted someone...to be there, to have someone...beside me...

I DIED TONIGHT
I DROWNED
I DON'T WANNA LIVE AGAIN
TAKEN IN BY THE WAWES OF TONIGHT...I DIED TONIGHT...
...I DROWNED.




When love dies, where love goes...only heaven knows...
 

Paranoik

내 ♡, ∞.
Член од
10 август 2008
Мислења
1.873
Поени од реакции
451
Затишје

Тивко е вечерва,
Тивко е, додека надвор виреат
бури од гласови и смеа,
Тивко е, додека плачат и жалат
оние кои не треба,
Тивко е, додека се слушаат
татнежи на громови и капки од дожд,
Тивко е, додека темнината те покрива и милува...
Тивко е вечерва.
Тивко е, додека еден живот згаснува...
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
170
Поени од реакции
20
Тивок глас ме буди
покана за бесконечност
чудна е темнината
подавам рака кон вечноста.

Се будам од заспаниот сон
темни тунели поминувам
душата се разделува
не,јас несакам во вечноста.

ГЛАС НА ВЕЧНОСТА

Даница Петровска„08„
 

КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223
Качак

Качакот од пазува го извадив, на чибук го закачив.
Излегов
Очи да се одморат, плуќа да се истроват
Срцето да замрзнит, душата да излезит.

Чибукот во десница се тресеше, дури око не запече
Од сиви отрови, од бели спасенија.

Студој суви срце топлеа,
Распукано,
Ко земја кора исушена, на нива пуста, неорана.
Студој суви очи сушеа
Студој суви в плуќи болеа.

Ниту очи се одморија, ниту плуќи се истроваја
Срце не замрзна, душа не излезе.
В грло сви клопче земјено,
Ко од земја кора исушена, на нива пуста, неорана.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Мразам фенг шуи...





Ти си плачко,
замотана игра во хартија
а јас ножици на платно
веројатност да ти бидам погубна.
Ми мирисаш на вода и дрвја
елементи и баланс на живот

но јас мразам фенг шуи
и сум упатена несмасно и криво.
Ти си солзавец од кој бегам
предупредување за лесна мета
чекам и чекам да ме најдеш
а поминаа неколку лета.
Каде ми кидна, зошто те нема
вечни прашања на еден болскотлив дилетант
пробувам да бидам перфидна сила
но твојата мекост ме разоружува.
Сепак, ти си маж
клише на секоја моја нова песна и бламажа
остави ме или земи ме
немам намери за саботажа...
И ако те најдам, облечен како студент кој учи
со насмевка од милион долари
и слушалки на уши
ќе поминам до тебе, неосетно ќе те земам како пареа
да знам дека тоа што си ти
неповратно ми оди во спротивна насока.
Така сите вечно се губиме
меѓу две причини-да не љубат или да љубиме?
...
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Бегство



Си купив црвени чизми
и во нив ќе влезам
да го прошетам светот
да купам леблебија во првиот гранап
да ги наранам гугутките.
Со нив ми свети денот
и со нив се патува како војсководец
затоа сакав црвени
да има симболика и воинственост.
Море, ги купив од пуст мерак
не оти имам којзнае каква потреба од нив.
Ете и за нив излезе песна.
Да избегам од просторноста.


...
Туку, сакав да кажам
дека немам инспирација за да те повредам со песна...
Имам само пуслици над фрижидерот
и некоја торта лесна...
Сакаш?
Црвени чизми за да побегнам од овде.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Бумбарот и пеперутката влетаа во љубовна игра.
тој ја засака силно во пролетна мугра,
таа осети љубов, не е веќе чигра.

Од цвет на цвет низ шумскиот свет,
целата игра се растури, налет.

Бумбарот дебел потона в сон,
пеперутката мала се качи на трон.

Но сонот на бумбарот грозен се сништи,
пеперутката почна од тронот да пишти.

Мислеше сепак со светот е така,
велеше може се` ако сака.

Бумбарот тромав се помисли еднаш
но не може ете да одлучи веднаш.

Низ шумата безгрижно тој сега лета,
а таа едвај со крилјата прета.
Бумбарот и пеперутката... кој ли сега цвета?
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
Маж

Јас сум силен маж
Курот ми е со стаж

Јас сум сладок маж
Курот ми е ко лижавче

Јас сум нежен маж
Курот ми е ко памук

Јас сум горд маж
Курот ми е ко тропска банана

Јас сум (не)обичен маж
Курот ми е сечен

Јас сум сечен!!!

