Варумин

Член од
26 декември 2008
Мислења
608
Поени од реакции
234
Интервју: м-р Иван Ѓорѓиев
Човекот е дел од природата и се што му треба за здрав и долг живот, црпи од неа. Токму во природата м-р Иван Ѓорѓиев ја пронајде совршената формула со која се победува најопасната и најраширената болест на денешницата, ракот. Можеби оваа приказна ќе ви личи на бајка, но сведоштвата на излечените покажуваат дека е реалност. По неколку децении истражувања и усовршување, лекот варумин на м-р Ѓорѓиев е патентиран и добива сертификат од Светската здравствена организација.


http://www.bezpardon.mk/makedonetsot-shto-go-izlechi-kastro-od-rak/
 

Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
987
Поени од реакции
1.672
Не верувам, затоа што ова е веќе 58584888487878 вест по ред дека е откриен лек против ракот.
Зошто да не веруваш.. имаше и предтоа дека во Куба е пронајден лек и дека веќе е испробан на многу луѓе и дека може да се порачува... сеа можда ја сум била јалнаш... али мислам дека нема дилема околу тоа дека е веќе пронајден лек за таа болест.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
11.640
Поени од реакции
17.280
Не верувам, затоа што ова е веќе 58584888487878 вест по ред дека е откриен лек против ракот.
Сигурно си свесен на колку фармацевтски фирми им е од корист да мислиме дека лек не е пронајден ;)
 
Член од
4 јули 2009
Мислења
4.794
Поени од реакции
3.492
Луѓето во болниците умираат од сепса,во државна во Скопје има повеќе лебарки отколку пациенти,а ние треба да веруваме дека само во Македонија успешно се лекува РАК ?!Трагикомични се.
 
Член од
14 април 2007
Мислења
1.812
Поени од реакции
1.046
Јас сум од Ново Село, и го познавам човекот. Има помогнато на многу луѓе. Moже што сакаат да зборуваат за човекот лошо, но тоа е само пропаганда. Има многу јаки услови за производство, по светски стандарди, дури и некој инспектори што вршеле проверка биле изненадени во какви услови се работи.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Јас сум од Ново Село, и го познавам човекот. Има помогнато на многу луѓе. Moже што сакаат да зборуваат за човекот лошо, но тоа е само пропаганда. Има многу јаки услови за производство, по светски стандарди, дури и некој инспектори што вршеле проверка биле изненадени во какви услови се работи.
Тоа сакав да слушнам, сега верувам. :)
 
G

galaxy

Гостин
Има стотици видови на карциноми и секој од нив има своја патогенеза. Така да секој кој кажува дека измислил лек за секој рак лаже. И ако се измисли лек тоа нема да биде растителен.
Ако лекот беше нешто што го зголемува имунитетот ќе беше лесно.
 

ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.104
Поени од реакции
693
Интересно е како секад е лек за рак, како да е некое магично one size fits all решение.
Како да нема 100 различни видови на рак.

Да не спомнувам дека за да некој може да се фали со ваква изјава треба да има направено студија и да е објавена во релевантен медицински журнал, магазин. И за да се признае, мора под исти услови секогаш да дава исти резултати.

Од вакви травари да ти се стужи во државава. И интервјуто му е како да продава приказни, не медицински факти, или на кој принцип работи. На една википедија има подетално опишано како Аспирин работи.
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
9.238
Поени од реакции
4.907
Лекот против рак е одамна измислен али не може да се најдат состојките :
1. од патар - пот
2. oд поп - солза
3. од тапан - прашина ..:D
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: 606

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.003

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
14.196
Поени од реакции
22.294
хмм на гугл има резултати за ова уште од 2006 :O
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.000
Поени од реакции
2.371
Ако нашол лек за рак на бели дробови(кој е најраспростанет и најсмртоносен) ондак веќе имаме светска вест!
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.804
Мене ми е страв само да не го снема преку ноќ човекот....бидејќи ако има толку позитивен ефект овој негов производ....тогаш илјадниците фармацевтски говна кој се продаваат за да се прават милијарди,ќе треба да им пропаднат во вода.


Господ нека го чува човеков,и се надевам дека светот ќе му биде благодарен на овој човек,а и на Македонија.
 
На врв Bottom