П.С. инспирација добив од Медеа и нејзината песничка Жена.
 

Paranoik

내 ♡, ∞.
Член од
10 август 2008
Мислења
1.873
Поени од реакции
451
VICTIM

Trapped inside your poor minds...
If only I could escape your boarders,
think I'd feel alive.
Dear grief...
Can't you feel the rain falling?
Ask the tempest...
-just my tears are strolling...
For the heart gash, there must be cure,
But you can't help it -
Your grimy souls can not be pured.
Whatever I do seems never enough.
I have never vilified you.
Are you satisfied?...Not...
My powers are shattered,
I can only keep quiet and hush...
But you are my executioner...
Could you for a moment change your mind?
Cause...
I'm not an exhibit standing here blind...
 
С

Сатори

Гостин
Одведи ме

Ја чекам инспирацијата да дојде додека се мачам со синилото,
вртам страници досада,
ги бојам буквите со моќта на црнилото,
те молам,
најди музика и одведи ме.
 

NafuraN

Infinity is my Limit!!!
Член од
5 јануари 2008
Мислења
286
Поени од реакции
24
склучување на брак

Нежен конфликт со боговите
Внатре јас и таа што ме љуби
Ја принесувам својата жртва
и чекам да се вети овде
во тајноста на храмот
Телото свое да ми го принесе.

Еве се ветувам јас сум твојот плен
и твојот глас и твојот склад

А како ќе ме следиш мене
и мојот демон дали ќе го делиш
мојот пехар со прејако вино?
Што посилно ќе љубиш
од моите раце и моето тело?

Постои ли целта а каде е патот
од лудиот камен до моето дело?
 
Член од
27 април 2007
Мислења
26
Поени од реакции
4
А сакав да излезе песна


Ги собирам зборовите како џамлии
истркалани на правлив сокак.

Мртво летно попладне.
Врели камчиња под боси нозе.
Провинциска летаргија со звуци
На неуморен скреж.
Дебели сенки и ладна лубеница.
Тивок, мрзелив муабет за време на
Општонародната сиеста.

Опипливо, материјализирано чекање
Да падне ноќ.


Ги собирам зборовите како мониста
Истркалани на шарен ќилим.

Прамени сништа отсонувани
Со отворени очи.
Под августовското небо
Опашести ѕвезди.
Пеење на штурец во монотон ритам
На вековен спокој.
Отворени прозорци без провев.
Мирис на свежо пробудена трева.
Љубовни довикувања на два ќука.

Опипливо, материјализирано чекање
Да пукне утро.


Ги собирам зборовите како зрна калинки
Истркалани на бел чаршав.

Капки морска свежина
Во јужниот ветар.
Излудувачка немоќ пред мигот
Кога ноќта невидено се измолкнува.
Светот без светло ни сенки
румори будејќи се.
Врел бурек на хауба пред изгрејсонце.

Далечен писок на воз.
Уште еднаш заминува без мене.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
?

Causality of
deliverance and salvation,
perserverance and eternity too.


Haiku
 
Член од
3 декември 2008
Мислења
816
Поени од реакции
22
НЕ СМЕ САМО НИЕ

Погледни ме во очи,
И подај ми рака,
Не зборувај повеќе,молчи,
Јас ти се враќам.

Ние сме само прав,
И ништо не е важно,
Немај повеќе страв,
Без љубов, се` е лажно!

Не сме само ние,
Вљубени еден во друг,
Додека цел свет спие,
Се вртиме во круг.

Години во себе,
Ќе те чувам јас,
И кога дува север,
Во тебе ке најдам спас.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Пикадо маж





Ајде да не биде дека пишувам
за твоите појави на ѕидот.
Те гаѓам како пикадо
и ми е гајле
ти го искривив носот.
Немаш око
ниту уста.
Само твојата фенси светкава кошула
не ја допирам.
Не за друго, скапа ти била,
така ми рече кога јадевме во ресторанот
а јас посакав да те жигосам
со еден бакнеж на ракавот.
Крајно...
Мајка ти уште ти го мести креветот
имаш паста стисната на средина
не знаеш да си свариш ни макарони
а камоли да ме задоволиш.
Затоа гаѓам
гаѓам
и паѓам.
Инспирационо поле не си.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom